Атлетика, Пекинг 2008

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување
Сигурно не е некоја трева? :wink:

Врти-сучи се нешто околу "трева" се врти. :pos:

on topic:

Да беше трева ОДМА ќе дигнеа узбуна Американците. И така и така цела Олимпијада нешто се бунат. :tv:
 
Инаку, читав на јаху спортс, уморна сум сега да ја преведам статијата, тренерот на Исинбаева рече дека таа на тренинг скокала 5,30:nesvest:
Ви велам јас може таа и повеќе, само во нејзина полза е почесто да го руши, потешка станува за милиони долари:)

Ај линк ако може. Не мора да се мачиш да преведуваш, барем англиски речиси сите разбираат.
 
Врти-сучи се нешто околу "трева" се врти. :pos:

on topic:

Да беше трева ОДМА ќе дигнеа узбуна Американците. И така и така цела Олимпијада нешто се бунат. :tv:

Кај Јамајканците сигурно има некои што се Растафаријанци.А тие-пушат:)
 
У фрлање кладиво победи Мијанкова од Белорусија, втора беше Јипси Морено од Куба, а трета натпреварувачката од Кина.

Штета што Рашид Рамзи го откажал настапот на 5000 метри.
 
Значи стварно овој Болт е неверојатен, секоја чест за дечкото, за 19.30 истрча 200 метри, за светски рекорд.
 
На денешната програма се доделија медали само во три дисциплини.
Фрлање кладиво женска конкуренција, 200 метри машка конкуренција и 400 метри со пречки женска конкуренција.

Освен во Белорисија за фрлање кладиво, другите два златни медали отидоа во Јамајка, нормално за трчање :). Болт повторно постави нов светски рекорд, а на 400 метри со пречки победи Melanie Walker.

Калински се надмина себеси во дерење по трката на 200 метри. Па Болт не е Македонец до толку да забегува!!!
 
Утре ќе има побогат ден, во однос на поделбата на медали.

Попладне ќе можеме да гледаме финални натпревари во: фрлање копје во женска конкуренција, трка на 200 метри во женска конкуренција, трискок - машка конкуренција, трка на 400 метри - машка конкуренција и трка на 110 метри со пречки во машка конкуренција.
 
Баш ме интересира Болт за колку време ги истрча последните 100 метри, гарант беше под 9.60, невидено створење е дечкото, барем ја не сум видел вакво нешто.
 
секоја чест за Болт
каква брзина има човекот:vozbud:
 
Денес имаше добри финалиња. На 110 метри со пречки сега само што заврши, нормално победи Дејрон Роблес, втор Пејн, трет Оливер.
На 400 метри за мажи Воринер не успеа да дојде до златниот медал, ЛеШон Мерит беше прв, се разочара Воринер.
Во фрлање копје во женска конкуренција победи Бардора Шпотакова, втора беше Абакумова.
Во 200 метри за жени прва беше Вероника Кембел-Браун, втора Алисон Феликс, трета Кирон Стјуарт.

Иначе имаше 1/2 финалиња во машка и женска конкуренција на штафета 4*100 метри. САД не се пласираа, им падна палката и на мажите и на жените, па сега најверојатно Јамајка ќе ги земе златните медали. Не знам зашто само Болт не трча за Јамајка.
 
Не трчаше во полуфиналето али во финалето ќе трча
 
Не трчаше во полуфиналето али во финалето ќе трча
Аа, супер чим е така, можеме да очекуваме пак светски рекорд. :)
Штета што испаднаа Американците, нема да биде интересно во финалето и кај мажи и кај жени.
 
Денес имаше добри финалиња. На 110 метри со пречки сега само што заврши, нормално победи Дејрон Роблес, втор Пејн, трет Оливер.
На 400 метри за мажи Воринер не успеа да дојде до златниот медал, ЛеШон Мерит беше прв, се разочара Воринер.
Во фрлање копје во женска конкуренција победи Бардора Шпотакова, втора беше Абакумова.
Во 200 метри за жени прва беше Вероника Кембел-Браун, втора Алисон Феликс, трета Кирон Стјуарт.

Иначе имаше 1/2 финалиња во машка и женска конкуренција на штафета 4*100 метри. САД не се пласираа, им падна палката и на мажите и на жените, па сега најверојатно Јамајка ќе ги земе златните медали. Не знам зашто само Болт не трча за Јамајка.

Освен тие 4 златни медали во атлетските дисциплини, Олга Канискина од Русија освои златен медал на 20 км маратон во брзо одење. Во трискок се водеше жестока борба за медалите. Златниот медал го освои Португалецот Нелсон Евора. Ова е првиот златен медал за Португалија на оваа олимпијада.

Штета за Американците. Не ми се верува какви почетнички грешки направија при предавањето на палката. Посебно женската штафета, не знам зошто толку брзаа, а имаа огромна предност. Да беа повнимателни сигурно ќе завршеа први во нивната група. Целосно фијаско на овие олимписки игри за американските спринтери во најбрзите дисциплини.
 
Стварно големо разочарување се Американците, Геј каква грешка направи денес, тој премногу разочара на овие ОИ.
И во Осака минатата година им падна палката, сега пак.
Затоа на Јамајка и иде совршено во спринтерските дисциплини.
 
Back
На врв Bottom