ATP тенис - општа дискусија

pirlo21

којотот
Член од
12 јануари 2008
Мислења
2.052
Поени од реакции
2.055
Некој дан знајт резултати од мечот помеѓу Иванович и Звонарева?
Знае:)
Звонарева - Иванович 7-6, 6-2
Баш ми е мерак што изгуби србинкава...
Надал - Мареј 6-1, 6-2
За Федерер сум али Надал е стварно многу подобрен, го збриша Мареј.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Надал е многу подобрен на тврда подлога, ама Murray не покажа ништо од тоа што го покажуваше на минатите натпревари. Можеби не беше толку снаодлив на ветерот, како што беше Надал, или имаше некој проблем, не знам. Истото ова го направи на US Open, кога играше одличен тенис, сè до финалето, во финалето полошо не можеше да изигра.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.741
Поени од реакции
43.886
Аууу Мареј беше надигран вчера 6-1,6-2 не е заебанција!Браво за Надал му врати за поразот од претходното финале што го играа(не се сеќавам каде беше,само памтам дека Мареј еден сет победи со 6-0)

А Ивановиќ не искористи 3 сет топки и толку беше од неа.Се бореше ама не доволно и + тоа над 40 грешки направи
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Изгледа дека сепак натпреварот Nadal - Nalbandian беше најинтересен и најдраматичен натпревар на турнирот. Nalbandian покажа вистинска конкуренција, па Nadal мораше да спасува 5 меч топки. Но Nadal докажа зошто е број 1 и успеа да победи.
Еве видео како Nadal успеа да се врати:




 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ким Клајстерс се враќа на терените

Ким Клајстерс ќе се врати на тениските терени по двегодишно отсуство, што и' беше период на привремена пензија во кој ја роди ќерката Жада. Се' уште има жар во мене за тениската игра и одвај ги чекам новите предизвици - рече Клајстерс вчера попладне на прес-конференцијата во родниот град Бри, Белгија. Некогашната најдоброрангирана светска тенисерка со богата колекција од 34 ВТА-титули, побарала вајлд-карти за настап на турнирите во Синсинати и во Торонто, што се играат во август. Тогаш ќе биде официјалното враќање на Ким.

- Оставив доволно простор да се подготвам. Не сакам да се вратам како статистика што ќе губи во првото коло - рече Клајстерс. Белгијката очекува покана и од организаторите на САД опен, единствениот гренд-слем турнир што го има освоено.Претходно таа ќе игра егзибициски мечеви против Михаела Краичек во Холандија и на Вимблдон со Тим Хенман како двојка што ќе им се спротивстави на Штефи Граф и Андре Агаси.

Извор: Дневник
 

Јунајтед

Indifferent
Член од
5 јануари 2009
Мислења
3.974
Поени од реакции
1.622
Супер ќе биде ако се врати Клајстерс на терените.Пред да се повлече заедно со Хингис ми беа омилени тенисерки.Време е да покаже дека не заборавила да игра тенис и пак да се врати во светскиот врв :vozbud:
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
Изгледа дека сепак натпреварот Nadal - Nalbandian беше најинтересен и најдраматичен натпревар на турнирот. Nalbandian покажа вистинска конкуренција, па Nadal мораше да спасува 5 меч топки. Но Nadal докажа зошто е број 1 и успеа да победи.
Еве видео како Nadal успеа да се врати:




Кој си знае си знае:smir:
 
Член од
14 февруари 2009
Мислења
162
Поени од реакции
17
А зошто ТВ 5+ уште не почнал со преноси од Мајами мастерсот?

Да не беше финтава само еден турнир и толку?
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
А зошто ТВ 5+ уште не почнал со преноси од Мајами мастерсот?

Да не беше финтава само еден турнир и толку?
Ќе беше добро и еден да беше, преку 50% од турнирот не дадоа.
За Мајами до сега кога не почна, не верувам дека ќе почнат, а добро се сеќавам како збореа коментаторите дека ќе имало. Тотално неодговорна телевизија.
Се изнагледавме тенис со ТВ 5+. :tapp:
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
koj saka tenis 1-1 neka kaze u sekoe vreme...palas, dom na slepi 150/1h
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Пуштија денес тенис на ТВ 5+, Roddick - Monfils.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom