Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Асексуалност е отсуство на желба или потреба за сексуални односи и сексуална интимност.girlll напиша:Moze da znam sto e toa Aseksualec? :kesa:
Еве нешто плус.
Кои се симптомите за асексуалноста?
Нема одреден сет критериуми по кој би можело некого да квалифицираш како асексуалец, не постои тест кој би дал таков одговор.
Самата личност за себе проценува и сама одредува дали се чувствува асексуално или не.
Асексуалноста може добро да се објасни низ три фактори:
Привлечност - некои асексуалци чувствуваат силна привлечност кон другите луѓе, но не чувствуваат желба да бидат сексуално интимни со тие личности. Оние кои чувствуваат привлечност можат себеси да се опишуваат и како хетеро, хомо или би, покрај тоа што се опишуваат како асексуални. Други асексуалци чувствуваат многу малку привлечност или воопшто не ја чувствуваат. Овие последниве лесно не се заљубуваат и и понатаму многу од нив сакаат да имаат блиски односи во животот.
Сексуално возбудување - За некои асексуалци сексуалното возбудување е редовна појава, но не е поврзана со желбата да најдат сексуален партнер. На некои тоа возбудување им пречи, а други повремено мастурбираат, но не чувствуваат потреба за сексуален партнер. Некои асексуалци не чувствуваат или минимално чувствуваат сексуално возбудување. Не го сметаат за медицински или психолошки проблем и не бараат помош за тоа да го променат.
Комуникација - Некои не сакаат премногу дружење и се осамени типови. Многу се сепак социјално активни, имаат блиски пријатели. А некои дури се одлучуваат и за врска.
Од каде потекнува асексуалноста?
Постојат две страни кои настојуваат да ги објаснат корените на асексуалноста.
Едната вели дека асексуалноста најверојатно е последица од трауматски искуства, како што се, на пример, сексуално злоставување во детството, силување или нешто слично (потисната хомосексуалност). Како реакција на траумата се појавил токму таков одбрамбен механизам кој го прави човекот незаинтересиран за сексуално општење, а кој има смисла да го заштити од некои нови можни лоши искуства во иднина.
Од друга страна, има луѓе кои велат дека цел живот се чувствуваат асексуално, дека посетиле доктори кои рекле дека нема органска основа за тоа (недостаток на некои хормони), психолози и психијатри кои не нашле трауми со кои би се објаснила ваквата незаинтересираност за сексуалноста. Тие сметаат дека асексуалноста е една од можните нормални сексуални ориентации, па како таква би требало да се сврсти до хетеро, хомо и бисексуалноста, а можеби и да се преименува во неутросексуалност. Гледајќи од тој аспект, можно е асексуалноста да останала толку долго неименувана и за нејзе не се зборувало, токму поради тоа што во светот бомбардиран со сексуалноста никој долго не собрал храброст да рече: „Мене сексот не ме интересира“.