Арсенал - Челзи 29.09.2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Cannon
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши натпреварот?

  • Победа за Арсенал

    Гласови: 78 51,3%
  • Победа за Челзи

    Гласови: 50 32,9%
  • Нерешено

    Гласови: 24 15,8%

  • Вкупно гласачи
    152
Статус
Затворена за нови мислења.

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.842
563990_486083131410050_213869636_n.jpg


Прво не сум многу искусен во отворање на вакви теми така да однапред се извинувам ако направам некоја грешка.
Значи следува големото Лондонско дерби. Арсенал и Челзи имаа добар старт оваа сезона, Челзи се први со освоени 12 бода, додека Арсенал се петти со освоени 9 бода од вкупно одиграните 5 натпревари до сега. Заедничко за двете екипи е тоа што имаат примено само по 2 гола до сега, и двете екипи не се поразени до сега. Претходниот натпревар Арсенал го одигра со Сити, така да овој е период на тешки натпревари на Арсенал. Претходниот натпревар Челзи го одигра со Стоук, и може да се каже дека ова ќе му биде прво големо дерби од ПЛ.
И двете екипи купија голем број на нови играчи, секако најголем удел досега во нивната игра имаа Казорла за Арсенал, и Хазард за Челзи. Голем удел во конечниот исход на натпреварот ќе има кој од овие двајца играчи ќе успее да го наметне својот стил, и секако како ќе се постави одбраната спрема нив.
Во претходните 5 натпревари помеѓу овие екипи резултатите се следни, Арсенал и Челзи имаат по 2 победи, една завршила нерешено. И двете екипи имаат по 8 гола дадено. Додека во целокупната статистика Арсенал има преднос 61 победа и 44 порази, додека 44 завршиле нерешено од вкупно 150 лигашки натпревари.
Не сум запознаен дали некои играчи се повредени или суспендирани од двата тима (освен нели случајот со Тери, а за други промени нека напишат фановите на Челзи доколку има), што значи двете екипи ќе излезат со најсилните состави.
Судија на натпреварот ќе биде M.Аткинсон
 
Малце ќе бидам пристрасен, ама победа за Арсенал.:D
 
Eден икс може :D Али се ми иде дека Арсенал втора година ќе тепа на мостот.
 
Навивачки гласав за Арсенал, но се може да биде, играме добро, но и Челзи не е лош, сепак се на врвот на табелата без пораз, иначе играат моментално два непоразени тима, со најдобрите одбрани во лигата (2 примени гола).
 
Од навивачки аспект сакам да тепа Челзи , инаку нека биде интересно за гледање да не :sleep:..
 
Корегирано е за судијата и грешките во статистиката
 
Навивачки сакам Челзи да победи нормално.
Реално им давам мала предност на Арсенал.
Така да ако победи некоја екипа најверојатно тоа ќе биде со гол разлика во тврд натпревар.
Мислам дека ќе заврши нерешено натпреваров. Се некако ми иде накај 0-0.
Без РВП и Дрогба ќе нема кој голови да дава :icon_mrgr:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom