Архангел

  • Креатор на темата Креатор на темата Natural-girl
  • Време на започнување Време на започнување
Ристо со години се крие од останатите, оригинални членови на Архангел, бидејќи им е должник. Бидејќи е шворц, сега ќе прави концерт со изнајмени музичари, за да помине поефтино.
 
Ристо со години се крие од останатите, оригинални членови на Архангел, бидејќи им е должник. Бидејќи е шворц, сега ќе прави концерт со изнајмени музичари, за да помине поефтино.
Ај ќе те сецнам у муабетов малку, не знам дали муабетиве ти се од прва, втора рака ~ рекла-казала но неважно. Забележав и пред тоа имаше оставено некои факти за Архангел и Мизар дека имаат исти песни во репертоарот, ете нешто за кое не сум го знаел и тешко може да се најде на интернет. Така да, ако знаеш уште нешто, што и да знаеш околу Архангел/Вртев сподели, секоја информација е вредна :)
 
Да :) не е 100% сигурно ама шансите да нема се повеќе од инцидентна природа затоа што концерт на Архангел наречен „Рок и класика“ е предвиден во буџет програмата за остварување на националниот интерес во културата во 2013 година при министерството за култура. Организаторите мислам дека веќе ги имаат лапнато парите, но во секој случај чим е поднесена апликација да биде потпомогнат настанот од министерството за култура тоа значи било во координација и во склад со плановите на Архангел. Кога и каде сеуште организаторите немаат објавено ништо... не би ме чудело веќе пролетва... но можеби и наесен. И за жал истите организатори како пред 2 години, ама тоа е помалку важно. Важното е дека е во план оваа година и големи се шансите дека ќе има (y)

Извор: http://www.kultura.gov.mk/images/stories/dokumenti/programa/GODISNA_PROGRAMA_KULTURA_2013.pdf

Aјде сеа

Колку што чув јас , имало молби до Вртев за негово повторно враќање на сцената , па и едно концертче да одржи , но не сакал . Рекол дека не сака да се комерцијализира.
 
Aјде сеа

Колку што чув јас , имало молби до Вртев за негово повторно враќање на сцената , па и едно концертче да одржи , но не сакал . Рекол дека не сака да се комерцијализира.
Да се комерцијализира? Со тоа што прави еден концерт на 2-3-4 години :D ? Не се како Нокаут што ги прошетаа сите градчиња настани фестивали низ државава на база на анплаг кавери/преработки на странски песнички. Друго, зошто прифати пред 2 години да прави концерт ако не сака да се „комерцијализира“. Мене не ми е логично, ако е веќе влезено во програмата, сигурно постои најмалку усна согласност, не може на организаторите туку така да им текнало да планираат концерт без негово знаење, па сега овој да не сака. А ако има побарувачка, а мислам дека има, зошто да не... не прават на секои 2 месеци настапи па се комерцијализирале :)
 
Да објаснам :

Као Вртев пее од ќеиф , а не затоа што некој би им рекол , најверојатно тоа зависи од тоа како тој (или тие ) се чуствува(ат) дали се расположени за настап или не.

Се извинувам однапред ако сум грешка , или пренесувам неточна информација.
 
Да не знае некој дали негде на интернет или било каде може да се најде концертот од 2005 што пред малку заврши на МТВ2?
 
Да не знае некој дали негде на интернет или било каде може да се најде концертот од 2005 што пред малку заврши на МТВ2?
Го нема на интернет никаде, или ја барем не сум го сретнал, а сум го барал. Ја го имам како TV Rip... е сега додека снимката е солидна или е сосем гледлива со мала софтверска обработка, звукот не ми е баш задоволителен, има многу шум, пробував и него софтверски да го потсредам ама не сакав да го осакатам и не знам воопшто дали е можно да се среди. А мислам дека и изворно таква им е снимката, само со рипувањето уште повеќе се влошува звукот. Од тие причини не сакав да го аплодирам никаде.
Еве како изгледа/звучи без дополнителна обработка. Ако мисли некој дека има начин да се среди звукот нека ми пише ПП.
 
Ако можи некој линк да стави тука за цела дискографија или по пп да ми ја пушти ако ја има некој ? :)
 
Ги има ли албумите на Архангел во Југотон и колку пари се?
 
Нели требаше да имаат настап годинава? Да не знаете нешто?
 
Ако може некој нека ми прати линк за симнување на Небесна Машина

и Live in Skopje
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom