ATP тенис - општа дискусија

Член од
14 март 2010
Мислења
16.958
Поени од реакции
16.314
Другото теле е на терен моментално (читај Ѓокович:))

Иначе Мареј сам себе го убијал, тука нема дилеми, битното е дека изгледавме одличен тенис, со долги и интересни поени, Мареј се вадеше на тие поени, ама на мизерен начин ги губеше тие „лесни“ поени ...за тоа е и поразен.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Чим сум смешен, не ме цитирај лесно е. Дали јас имам врска од тенис или не е релативно ти неможеш да дојдеш до таков заклучок затоа што исто како мене си само обичен гледач не аналитичар или спортски уредник. Најдобрите играчи се гледаат по тоа што не грешат или поточно ретко грешат кога најмногу треба, ова е барем лесно да се свати без да си професионалец на ова поле. Мареј? направи 100 неизнудени во таквите моменти и уште 100 шанси за брејк прокоцка (најмалце 4 пати имаше резултат од 30-0 на сервис на Надал) но ги заврши тие гемови со губење на следните 4 поени ( во серија) ОД НЕИЗНУДЕНИ грешки. После ова ти доаѓаш и викаш дена Мареј изиграл перефектно? изигра во одредени гемови, тука нема муабет ама направи премногу грешки, во клучните моменти за разлика од Надал кој грешеше но скоро сите важни поени ги изгира максимално. После овој податок (факт) ти викаш дека изиграл перфектно и истакнуваш дека сум смешен? :pos:



И да само Надал и Федерер се асални тенисери, кои се најчесто стабилни во секој сегемент од тенисот. За ралзика од другите, еднаш искачаат во прво коло а после стигаат до финале? место за неконстанти тенисери во мојата перцепција за квалитетен играч нема, и нема да има. А ти и понатаму мисли си дека перфектен тенисер е оној кој прави милион неизнудени грешки во клучни поени и губи на тај бреј при водство од 2 мини брејка. Толку.

Најдов јас со шизик како тебе да дебатирам :)
Psyside треба да разбереш дека Надал е таков тенисер што ги изнудува противниците најчесто на неизнудени грешки, таков му е стилот он е дефанзивец, али секако знае и во офанзива да отиде. Е сеа Мареј што изгуби е баш поради ова, што све не успеа да врати со Бекендот кој му го форисраше Мареј цело време, очекуваше да греши Надал со Бекендот, али погрешно мислел...
Еве го гледам сеа Федерер игра страшно, али сепак Ноле не е нешто посебно во однос на Надал, кој игра доста добро, сепак не одлично како што го покажа тоа на УСОпен...
 
С

сашенко

Гостин
И дефинитивно ке гледаме Надал-Федерер финале.Ретко кој очекуваше иако сите се надевавме дека ке се случи овој дуел.Според многу луѓе ова е најголемото ривалство во светот на тенисот на сите времиња, гарант ке биде интересен дуел и ке има квалитетен тенис каков што само рафа и роџер можат да прикажат.Мислам дека неможеше сезоната да се заврши на подобар начин од овој.Најдобрите двајца тенисери во светот со меѓусебен дуел да ја затворат сезоната се надевам на спектакуларен начин како што играа до сега на турнирот.Утре нема да има штедење на енергија зашто следниот меч е далеку, сите карти ке бидат отворени и подобриот нека победи.Со среќа и на двајцата
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
@ Vamos Real, Нормално, тоа го знам многу добро ама во овој натпревар не беше тоа, ок можеби во некои поени но во текот на целиот наптпревар имаше класични неизнудени грешки од Мареј на чисти позиции за винер топки, значи многу добро знам дека Надал е најдобриот тенисер од поглед на дефанзива и го потврдувам тоа што го викаш. Сепак во мечот вс Мареј имаше ситуации каде што чисти винери од страна на Мареј беа промашувани, тоа не е заради Надал туку класична деконцентрација и некостантност во играта на Мареј како и многу други поени во кои наместо да нападне во клучниот момент само враќаше и после само неколку секунди напаѓаше на топки што едвај се враќаат!? :pos:

П.С. Истото можам да го кажам за 1 сет на Ноле вс Федерер, во кој иако Федерер беше добар (играше агресивно и напаѓаше) сепак клучот за изгубениот сет лежеше во Ноле а не Федерер, мислам да бидеме реални. Е сега во вториот сет...Федерер беше импресивен и иако Ноле ја дигна играта сепак неможеше ништо повеќе да стори, главен показател за тоа беше фактот што Ноле успеваше да издржи и одлично да се надигрува со Федерер во долгите поени, ситуации во кои се приемтуваше дека Ноле стварно играше доста подобар тенис од од првиот сет и успеа да ги изигра максимално скоро сите тешки и долги/исцрпувачки поени. На крајот страшните форхенди/винери на Федерер и одличната игра во одбрана, враќањето на сервисите на Ноле и големата прецизност во безизлезните ситуации му овозможија на Федерер на одличен начин да го заврши мечот и да ни приреди можност за гледање на невиден спектакл утре! :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Охохохо, ќе се гледа квалитетен тенис! Па тооооооо бе! :vozbud:

ВАМОС РАФА!
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
Утре ќе е јако Надал - Федерер финале. Тоа се чекаше. Двајцата се во страшна форма во моментов, но мислам дека Надал треба да ја заврши со победа оваа сезона, затоа што е негова, од самиот почеток до утре. Ќе навивам за Надал, но сепак повеќе ќе уживам во најврвниот тенис на денешницава кои тие двајца можат да ни го прикажат.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.930
Поени од реакции
505
Најдоброто следи утре. Ноле покажа дека моментно заостанува зад Роже и Рафа. Премногу лесно Роже се справи со него. Со периодични блесоци не може да се победи најдобриот тенисер во историјата. Сепак му останува финалето во Дејвис Купот, кое како што изјави самиот му е главен приоритет.
А за утрешниот меч мала предност му давам на Надал, меѓутоа Федерер е Федерер и посебно во ваква форма не треба да се отпишува. Како и да е, се надевам дека ќе гледаме врвен тенис (нека бидат 3 сета) и нека победи подобриот.
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.415
Поени од реакции
2.550
Надал-Федерер ,јако ќе биде.Навивам за Надал..
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.958
Поени од реакции
16.314
Денес за Федерер сум, па шо сака нека биде :)
Се надевам дека ќе гледаме тенис во 3 сета и изедначен до самиот крај, па нема да биди лошо да биди како мечот Мареј-Надал...се надевам играта т.е времетраењето на вчерашниот меч на Надал и исцрпеноста ќе игра голема улога денеска и дека ќе биди совладан. :pipi:
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.349
Поени од реакции
2.241
Имало дискусија, не бев тука да ве пратам. :)

Инаку долго очекувано финале, неможеше според мене да биде подобро од ова? Ако не се лажам последен турнир за оваа сезона и Надал - Федерер. Прекрасно, лудило ке биде, сакам квалитетен тенис, и кој изиграл подобро нека победи, повеке ке пишеме кога ке почне, сега се спремиме за финалето.

VAMOS !!
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.958
Поени од реакции
16.314
Денес за Федерер сум, па шо сака нека биде :)
Се надевам дека ќе гледаме тенис во 3 сета и изедначен до самиот крај, па нема да биди лошо да биди како мечот Мареј-Надал...се надевам играта т.е времетраењето на вчерашниот меч на Надал и исцрпеноста ќе игра голема улога денеска и дека ќе биди совладан. :pipi:
Полн погодокот, повеќе од заслужено.
Ќе се вииме на Аус Опен за 2 месеци, а до тогаш треба Новак да освои титула со Србија во Дејвис купот :)
 
P

PewDiePie

Гостин
Честитки за Роже,слдуваат празници за А.О. уфф едвај чекам. :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom