Архиепископот Стефан има нов џип од 100.000 евра

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Грдо возило скроз... А за тоа дека е 100.000 шипки со расол, на mobile.de од 2006 има за 15.000 еврони. Значи се на се му иди ко да зеле нов... Golf :) А парите од кај се се знае...

арно ама на ново може да достигне цена до кај некој 70-80 илјади евра
 
Грдо возило скроз... А за тоа дека е 100.000 шипки со расол, на mobile.de од 2006 има за 15.000 еврони. Значи се на се му иди ко да зеле нов... Golf :) А парите од кај се се знае...

Изгледа го забораваш моментот дека не му доликува првенствено на поп да фрла пари (без разлика дали се 15 или 100 000) за да се вози во таква кола. Од една страна бараат донации од народот за да се направи манастирот Јован Бигорски, а од друга фрлаат пари за бесни коли.

Сакаш прифати сакаш не, ама мерцедес е бесна кола и не може секој да си ја дозволи, а уште помалку треба свештено лице да се луксузира во неа.
Не размислуваат воопшто каков пример даваат за народот. Продуховени лица, пази да не.

Мене ме нервираат и други работи кај поповите, што е со тие златни капи (или како и да се викаат што ги ставаат на глава) со скапоцени камења, што е со позлатените мантии!? Исус бил роден во столарско семејство, а не во златарско. Тотално се утка поповите, ама од немукает им даваме пари, оти нели не гризе после совест дека не сме добри верници.
 
Со тие 100.000 евра ќе го средеа манастирот јован бигорски. Можеа да отворат јавна кујна за бездомниците кои собираат јадење од контињери да каснат нешто готвено.
Можеа да помогнат на многу луѓе. Од радозналост, еднаш пред некое време им пратив е-маил на мпц, да ми донираат онака, чисто во име на бога за добро здравје и среќа, едни 1000 евра.Повратниот одговор беше:
Македонската православна црква не врши никакви донации и не исполнува никакви приватни желби. Патем, се она што ни е потребно е верба во бога и скромност.Имајте приајтен ден и цврста вера.

Да, верата ни е најпотребна и кога немаш радувај се е дури тогаш е господ со тебе.А поповите, остај ги. Нека горат во пеколот.
 
Македонската православна црква не врши никакви донации и не исполнува никакви приватни желби. Патем, се она што ни е потребно е верба во бога и скромност.Имајте приајтен ден и цврста вера.

Аааа епа ете зошто не се донирани тие пари за Јован Бигорски, тие не вршат донации, ама затоа бараат народот да донира, за да се чуствуваат скромно во мерцедесите.
 
Изгледа го забораваш моментот дека не му доликува првенствено на поп да фрла пари (без разлика дали се 15 или 100 000) за да се вози во таква кола. Од една страна бараат донации од народот за да се направи манастирот Јован Бигорски, а од друга фрлаат пари за бесни коли.

Сакаш прифати сакаш не, ама мерцедес е бесна кола и не може секој да си ја дозволи, а уште помалку треба свештено лице да се луксузира во неа.
Не размислуваат воопшто каков пример даваат за народот. Продуховени лица, пази да не.

Мене ме нервираат и други работи кај поповите, што е со тие златни капи (или како и да се викаат што ги ставаат на глава) со скапоцени камења, што е со позлатените мантии!? Исус бил роден во столарско семејство, а не во златарско. Тотално се утка поповите, ама од немукает им даваме пари, оти нели не гризе после совест дека не сме добри верници.
Мојот коментар беше од аспект на подфорумот каде што е темата (Автомобилизам и мотоциклизам). За останатото потполно се согласувам.
 
Кој поп не вози мерцедес ??
Тој што веќе има БМВ..................
 
колаа... хмм.. лош избор.. џабе ги лупнал толку пари.. а за него шо друго да се каже освен..
топ си дедо Стефан кис4е (n)
 
Сега да бевме таков народ масовно да протестираме пред црквите... ама за беља после да не казни господ -_-
 
Ајде бе уживајте ... сега владата ке реагира и ќе му го одземат и ќе го обноват манастирот или па ќе изградат некоја нова црква :D btw... Во кочанското сели Соколарци има манастир на св. Петка и лековита водичка. И се јавило на сон на жената што замива ... http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1935&stID=6805 . На празникот на св. Петка владиката не пушта да дојде поп во манастирчето бидејки манастирот нема фискална каса и бидејки парите што верниците ги оставаат не оделе во црковниот буџет. Никој не ја прашува како таа го изгради тој манастир. Ја знам лично, таа и нејзиниот, сега покоен, сопруг се презадолжија и со кредити и кај луѓе за да се изгради тој манастир, се разбира имаше и такви кои помогнаа во изградбата, меѓутоа од црковниот буџет не беше одвоен нити еден денар за тој манастир, а сега парите да оделе во црковниот буџет ... што да кажам понатаму на темава ... најверојатно владиката има потреба и од викендичка ! :)
 
Тој џип не е земен појќе од 5000 евра. Искористија законо за увоз и пратија од синодот еден ѓакон со 5000 евра во германија а сите владици, попови се собраа по цркви и дење ноќе се молеа да за тие пари Бог им помогне да најдат шо поарна кола. За малце сатаната ќе го заведеше ѓаконо да земи БеЕм Ве 730 (со фул опрема, направен сервис, плус 4 нови гуми зимски на челични бандаши од стара жена ва гаража) кога прстот божји го отргна од таму и го прати на еден подалечен плац на северот каде обично пазарат правослвните руски браќа. И таму го најде тој мерцедес, малце гребнат на лево крило, требаше да му се мени ламбда сензор, и да се среди сијаличката за аирбег која се уклучваше повремено (ангели му се јавија на сон на механичарот и му рекоа дека има кондензација во конекторот) и така ја зедоа (со малце ценкање за 4300 евра.
 
Ајде бе уживајте ... сега владата ке реагира и ќе му го одземат и ќе го обноват манастирот или па ќе изградат некоја нова црква :D btw... Во кочанското сели Соколарци има манастир на св. Петка и лековита водичка. И се јавило на сон на жената што замива ... http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=1935&stID=6805 . На празникот на св. Петка владиката не пушта да дојде поп во манастирчето бидејки манастирот нема фискална каса и бидејки парите што верниците ги оставаат не оделе во црковниот буџет. Никој не ја прашува како таа го изгради тој манастир. Ја знам лично, таа и нејзиниот, сега покоен, сопруг се презадолжија и со кредити и кај луѓе за да се изгради тој манастир, се разбира имаше и такви кои помогнаа во изградбата, меѓутоа од црковниот буџет не беше одвоен нити еден денар за тој манастир, а сега парите да оделе во црковниот буџет ... што да кажам понатаму на темава ... најверојатно владиката има потреба и од викендичка ! :)

Не ми се верува еј, ц, ц, ц, кај ќе им иде душата... срамота.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom