ManUtdChampions
Lleyton Hewitt
- Член од
- 5 февруари 2009
- Мислења
- 32.757
- Поени од реакции
- 43.945
Еве ја Шарапова после скоро една година..Ај да видиме шо ќе направе во првиот нејзин меч.
Мареј дојде до второ место најмногу заради повредата на Надал, па потоа константната игра.Браво за Мареј. Му го одзема второто место на Рафа сеа атакува на првото. Го совлада Дел Потро во финалето на Монтреал и со тоа му се доближи на Федерер на врвот. Come on Andy!!!!!!!!
Не играат секогаш првиот против третиот и вториот против четвртиот.Ако се сеќаваш во Австралија,Федерер беше второрангиран,па беше можен дуел со Џокович кој беше трет.Така да нема врска тоа.Браво за Мареј си заслужи дечкото,што има везе Надал бил повреден ова она тој од Роланд Гарос се мачи кај и да е за сезона две колената отидоа,и Федерер игра со мононуклеоза па никому ништо!?! Како и да е сега ке биде поглупо затоа што Роже и Рафа ке се срекаваат уште во полуфинале :uvo:
Се сложувам со тебе дека Дел Потро да беше фит ќе беше многу тешко за Мареј да го освои финалето, но сепак Мареј повеќе од заслужено го освои Монтреал со само 1 изгубен сет и тоа во тај-брејк. Затоа да оставиме времето да покаже затоа што верувам дека Мареј, Дел Потро па и Тсонга се иднината на машкиот тенис.Мареј дојде до второ место најмногу заради повредата на Надал, па потоа константната игра.
Сеуште не покажа дека може да земе Гренд Слем, па не верувам дека има шанси набрзо да дојде на 1-во место, а мислам нема многу долго да го задржи и второто.
За мене неговото ниво на игра е една класа под нивото од Надал и Федерер, го ставам во ист кош со Џоковиќ.
Точно е дека ги победувал и Федерер и Надал ама повеќето победи ми изгледаа дека ги начекуваше во лош ден, отколку што навистина ги надигруваше. Изгледа на Федерер помалку му лежи неговата игра бидејќи има 6 порази против него, ама обично кога губеше беа оние денови на Федерер кога прави многу неизнудени грешки.
Надал беше само еднаш надигран со него, во полуфиналето на US Open, додека поразот во Ротердам беше заради повреда во вториот сет на Надал. Интересно е и што вечерва подобриот тенисер беше Дел Потро, ама на крајот на 2-от и 3-от сет не можеше да стои на нозе од замор (играше и на турнирот во Вашингтон кој го освои минатата недела), па може да се каже дека му го поклони мечот, 3-от сет беше само формалност колку да не го прекине финалето.
Браво за Мареј. Му го одзема второто место на Рафа сеа атакува на првото. Го совлада Дел Потро во финалето на Монтреал и со тоа му се доближи на Федерер на врвот. Come on Andy!!!!!!!!
Ако добро се сеќавам тој во една година ги тепаше и Надал и Федерер за краток период и сигурно дека заслужи да биде бр 2. Уште кога беше на 4то место на АТП јас викав дека Мареј е новиот бр.1 и полека тоа се остварува а за Надал тоа дека повредите го мачат е факт ама и пред тоа имаше порази од Мареј така да повеќе од салужено му е второто местоКаков Мареј бе што збориш па не заслужи да биде број два.Нема ни гранд слам освоено а и да не се повредеше надал немаше шанси да дојде до втората позиција Мареј ниту федерер на првата.За тие што не знаат пред да се повреди надал имаше 15,000 поени на првото место Федерер 10,000 на второто а Мареј 8,000 на третото немаа шанси ама Надал се повреди и за 2 месеца изгуби 7000 бода и за тоа падна толку.Мареј не заслужи со игра да стане број два.Нема резултати.....