Атлетика, Пекинг 2008

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување
Да, Јамајканците имаат 5 златни медали и сите им се од спринтерски дисциплини. И во машка и во женска конкуренција победија на 100 и 200 метри, во женска на 400 метри со пречки, а се очекува да освојат два златни медали и со штафетите.
Како што му тргнало на Болт, нема да ме изненади нов светски рекорд на штафетата 4 x 100m.
 
Нов светски рекорд на машката штафета.Не ја гледав цела, ја начекав на крајот кога Болт влезе во финишот.Браво Јамајка.
 
Леле ова Јамајканциве се лудаци, нов рекорд на 4*100 мажи, со резултат 37.10 и го подобрија рекордот за 30 стотинки, секако Болт беше оној кој ја убрза и Пауел само заврши.
 
Како ме одушевува само Болт на овие ОИ, секоја чест, 3 светски рекорди благодарение на него.
У скок со стап победи Стив Хукер од Австралија, се спаси во последниот обид.
Во десетобој победи Брајан Клеј од САД.
А во 4х100 метри за жени на Јамајка и падна палката, вчера на САД и кај мажи и кај жени... И победи Русија иначе.
 
Одличен атлетски ден. Освен дисциплините кои ги наброја Ред Девил, златен медал во скок во далечина освои Бразилката Маги со прескокнати 7.04м (уште во првиот скок), со само еден сантиметар повеќе од легендарната Татјана Лебедева од Русија. Во последната серија прескокна 7.03м, а претходните 4 обиди од 6 и беа неуспешни бидејќи направи престап. Бронзата отиде во Нигерија.

На маратонот 50км брзо одење победи Италијанецот Алекс Шварцер (по името и презимето, а и по изгледот, најверојатно е Германец). Второто место место го освои Австралиец, а третото Русин.

На маратонот 5000м златото го освои Дибаба од Етиопија. За потсетување, истата атлетичарка го освои и златото на 10 000м пред некој ден.

За штафетите, уште еден очекуван триумф на Јамајка. И Болт и Пауел беа одлични. Штета за Јамајканките што им се случи таков пех. Како да се плашеа дека ќе им падне, па не успеаа ни да ја заменат палката.
Русинките плачеа од среќа за златото, втори беа Белгијките, а трети Нигеријките.
 
Одличен атлетски ден. Освен дисциплините кои ги наброја Ред Девил, златен медал во скок во далечина освои Бразилката Маги со прескокнати 7.4м (уште во првиот скок), со само еден сантиметар повеќе од легендарната Татјана Лебедева од Русија. Во последната серија прескокна 7.3м, а претходните 4 обиди од 6 и беа неуспешни бидејќи направи престап. Бронзата отиде во Нигерија.

На маратонот 50км брзо одење победи Италијанецот Алекс Шварцер (по името и презимето, а и по изгледот, најверојатно е Германец). Второто место место го освои Австралиец, а третото Русин.

На маратонот 5000м златото го освои Дибаба од Етиопија. За потсетување, истата атлетичарка го освои и златото на 10 000м пред некој ден.

За штафетите, уште еден очекуван триумф на Јамајка. И Болт и Пауел беа одлични. Штета за Јамајканките што им се случи таков пех. Како да се плашеа дека ќе им падне, па не успеаа ни да ја заменат палката.
Русинките плачеа од среќа за златото, втори беа Белгијките, а трети Нигеријките.
7.04 метри и 7.03 метри. :)
 
Јамајканците како внимателно ја предаваа штафетата,убаво ги простудирале Американците и нивните грешки :)

А за Хукер,каков човек,последните три обиди,се од трета му успеваше...
 
Има некој податоци за колку време Болт ги истрча 100те метри :vozbud:
 
Никој :( или кинезиве ќе го чуваат како државна тајна?
 
Денес не очекува исклучително интересен ден. Ќе проследиме поделба на дури 7 медали :)!

Дисциплини:
Скок во височина - женска конкуренција (ќе биде интересно да се види дали Бланка Влашиќ од Хрватска ќе го собори светскиот рекордот на Бугарката Стефка Костадинова).
Фрлање копје - машка конкуренција
Трка на 800м - машка конкуренција
Трка на 1500м - женска конкуренција
Трка на 5000м - машка конкуренција
4 x 400m - женска конкуренција
4 x 400m - машка конкуренција
 
Готово. Заврши атлетиката, завршуваат ОИ, стварно прекрасно беше да се гледа.
Бланка Влашиќ не успеа ни да дојде до златен медал, беше втора, победи Илебо од Белгија.
На 4 х 400 метри и кај мажи и кај жени најдобри очекувано САД, на трката на 5000 метри Кенениса Бекеле прв и така...
 
Искрено жал ми беше за Бланка. Актуелна светска шампионка е, непоразена одамна и не успеа да го освои златото, а истата висина ја прескокнаа со Белгијката - 2.05.
На 4 х 400 во женска конкуренција одлични беа Русинките, имаа можност и за златен медал, но сепак искусната Сања Ричардс од Америка не дозволи изненадување и ја претрка Русинката во последните неколку метри. Во машка конкуренција на 4 х 400 Американците беа убедливо први.
Во фрлање копје златото го освои Норвежанецот Андреас Торкилдсен.
На 5000 метри очекувано победи Бекеле. На 1500м златото отиде во Кенија, а среброто и бронзата ги освоија Украинки. И на трката од 800м златото го освои Кениец.
 
Бланка...:bip:
 
Само што заврши маратонот, Вансиру од Кенија прв со нов олимписки рекорд, втор Гариб од Мароко, трет Кедебе од Етиопија.
Толку од атлетиката на овие ЛОИ.
 
Back
На врв Bottom