ATP тенис - општа дискусија

Тишка

Кротитељ
Член од
1 јуни 2011
Мислења
6.916
Поени од реакции
9.521
Не сум некој шо детално прати тенис онака чисто рекреативно од секогаш сум сакал да гледам врвен спорт па затоа сум гледал и тенис. секоја чест за Надал иако никогаш не сум бил некој негов фан поќе ме иритирал искрено ова денес шо го направи е за секое поздравување имаме среќа да живееме во една ера кај шо 3ца тенисери буквално доминираа со овој спорт ок Британциве пробаа да го увалат Мареј ама ни блиску. Некој од овие сеа да се на помлади години има да метат нивна несреќа беше шо ден погодија во ист период ама па и постанат легенди на овој спорт буквално. Би рекол дека сум фан на Џоковиќ најмногу ама ова со АО му беше многу голема грешка кога веќе знаеше какви правила владеат во таа земја каде се залета незнам. Се надевам на крај ќе освојт и 25 ГС и ќе е недопирлив. Сепак Рафа капа доле уште еднаш покажа зошто е шампион.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.163
Поени од реакции
107.617
Ај малце околу мечот... Да бидам искрен стварно бев оптимист пред мечот, може да потврдат пар дечки што комуницираме на фб, а постовите за честито титула на Медо се знае зошто беа, теравме ѓаволи со нив. :D Без оглед на се длабоко во себе знам дека Надал е далеку подобар играч од Медведев во сите аспекти на тениската игра освен во сервисот, мада и тука има простор да се праи муабет (за вториот сервис мислам секако). Ок, околностите беа такви да Рафа доаѓа после операција и 6 месеци пауза, има 35 и пол години, Медо е во налет со освоен УСО против Новак, ама пак бе знам дека едноставно Рафа е подобар играч. Медо за мене лично има преодвратна техника и стил на игра, искрено се чудам како не му летаат у трибина зглобовите и лактите на рацете кога удира топче, особено форхенд... Али па од друга страна ми е многу кул лик, секогаш ги респектира противниците и знае кои му се мааните, а кои предностите и максимално го користи тоа. Знае дека технички не може да се носи со појаките ако игра цело време од основна или ако влага у терен па затоа се повлекува 5 метри позади и си купува време за да го удира топчето и да ги мачи противниците.

Рафа влезе резервирано во мечот, одеше на тактика со помеки топки да проба да го натера Медо да напаѓа и повеќе да греши. Премногу ја утна работата тука што резултираше со негов двоцифрен број неизнудени во првиот сет за само 8 гема, торпедирање и експресни 6-2 за Медо. Исто сервисот катастрофа, пред се на процентот на уфрлен прв сервис мислам. Во вториот сет почна малце поофанзивно али сервисот и понатаму штекаше, но сепак дочека еден послаб сервис гем на Медо, еден епски поен на 15-30 од преку 30 размени каде Рафа финишираше со еден чуден дроп винер од дефанзива и ги заработи првите брејк шанси. Втората ја искористи и почна на еден начин пресвртот, односно почна Рафа да го осеќа балансот во поените, почна да микса плитки слајсови на форхенд на Медо и некако се смени текот на мечот. На 4-2 експресен рибрејк на Медо, а на 4-3 експресен рибрејк на Рафа и сервис за сет. Прв поен чист смеч во мрежа. :facepalm: Тука можев да се кладам дека ќе изеде брејк иако подоцна имаше сет топка која не ја искористи и така Медо повторно се врати во сетот. Тај брејкот прича за себе, два пати мини брејк предност, 5-3 до 5-7 и веќе делуваше како да е готов мечот. Ама пак некако осеќав дека може да ја сврти, имаше некако позитивен говор на телото Рафа, обично кога тоа е тоа (хинт: РГ лани четвртиот сет каде беше откажан и не трчаше по секое топче) се гледа од авион дека не може веќе играчот, не трча по секое топче, значи уништен е и поразен. Рафа не делуваше на таков, напротив излезе и во првиот сервис гем на Медо заработи брејк топка, почна да удира форхенд појако, едноставно беше решен да проба на се или ништо. Следи оној епски гем на 3-2 и 0-40 за Медо каде ако не се лажам Медо изгуби 3 размени, а реално тој гем беше одлучувачки, паднеше ли брејк тука тоа беше тоа, чисти 3-0 за Медо. Али Рафа не би бил Рафа кога би се откажал, нели? Веќе четвртиот сет почна да се осеќа играчка надмоќ од страна на Рафа, а и Медо падна физички. Искрен да бидам не очекував физички да доминира Рафа ама гадно се излажав. Петтиот сет све ок до моментот 30-0 на 5-4, грешка од форхенд, дупла, гоат поен на Медо и грешка на Рафа за 5-5. Тука излив доживеав, ќе искршев се околу мене и даљинска и телевизор и лаптоп и жардињера и масичка, буквално се. Викам па добро бе бива ли и трет пат да му клизне од раце слемов, има ли Господ и за него понекад? Али срцето шампионско не откажа кај Рафа, веднаш направи брејк и после одсервира на 0 за 21 ГС титула. Еј, ДВАЕСЕТ И ПРВА! Кој би рекол дека после 6 месеци пауза и операција ќе добие 5 часовно финале во скоро 36тата година од животот? Ја заслужи дефинитивно оваа 2ра титула на АО, 2012 за малце му избега иако водеше 4-2 и 30-15 во петтиот сет против Новак и имаше зицер за 40-15, 2014 се повреди против Стан, 2017 пак брејк предност во петтиот сет против Федерер... Едноставно заслужи!.

Можеме да збориме и дебатираме до утре за ГОАТИ, прчови и слично, ама мораме сите да се сложиме дека Надал е најголемиот шампион во историјата на овој спорт, 21 титула од 29 финалиња, подобар доказ за ова здравје. Ментална грамада, грамада како Монт Еверест.

Спортски поздрав до сите што честитаа и се гледаме на РГ.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.819
Поени од реакции
10.966
pa ako citash,cestitav ,a inaku,da,ovoj AO e crna damka,presedan,sram za sportot,skandal,za da si opravdat ludi glupi merki vrz nivniot narod,se izivuvaa vrz najdobriot sportist na svetot,go tretiaa kako azilant i terorist.
Ako sluckata so Djovak barem eden posto imala vlijanie da gi ohrabri shoferite i narodot vo Kanada,togash mi e drago shto ne e djabe toj skandal,i da pomogne da zavrshi ludiloto
Јас го поддржував Џокович од тој аспект, и сеуште го поддржувам, и самиот не сум вакциниран, не дека нешто се фалам или мислам дека сум некој натчовек, али си имам свои причини зошто не се вакцинирам (не сум антиваксер). Поддршката ми е од аспект дека мерките се срање, немаат некој плод и најчесто се пичкин дим, т.е. ни се спроведени како што треба ни потребни. Се обиде, не успеа, судиската е последна, колку и да нејќеме така да е.
Во поглед на муабетот погоре јас не верувам а веројатно ни Стеф дека стварно шетал позитивен меѓу луѓе, него едноставно лажираше дека уопште бил позитивен, тоа вајда ви е јасно на сите, а неговиот тим на брзање и аматерски ги изведе овие работи и не обрнаа внимание на сите работи. Јебига 5 лажни сертификати имам и јас, повторно, не е за фалење али секој со своите причини и одлуки.

Fun fact иначе, пред 20 и некоја година и еден друг Медведев изгуби финале при водство од 2-0 во сетови, али на РГ. Тогаш Агаси беше добитен, копиљ бев али го памтам мечот ко вчера да беше.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.163
Поени од реакции
107.617
Во поглед на муабетот погоре јас не верувам а веројатно ни Стеф дека стварно шетал позитивен меѓу луѓе, него едноставно лажираше дека уопште бил позитивен, тоа вајда ви е јасно на сите, а неговиот тим на брзање и аматерски ги изведе овие работи и не обрнаа внимание на сите работи.
Нормално, Новак не е глупав за да го направи тоа. Само не сфаќам како успеа и покрај тој ваљда лажен тест он да шета меѓу народ... Па остани дома бе смотан, седи 10 дена или колку и да треба и терај магарето после у Австралија. Не контам како може ваков пропуст да направи атлета од таков тип, јавна личност со катаљон ПР агенции позади него...

А и општо не го разбирам што сака да постигне со невакцинирањето, против кого води војна? Мисли дека ќе постигне нешто? Па не сфаќам зашо ако толку не сака да се вакцинира не извади лажен сертификат дека е вакциниран и чао пријатно, барем во држава како што е Србија тоа може да се среди без никаков проблем. Стварно не ми е јасен ликот жими се, ризикува да си ја упропасти кариерата за некои негови каприци и суети, ко мало дете да е.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.819
Поени од реакции
10.966
Нормално, Новак не е глупав за да го направи тоа. Само не сфаќам како успеа и покрај тој ваљда лажен тест он да шета меѓу народ... Па остани дома бе смотан, седи 10 дена или колку и да треба и терај магарето после у Австралија. Не контам како може ваков пропуст да направи атлета од таков тип, јавна личност со катаљон ПР агенции позади него...
Па за ова зборам, веројатно при крај и на брзина решија да идат со таа варијанта дека бил заболен, да беше од порано осмислено немаше така да киксира. Поточно, банот од кога го доби се решија на таа карта да играат. Претходно очигледно му било кажано дека ќе може да настапува, али требаше сите работи да ги земат во предвид и да бидат покриени сите аспекти, сами ја утнаа.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.543
Поени од реакции
62.441
А и општо не го разбирам што сака да постигне со невакцинирањето, против кого води војна? Мисли дека ќе постигне нешто? Па не сфаќам зашо ако толку не сака да се вакцинира не извади лажен сертификат дека е вакциниран и чао пријатно, барем во држава како што е Србија тоа може да се среди без никаков проблем. Стварно не ми е јасен ликот жими се, ризикува да си ја упропасти кариерата за некои негови каприци и суети, ко мало дете да е.
Не се работи за каприци и суети, се работи за принцип. И за овој потег го почитувам. Нешто што ретко кој денес го има, и си се држи до истото, без оглед на казната. За некого е глупост, за некого привилегија. Кажа дека нема да се вакцинира, и си остана на кажаното. Многумина ке свиткаа кичма.
 
Член од
6 март 2019
Мислења
390
Поени од реакции
590
Абе он може да извади лажен сертификат у Србија ама знаете колку ќе вреди таа информација/доказ дека спортист од негов калибар фејкнал сертификат и загрозил животи на соиграчи и фанови појавувајки се на турнири?

Мноогу поголем проблем од фејк позитивен тест и прележана корона...
 
Член од
6 март 2019
Мислења
390
Поени од реакции
590
Lesno e koga go nema Novak. :smirce: Čestito 21!
Лесно е и кога го има Новак. Од овие 21, Новак има у најмала рака на 17-18 играно. На бааги од нив и прв му има честитано, преку мрежа :icon_mrgr:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.163
Поени од реакции
107.617
Не се работи за каприци и суети, се работи за принцип. И за овој потег го почитувам. Нешто што ретко кој денес го има, и си се држи до истото, без оглед на казната. За некого е глупост, за некого привилегија. Кажа дека нема да се вакцинира, и си остана на кажаното. Многумина ке свиткаа кичма.
Па невакциниран ќе биде де, само лажен сертификат. Јакиот принцип брат, он и Кајри Ирвинг се што не се вакцинираат, секоја чест во какво друштво е, со рамноземјаш... Не разбирам што ќе постигне со ова, цел свет се стреми кон масовна вакцинација и нигде нема да пуштаат без минимум две дози. Изгледа планира да заврши кариера пред време само ради инает, не знам што друго да кажам.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.902
Поени од реакции
7.570
Досадно му е на Медведев да ја слуша завршнава церемонија.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
Според Нолевциве не требало ни да се одржи турнирот бидејќи Џоковиќ не играл.
Ниеден играч па ни Џоковиќ не е поголем од АО па ни од самиот тенис. турнирот си беше солиден и финалето си беше епско. Надал си освои заслужено. Глупости од типот мораш да го победиш на турнирот бла бла не постојат во тенис бидејќи си е нокаут фаза.
Смалете доживљај малку. Џоковиќ за 5 години ќе се пензионира, Надал и Федерер за многу порано. Спортот ќе остани
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.645
Поени од реакции
2.614
Јас едвај дури денес дојдов при себе, па можам да напишам некој пост.
НАЈДОБАР НА СИТЕ ВРЕМИЊА !
КАКОВ МЕЧ ! КАКОВ ПРЕСВРТ ! ЕЖЕЊЕ ДО МАКСИМУМ, НЕ СЕ ОТКАЖА НИ НА 0-2 И БРЕЈК ШАНСИТЕ НА МЕДО .. БУКВАЛНО ГО ГЛЕДАВ МЕЧОТ СО ГЛАВОБОЛКИ ( ФАЛА НА КОЊАКОТ И ПИВОТО ВЧЕРА), ПИЕВ И АСПИРИН И СВЕ ЗА ДА ДОДРЖАМ ЦЕЛ МЕЧ.
Според мене за поразот крив си е сам Медведев, апсолутно погрешна тактика цел меч, играше како Новак ама не е Новак. Без микс во играта, само бехенд и трчај враќај го топчето цел меч.. и на крај на сервис вади се последен сет кога не можеше да оди.. требаше да го нападне Рафа, многу многу повеќе.. Рафа апсолутно ја играше својата игра и тоа го победи без добар ПРВ СЕРВИС. ДУРИ НА КРАЈ ВО ПЕТТИ СЕТ ИМАШЕ НАД 60% ОД ПРВ СЕРВИС ШТО МНОГУ КАЖУВА ЗА НЕГОВАТА ФИЗИЧКА И МЕНТАЛНА СПОСОБНОСТ ДУРИ И НА 35 ГОДИНИ.
Медо на крај ме изнасмеа, вика го прашав Рафа " Are you tired? " .
Епски меч, еден од најдобрите што сум ги гледал , ќе скршев нешто ако изгубеше на 5-4 30-0 тоа го прокоцка ама некако сконцентриран остана до крај.. не знам кој догледа ама кај Мац Виландер кога беше Рафа дури фак кажа, што никогаш не му се десило да опцуе. Се гледаме на РГ и на 22ка хехехехе, среќа не гледав на српски коментатор зашто на Дамир СЕРОЊА се ќе му пцуев.
 

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.607
@undercover 2016-та Рафа предаде меч на РГ без да излезе на терен во трето коло. Паднал ден два претходно берејќи јаболка, погоди кој тенисер на истиот турнир испиша историја. Мене ако ме прашаш, валидноста на турнирот е дискутабилна. :ROFLMAO:
 
Член од
6 март 2019
Мислења
390
Поени од реакции
590
У овие моменти на мечов имав пишано дека Надал ќе плаче кога ќе го гледа мечов ради шансава што ја има пропуштено.

Никад у живот не сум бил волку у грешка :lolzz:

PSX_20220131_130736.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom