Не е само погонот проблем, туку се што има маса не може да патува со брзина на светлината. Но, ако Андромеда е оддалечена 2.5 милиони светлосни години, ние од Земјата ја гледаме каква била пред 2.5 милиони години - значи ја гледаме во минатото, зашто толку време треба на светлината од таму да стигне до Земјата нели, теоретски може веќе и да не постои. Е ако е така, тогаш ме буни тоа тврдење, дека кога човекот би постигнал таква брзина он може инстантно да стигне во било кој дел од Универзумот, без разлика на далечината. Дури ни брзината на светлината не е апсолутна максимална брзина, Универзумот на своите маргини се шири со поголема брзина од оваа. Ај ќе се консултирам со АИ.
ЕДИТ: Ми извади 2 равенки, под претпоставка дека човекот може да постигне 99.99999% од брзината на светлината. Според едната равенка, би стигнал до Андромеда за 359 години, според втората за само 3.6 години. За набљудувач на Земјата секако ќе поминат 2.5 милиони години.
Сега се поставува друго прашање, Андромеда и Млечниот Пат се движат една кон друга, ќе се судрат за околу 4 милијарди години. Доколку таму милион години пред сударот човекот реши да тргне накај Андромеда, он ќе стигне нели во време додека таа сеуште постои, но за тој на Земјата галаксиите веќе ќе бидат судрени. Парадокс ли е ова? Зар времето не е апсолутно за сите?