Асоцијално македонско општество

  • Креатор на темата Креатор на темата POWER-MKD
  • Време на започнување Време на започнување

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Чудни работи во последниве месец-дена се случуваат низ територијата на Р. Македонија. Можам слободно да речам дека веќе овие работи прераснуваат во нездрав тренд кој се случува на секој 2-3 дена.
Разбирам дека во секоја држава имало, има ќе има криминал, и дека тој никогаш нема до крај да се искорени.
Но за темава ме поттикнаа случките во изминативе месец-дена. Се почна со
- Ангела од Мариово,
- потоа двете девојчиња на плоштадот во Скопје,
- продолжува со М. Ибраими од Средно Коњари,
- вооружениот грабеж во ПРО-КРЕДИТ банка, потоа
- ограбени десетици обложувалници и менувачници,
- Комерцијална банка во К.Вода,
- исчезнувањето на малото ромско девојче (не знам од каде беше), па се до
- исчезнувањето на средовечната госпоѓа од Аеродром.

Што се случува? Дали заштитата од страна на МВР е толку мизерна, што работите ги испуштиле од контрола?Дали некој намерно знае, а не ги спречува сите овие грабежи што се случија масовно во изминатиов период? Дали се работи за иста група која киднапира дестици луѓе во последниов месец, и тргува со нив, а полицијата не е свесна за тоа?...
Има уште многу прашања кои можат да бидат поставени, но едно е јасно. Ситуацијата во нашето општество е алармантно влошена во последниве месец-два. Што мислите Вие за сите овие случки, и за погоре поставените прашања?
 
Jas mislam deka apsolutno zastitata od MVR e na mnogu nisko nivo i takva ke si ostane mislam deka podolgo vreme nemaat kontrola vrz celata situacija vo makedonija i deka se zamaraat samo so sitni ribi i kako na mene tebe i ostali obicni gragjani da im shibnat kazna da punat budzet itn... Dodeka so "facite" nikoj ne se zamara i nesmeat da im prijdat, a nisto cudno i vlasta da ima polza od vakvi raboti
 
Малку си ги помешал поимите. Станува збор за криминално општество, а не асоцијално.
Асоцијално има сосема друго значење. Не дека не е и асоцијално, ама не станува за тоа збор во темава...
 
Малку си ги помешал поимите. Станува збор за криминално општество, а не асоцијално.
Асоцијално има сосема друго значење. Не дека не е и асоцијално, ама не станува за тоа збор во темава...
Асоцијално е до коска :) Само да, постои и криминално, нормално, кога с е работи за грабежите, а асоцијалното го надополнуваат киднапирањата.
Сепак, како и да ги вртиме работите, од криминално и асоцијално, станува веќе ненормално.
 
МВР не се гатачи па да знаат кој ќе биде киднапиран или убиен или пак која банка ќе биде ограбена за да заштити, нити пак може да знае кој и кога ќе ги изврши. Па така би требало за секој човек, за секоја менувачница, банка да има одреден број џандари кои би чувале и ќе испадне дека ќе треба да увезуваме џандари :)
Ова се работи кои ги имало, ги има и ќе ги има. Во светов ги има многу почесто од кај нас, социолозите укажуваат на тоа дека во светските метрополи убиства, силувања, грабежи се случуваат секој, саат, или секои 10 минути, во земји каде безбедноста е можеби на многу повисоко ниво.
Најмногу е до нас, до нашите навики, до нашиот менталитет, до нашите потреби.
 
МВР не се гатачи па да знаат кој ќе биде киднапиран или убиен или пак која банка ќе биде ограбена за да заштити, нити пак може да знае кој и кога ќе ги изврши. Па така би требало за секој човек, за секоја менувачница, банка да има одреден број џандари кои би чувале и ќе испадне дека ќе треба да увезуваме џандари :)
Ова се работи кои ги имало, ги има и ќе ги има. Во светов ги има многу почесто од кај нас, социолозите укажуваат на тоа дека во светските метрополи убиства, силувања, грабежи се случуваат секој, саат, или секои 10 минути, во земји каде безбедноста е можеби на многу повисоко ниво.
Најмногу е до нас, до нашите навики, до нашиот менталитет, до нашите потреби.

МВР не ни треба да бидат гатачи, ниту секого посебно да го обезбедуваат. Полицијата како институција целосно го има изгубено авторитетот во очите на нацијата и никој не ги регистрира ни 2%. Во принцип треба луѓето да имаат почит кон нив, стравопочит, како во секоја нормална држава, не само од полицијата, туку и од казната која следува по извршено кривично дело. Стануваме анархија, за ништо се нема почит, кој нема пари ограбува банка (кредитите се тешки за отплаќање, нели), кој не сака банка-си оди во Тинекс, дечиња исчезнуваат, убиства се случуваат секој втор ден, за ситни кражби и измами воопшто да не ни спомнувам. Полицијата работи се' освен она што треба, судството исто така, а и народот не назадува со плукање и газење на сите морални норми и вредности. Ете, последен "светол" пример со дечкото што си барал возачка дозвола со калашњиков. Прво, сигурна сум дека немал дозвола за било какво оружје. Второ, не знам, можда лупетам, ама смее ли воопшто цивил да поседува калашњиков во нашава држава? Трето, самата идеја дека треба со оружје да земе возачка? У, јбт, што ли би било да студираше дечкото нешто? Со 15 кила тнт и 30тина кашикари ќе одеше на клучните испити? Мислам, онака, за секој случај, да не случајно му се паднат потешки прашања што не ги знае..
Ризикувам да звучам како комуњарски настроените пензионери, но до пред десетина-петнаесет години немаше вакви настани, односно имаше по еден годишно (најмногу).
Општеството ни еволуираше во непрепознатливо, транзицијата го извади најлошото од повеќето од нас. Животот во Скопје, а и во цела Македонија, станува гладијаторска борба, луѓето веќе не бираат начин, ни средства да стигнат до она што го сакаат, а, оние кои би требало да го држат народот под контрола немаат апсолутно никаква желба тоа да го прават, изгледа анархија повеќе им одговара.
 
Таквите работи ги носи времето само по себе, онакво време кое во развиените земји почна одамна, сега доаѓа и кај нас. А новите закони сами по себе дозволуваат да се нема страв од полиција, затоа што по нив полицаец смее дамо да те уапси, без ќотек, дерење, притисоци.. ама кој си имал работа со полиција знае дека не важат во сите случаи. Казните се ниакви за убиство се лежи до 5 ипол години затвор, за кражби незнам дали воопшто ги бараат, затоа и некои се дрзнуваат на ваков чекор, оти од она што им преостанува знаат дека ништо не губат. Некои имаат и среќа многу брзо и лесно да избегаат на Косово. Кога сме со нелегално поседување на оружје, вооружени банди ги има и во иднина се почести ќе бидат нивните акции, а полицијата може да реагира само за оние кои знае, но сите канали неможат да се запрат нити да се знаат, а и да се знаат тие кои добро работат претежно имаат некој „голем“ кој ги чува.
И пак ќе се повторам овие работи кои ги набројуваме ги има секаде, некаде и почести, на саат, или полошо на пократки временски периоди, но тие се големи земји, градови, а ние сме мала држава и еден таков настан не ни е секојдневие па не потресува, а башка и недела дена е топ тема на сите вести кои ги има од сабајле па се до вечер, на сите телевизии, па и тоа додава додатна реакција кај останатите, тука се реакциите на политичките партии кои се неизбежни, се до наредниот настан кој ќе биде топ тема. Новото време, системот, преселбите од едно место на друго.. си ги носат тие работи, а претпазливоста ќе треба да се зголемува.
Споредбите со тоа како бил порано како денес ако ги правиме за безбедност, тогаш треба да ги вклучиме и сите новитети кај нас кои дојдоа во тие 20 години, сите наши нови потреби и сета слобода на можности што можеме да ги уживаме.
 
Ова ти е џандарска држава и се е јасно.Они пљачкаат праат фрки чуда и си пијат утредента кафе у МВР.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom