До сега, значи веќе цели 17 години, Надал беше најдобриот млад играч кој бил забележан со болдирани букви во светот на тенисот, али после толку години изгледа имаме некој на негово ниво на тие години, или можда и подобар, во зависност од резултатите понатака.
Гледам низ нетов се дебатира нов Надал, нов Новак, дрн дрн јариња, а мене ликов ми е апсолутно уникатен и приказна за себе. Форхенд, бекенд, дроп шот, ментална снага, буквално све има и во ниту еден сегмент не заостанува. Пример Рафа на негови години кога се појави доминираше со форхенд и многу трчање, овој погледнете што прави, од двете крила решета како да нема утре. Брејк топка за противникот а Алкараз спушта дроп шот винер како да е прв поен во мечот, скроз лабаво и самоуверено. Не знам, точно е дека не се Рафа и Ноле се уште на 100% ама да ги победиш во 24 часа двајцата не е мала работа, и тоа еден по друг.
Околу вчерашниот меч, за мене најдобар меч годинава без конкуренција, да, и финалето во Мелбурн беше епско али квалитативно далеку од ова вчера. Или ајде ако може да се каже најдобар меч годинава во два добиени сета. Како што напишав во темата Кладилница овие услови му одговараат малце повеќе на Новак ради брзината и надморската височина, аналогно на тоа и сервисот му е повеќе влијателен и добива повеќе евтини поени. Така и беше први два сета, Алкараз едно време имаше земено 2 од 24 поени на сервис на Ноле али малиот не дозволи да биде скршен, дочека послаб сервис гем на Новак и успеа да го земе вториот сет и да се врати во мечот. Мислам дека на 5-5 у втор сет и брејк шанса за Новак овој ладно му спушти дроп шот винер од основна, мислам која муда треба да ја имаш за тоа да го правиш...
Во третиот сет подруга беше приказната, Алкараз почна се повеќе и повеќе ритерни да убацува у терен и да го тера Новак на удар повеќе што на крајот резултираше и со победа. Имаше среќа на 4-4 и 0-30 на негов сервис што утна Ноле зицер за 0-40, ама па и Ноле имаше среќа на 4-3 и 0-30 кога судијата не му дозволи челенџ на Алкараз а сервисот на Ноле беше во аут. Прв пат да го видам Новак да нема одговор на нечиј сервис, тука пред се мислам на кик сервисот на Алкараз кога сервираше на предност страната, еден милион сервис винери му направи на тој начин и милион пати се извади во клучни моменти. Да му здрвиш 51 винер на Новак во 3 сета не е баш мала работа, едноставно брутална партија на Алкараз против светскиот број 1. Едно време во втор сет беше 20-2 во форхенд винери, мислам дека Новак во животот не доживеал таква доминација од друг тенисер. Мислам дека и самиот Ноле сфати дека во размените повеќе зависи од Алкараз него од самиот себе па затоа одеше на длабочина на ударите, зашо ако влезеше во клинч со Алкараз добиваше по муцки. Исто Новак ја загуби и дроп шот битката, и тоа дебело, а тоа е многу редок случај со оглед на тоа колку добар дроп и осет има Новак.
Ќе повторам, убедливо најдобар меч сезонава според мене, БРУТАЛА!