значи еден од многуте мои постови што сум пишал е и следниов пост,за Ематија за кој почитуваниот господин потполно го разбирам - па нели Ематија е клучот на вистината за Македонија,и досега никој не го отворил ова за Ематија па не ни чудо да е преплатен,но и тоа си е негов проблем јас немам потреба да се занимавам со неговите потреби од проста причина што тоа си е негово право и секој поединец индивидуалац си го избира животот.-
Сепак, најстарите, сигурни, досега познати, пишани податоци за Македонија се наоѓаат во хомеровата Илијада, дело кое се однесува на настани датирани негде во XII – XI век пред Ис.Хр. Во Илијадата меѓу сојузниците на Троја се спомнати Паонците кои според најновите научни сознанија е потврдено дека најверојатно биле со македонско етничко потекло; потоа пајонскиот град Амидон кој се наоѓал на устието на р.Аксиос (денешен Вардар), како и македонските области Пиерија и Ематија. Во Илијадата е забележано и името на родоначалникот на македонското племе Пелагонци, митскиот Пелагон.
Досега најстарото запишано име кое се однесува на Македонија, а е користено од страна на грчките морепловци, е Ематија. Поконкретни податоци за името Ематија има кај Страбон (64/63 пр. Ис.Хр. – 23 г.н.е.), Плиниј Постариот (23 – 79 г.н.е.) и Стефан од Бизант (VI в.н.е.) кои запишале дека тоа е првобитното име на Македонија. Од друга страна античкиот географ Птолемај (127 – 145 г.н.е.) соопштува дека Ематија се нарекувала областа каде што се наоѓала првата македонска престолнина Ајгај.
Лингвистите, името Ематија го изведуваат од грчкиот збор amathos што значи песочен, песочно. Ова препоставка дополнително добива на тежина ако се има предвид кажувањето на античкиот географ Птолемај кој соопштува дека со ова име се означувал источниот крајбрежен дел од античка Македонија кој бил песоклив.
Почнувајќи од VIII – VII век пред Ис.Хр. името Ематија е потиснато од името Македонија. Ова најверојатно се должи на фактот што првата македонска кралска династија Аргеади потекнувала од областа Орестида чие постаро име било Макета. Со текот на времето името Македонија добива не само географско туку и политичко значење. Тоа не е само географски поим туку и име на македонската држава и етносот кој ја населува Македонија, а кој по потекло е сосема различен од било кој друг етнос на Балканот во тој период. Веќе во времето на Филип II (359 – 336) сите племиња кои го сочинувале македонскиот етнос ќе бидат обединети во една централизирана македонска држава под власта на династијата на Аргеадите.
Прашањето за потеклото на името Македонија предизвикувало контраверзи уште во антиката. Има, главно, три генеалогии кои го објаснуваат потеклото на името Mакедонија. Првата генеалогија за името Македонија е запишана од Хесикиј од Александрија (V в.н.е.), а сочувана кај Константин VII Порфирогенит (913 – 959) каде се вели дека името Македонија доаѓа од митскиот јунак Македон кој бил син на Дионис.
Втората генеалогија за името Македонија е забележана кај Аполодор Атински (II век пред Ис. Хр.) според кого Македон е син на Ликаон кој имал дури 50 синови. Третата генеалогија за името Македонија е забележана од Диодор Сицилиски (I век пред Ис.Хр.). Според оваа генеалогија, Македон бил син на египетскиот бог Озирис.
Освен овие три, во различни периоди од антиката, постоеле и други помалку популарни генеалогии преку кои се објаснувало потеклото на името Македонија. Па така според генеалогијата на Еврипид старата форма на името Македонија е Макета, име кое Еврипид го поврзал со едно од имињата на бахамтките – свештеничките на богот Дионис – кои во Македонија се нарекувале Клодонес, Мимонес и Макетаи.
Што се однесува до модерната наука, постојат неколку тези за етимологијата на името Македонија. Според првата, името доаѓа од придавката македнос која се среќава само кај Хомер и која значи висок. Во конкретниот случај македнос би требало да означува ,,високи луѓе”, ,,планинци”, ,,горштаци”. Оваа етимологија е поврзана со денес веќе надминатата теза дека античките Македонци дошле од високи места т.е. од Горна во Долна Македонија.
Наспроти овие толкувања, најновите истражувања со голема веројатност упатуваат на тезата дека името Македонија најверојатно има бригиско потекло со значење – земја. Имено, Бригите биле најстариот етнички супстракт кој учествувал во етногенезата на античкиот македонски народ и оттука мошне е веројатно дека и името Македонија е од бригиско потекло. Оттука можеби произлегува и поврзаноста меѓу името Ематија што значи песоклива земја i името Македонија што на бригискиот јазик исто така значело земја.
Од друга страна античкиот географ Птолемај (127 – 145 г.н.е.) соопштува дека Ематија се нарекувала областа каде што се наоѓала првата македонска престолнина Ајгај.
Значи со сите докази претходно сите треба да се сложиме дека Архелај ја гради првата престолнина на македонските цареви (престолнина изградена пред Пела)во градот Ајгај град кој се навоќал во Ематија - област Паонија.
,,Од друга страна античкиот географ Птолемај (127 – 145 г.н.е.) соопштува дека Ематија се нарекувала областа каде што се наоѓала првата македонска престолнина Ајгај,,- Дали господа од толку докази треаба да не м верувам се га и на античкиот геограв Птолемеј.Стварно не можам да поверувам живееме во земја каде си живееле македонските кралеви за кој треба да бидеме горди,а некој бара и бара милјони докази за да ја докажиме нашата историја,а никој не спомнува на пр.за Грција но и за Албанија каде е направен фалсификат дека област Ематија се навоѓала во Албанија,ве молам.
Вистинската престолнина на македонските кралеви од лозата на аргестидите ,,Ајгај,,според истражувањата треба да ја бараме со македонскиот цар Архелај,од 413 год.п.н.е. до 400год.п.не.- крал кој ке ја зајакнал Македонија,довел на дворот поети и артисти.Архелај бил потомок на Херакле,а македонските цареви биле потомци на Архелај.Македонскиот цар Архелај ке биде забележан и по воведувањето на оломписки македонски игри (особено застапени конските трки,бидејки македонската лозата на аргестидите се најголемите љубители на коњите,па од тука и не случајно погребалните ритуали на македонските цареви се закопувани со нејзината кралска кочија и коњите).Во близина на местото каде ги воведи Архелај олимписките игри во конски трки би требало да се навога и храмот на главниот митолошкиот бог според верувањата на македонските цареви кој е господар на небото и целиот свет.Архелај е препознатлив по лавјата кожа што ја носи на главата,понатаму сите македонски цареви кој се преставен со ваков атрибут се наследници на македонската династија Аргестиди.
Инаку Архелај се сметал за потомок на Херакле.
http://img151.imageshack.us/img151/2415/123q.png
Ематија спомната и во пророчанствата на Настрадамус.