POWER-MKD
Per aspera ad astra
- Член од
- 1 март 2008
- Мислења
- 4.763
- Поени од реакции
- 645
Чудни работи во последниве месец-дена се случуваат низ територијата на Р. Македонија. Можам слободно да речам дека веќе овие работи прераснуваат во нездрав тренд кој се случува на секој 2-3 дена.
Разбирам дека во секоја држава имало, има ќе има криминал, и дека тој никогаш нема до крај да се искорени.
Но за темава ме поттикнаа случките во изминативе месец-дена. Се почна со
- Ангела од Мариово,
- потоа двете девојчиња на плоштадот во Скопје,
- продолжува со М. Ибраими од Средно Коњари,
- вооружениот грабеж во ПРО-КРЕДИТ банка, потоа
- ограбени десетици обложувалници и менувачници,
- Комерцијална банка во К.Вода,
- исчезнувањето на малото ромско девојче (не знам од каде беше), па се до
- исчезнувањето на средовечната госпоѓа од Аеродром.
Што се случува? Дали заштитата од страна на МВР е толку мизерна, што работите ги испуштиле од контрола?Дали некој намерно знае, а не ги спречува сите овие грабежи што се случија масовно во изминатиов период? Дали се работи за иста група која киднапира дестици луѓе во последниов месец, и тргува со нив, а полицијата не е свесна за тоа?...
Има уште многу прашања кои можат да бидат поставени, но едно е јасно. Ситуацијата во нашето општество е алармантно влошена во последниве месец-два. Што мислите Вие за сите овие случки, и за погоре поставените прашања?