Divider
Seraphim
Дури 20 милиони евра за четири локалитети
Ниту една земја досега не направила ваков подвиг, со олку пари да го финансира истражувањето на своето културно наследство, вели Паско Кузман
![]()
Деновиве ќе почнат големи археолошки ископувања на скопското Кале
Околу 20 милиони евра од буџетот годинава ќе бидат потрошени за ископувања на четири археолошки локалитети во земјава, информираат од Управата за заштита на културното наследство. Како дел од капиталните проекти на Владата деновиве треба да почнат големи археолошки ископувања на скопското Кале, на античките градови Стоби кај Градско, Хераклеја Линкестис кај Битола и големата некропола Исар кај валандовското село Марвинци. Според Паско Кузман, директор на Управата, ниту една земја досега не направила ваков подвиг, со толку пари да го финансира истражувањето на своето културно наследство.
Дневник.
Инаку, Село гори, финансиска криза мава по цел свет, баба се чешла, а ние после прилепцките сармички ќе влегуваме во Гинис со една интересна работа, имено 20 милиони евра за 4 локалитети и истражување на истите.
Убаво е тоа што конечно на Паско и на власта им текна да отпочнат со конкретно истражување на ахреолошките локалитети, ама зарем сега е моментот за тоа?
Во ек е најголемата финансиска криза по онаа межу двете светски војни. Светот се наоѓа на праг на голема рецесија. Вториот бран ни нас не не одминува.
Се ми се чини дека овие акции се малку задоцнети, ако сето случување во светот се земе предвид.
Ова се требаше многу порано да се случува...ама сега, 20 милиони евра кога се очекува енормен дефицит, криза, беспарица, натамошно сиромашење на народот, некако ми се чини детински, безидејно и будалесто наивно.
Вие?