Бев многу возбуден за оваа игра, Assassin's Creed ми е омилена франчиза, ги следев сите вести за играва, сите гејмплејој и се останато, се до пред 2-3 дена кога Убисофт изјавија дека на PS4 играта ќе биде 900p и 30fps, покрај тоа што ветуваа потполно ново и вистинско next-gen искуство, а неможат ни да достигнат ебени 60фпс и 1080п, а сето ова е заради тоа што сакале да нема караници меѓу Xbox 1 и PS4 конзолите, бидејќи Микрософт губи немормално во битката за гејминг, а Убисофт се тешко поддржани од нивна страна, сигурно има некој договор кој што ги тера Убисофт да дадат газ за играта да биде исто фпс и резолуција на двете конзоли, и тоа ме разочарува ненормално. Ја имам играва на пре-ордер, да не ја имав немаше ни да помислам да ја купам или пак да ја пиратирам, бидејќи ова е превара. Нивниот аргумент е дека проблемот е во процесорот, али процесорот го употребуваат за движењата на AI во играта, а резолуцијата и фпс спаѓа во графичкиот дел каде што мислам дека и двете конзоли, ако не барем PS4 би можел да издржи 1080п со 60 фпс. Ми ја преполовија возбудата за играва, пред 1 недела како мало дете ја чекав, сега чекам да излези и се надевам дека ќе биде тотално ужасна и се надевам Убисофт конечно ќе научи да продаде нешто што е навистина спремно и да ги потполни потребите на сите љубители и барачката на маркетот, во споредба со нивниот маркетинг, каде што ги возбудуваат сите и потоа со секој период на време скратуваат дел од сите игри и ги оправдуваат со некоја глупа причина, како што беше даунгрејдот на Watch_Dogs.