ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Носи и Стен саат на рака за други не ми текнува.

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
 
Надал е изгледа пионир во носењето саат на рака за време на меч. Барем јас до сега немам видено некој друг.
И Робредо носи. Башка Рафа доста време го носи саатов, мора бидејќи таков договор потпишал со спонзорот. Мислам дека саатот му вреди 500 000 долари ама не ме фаќај за збор. :D
 
Имаше на твитер пред некој месец дека сатот вредел околу 430 000 долари, не е лошо. :D

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
 
И Нишикори носи ист саат.Барем така мислам.Ама носи саат подолго време,тоа е сигурно.
 
Сите зборувате каков саат носел Надал, дали е тоа толку битно? :D Денес победи 6-4 7-6 против Весели, а неколку поени даваа надеж дека ќе го гледаме повторно стариот Рафа. На моменти нестабилен, сепак доволно добар да победи денес. :)

Еве го најдобриот поен :

 
Лесни 2-0 за Рафа против Сепи. 6-1 6-2.
Задоволен сум од неговата игра, 21 винер, само 7 неизнудени грешки во цел меч. Утре против Фоњини, ја бара третата среќа против него годинава, првите 2 пати изгуби.
 
Врвна игра на Рафа денес, форхендот конечно, после долго време, функционираше како што треба. Ако игра вака и утре нема дилеми дека ќе ја освои титулата.
 
Доминик Тием игра второ по ред финале на АТП турнир, трето годинава, а со тоа и трето во неговата кариера. Има скор 2/2 победи во финалиња т.е. титули, и двете на АТП 250 турнир на земја. Првиот во Ница, вториот во Умаг (минатата недела). Сега има шанса да слави трета титула против Гофан, сепак мислам дека Белгиецот е благ фаворит утре во тој меч.

Титула од Рафа очекувам 95%, најверојатно во 2 сета, ако ја повтори играта од денес, дефинитивно во 2 сета ќе го смачка и Фоњини. Нека ова биде само увертира за она што следи, мастерсите од US Open Series и секако US Open грен слемот. Доколку Рафа го освои US Open, ќе ја продолжи серијата на освојување барем еден грен слем во годината. Тоа го сторил од 2005та до 2014та, оваа година нема се уште грен слем, дали ќе ја искорсити последната шанса... иако многу малку веруваат во тоа. :)
 
Уште поинтересен е фактот што Доминик Тим и Давид Гофан играат повторно во финале на турнир од 250 серијата односно на 02.08.2014 играа во финалето на Кицбил победи Гофан сега Кицбил е поместен за една недела, ќе се игра наредната но на истиов датум како и лани ке играат финале овај пат во Г'штад
 
Уште поинтересен е фактот што Доминик Тим и Давид Гофан играат повторно во финале на турнир од 250 серијата односно на 02.08.2014 играа во финалето на Кицбил победи Гофан сега Кицбил е поместен за една недела, ќе се игра наредната но на истиов датум како и лани ке играат финале овај пат во Г'штад
Добар е за клецање Тием, нели? :icon_lol:
 
Ако Рафа денес победи, ќе се искачи на 9та позиција. Во спротивно ќе остане каде што е.
 
Да не се измори само од толку качување. :icon_mrgr:
 
Добар е за клецање Тием, нели? :icon_lol:

добар, лош битно си лапна трета титула годинава ама се ми се чини дека нема простор за некој голем напредок кај него просек играч можда ке се одржува во топ 20 ама за топ10 тешко за титули најчесто од 250 серија и евентуално по некоја 500ка то е мое мислење...

бтв хетеро сум ама ко куртон е во глана ко шо е шатиран...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom