Cannon
Doctor
- Член од
- 22 март 2009
- Мислења
- 5.101
- Поени од реакции
- 5.842

Прво не сум многу искусен во отворање на вакви теми така да однапред се извинувам ако направам некоја грешка.
Значи следува големото Лондонско дерби. Арсенал и Челзи имаа добар старт оваа сезона, Челзи се први со освоени 12 бода, додека Арсенал се петти со освоени 9 бода од вкупно одиграните 5 натпревари до сега. Заедничко за двете екипи е тоа што имаат примено само по 2 гола до сега, и двете екипи не се поразени до сега. Претходниот натпревар Арсенал го одигра со Сити, така да овој е период на тешки натпревари на Арсенал. Претходниот натпревар Челзи го одигра со Стоук, и може да се каже дека ова ќе му биде прво големо дерби од ПЛ.
И двете екипи купија голем број на нови играчи, секако најголем удел досега во нивната игра имаа Казорла за Арсенал, и Хазард за Челзи. Голем удел во конечниот исход на натпреварот ќе има кој од овие двајца играчи ќе успее да го наметне својот стил, и секако како ќе се постави одбраната спрема нив.
Во претходните 5 натпревари помеѓу овие екипи резултатите се следни, Арсенал и Челзи имаат по 2 победи, една завршила нерешено. И двете екипи имаат по 8 гола дадено. Додека во целокупната статистика Арсенал има преднос 61 победа и 44 порази, додека 44 завршиле нерешено од вкупно 150 лигашки натпревари.
Не сум запознаен дали некои играчи се повредени или суспендирани од двата тима (освен нели случајот со Тери, а за други промени нека напишат фановите на Челзи доколку има), што значи двете екипи ќе излезат со најсилните состави.
Судија на натпреварот ќе биде M.Аткинсон