Апсолвентите на протест за ваучерите!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
So it's official then...море нек се гонат! Не е фер, јес да и животот не е фер, ама требаше да дадат наместо да го нагрдуваат Скопје!
 
све ок. не даваат- не даваат. што можам јас тука? НИШТО
е само што ме изнервира она копилено живковски... се избаци нешто у стилот ќе се трудиме на студентите да ИМ дадеме ваучери... поентата те тоа што го кажуваше не беше битно... работата беше во тоа ИМ.. тој не е студент? тој не е еден од нас? што глуми тој? црвен крст? ми пукна филмот копиле... ако стана со партиски студентски избори претседател на такозваниот спуким не стана којзнае што.. клошар
 
Се додека не се собереме сите студенти пред влада тешко дека ќе има поинаква одлука од оваа. Но , гледам атмосфера за тоа нема. А и да излезиме пак ќе не излажат и ќе ни речат ако има пари во буџетот до јуни обавезно ќе ви дадеме. Абе до кога вака? До кога ќе бидеме ние студентите најневажен дел од општеството?
Јас колку шо знам ова беше 4 годишен проект на оваа влада. Тоа што не се исполнува тоа што се ветува ни стана навика на сите. Изгледа научивме да живееме со тоа.Иако не треба да биди така :(
 
А што ке ви се ваучерите? 80% од нас (ако не и повеќе, вклучувајки ме и мене тука) ке ги продадат за 100-120 евра. Значи на протести за да ни дадат пари? Сите deep down знаеме дека ова што го бараме не е праведно, и затоа нема некоја поголема инициатива.
 
Од каде знаеш дека ова не е праведно? Еве на пример јас тоа не го знам.
Ако мене нешто ми ветила владата како апсолвент мислам дека треба да си го исполни. А што ќе му правам на ваучерот понатаму тоа е моја работа.
 
Јас колку шо знам ова беше 4 годишен проект на оваа влада.

од кај таа информација?
ако е од предизборна кампања- заборавено е,
а ако имаш потпишано договор за добивање на ваучер - тоа е нешто друго.

подржувам протести за подобрување на студентскиот стандард, кој смрди надалеку :helou:
 
Информацијата се разбира е од вести кои ги гледам секој ден, не си измислувам јас работи. А за договори се разбира дека нема, и нема да одиме напред се додека се работи на ваков начин, никогаш!
Тоа што забораваат некои луѓе е жално ама вистинито. Сепак постојат и такви кои не забораваат, еве на пример како мене :)
Впрочем ми е мило за подршката :helou:
 
Требаше да имаме некоја група како Студентски Сојуз (парламент по ново) кои земаат пари од секој студент, секоја година и тие треба да се залагаат и да се организираат на протести (ама како кога беа наместени и оваа година студентските избори).
и сега со парите што ги земаа, пресметај колку трава ќе купат :kesa:
 
Од каде знаеш дека ова не е праведно? Еве на пример јас тоа не го знам.
Ако мене нешто ми ветила владата како апсолвент мислам дека треба да си го исполни. А што ќе му правам на ваучерот понатаму тоа е моја работа.

:) Ете така знам. Ти не знаеш и затоа нема ваучер, шала. Јас сум да се даде ваучери само на тие што навистина им требаат. Плус ова не е закон, ова со ваучерите беше за да се добијат гласовите на студентите, сега кога нема да има избори, нема ни ваучери, дај биди малце реална те молам, ке видиш кога ке има избори ке има ваучери пак. Пингвинот е опасен, иако изгледа наивен.
 
Требаше да имаме некоја група како Студентски Сојуз (парламент по ново) кои земаат пари од секој студент, секоја година и тие треба да се залагаат и да се организираат на протести (ама како кога беа наместени и оваа година студентските избори).
и сега со парите што ги земаа, пресметај колку трава ќе купат :kesa:

Кој им дозволува студентските избори да бидат наместени? Зошто сите претседатели на студентски сојузи се партиски определени? Баш би сакала да слушнам мислење твое, но и на другите.:)

:) Ете така знам. Ти не знаеш и затоа нема ваучер, шала. Јас сум да се даде ваучери само на тие што навистина им требаат. Плус ова не е закон, ова со ваучерите беше за да се добијат гласовите на студентите, сега кога нема да има избори, нема ни ваучери, дај биди малце реална те молам, ке видиш кога ке има избори ке има ваучери пак. Пингвинот е опасен, иако изгледа наивен.
Да, знам дека не е наивен и тоа го сфатив одамна. Реална сум и знам зошто го прават ова. Но, кога има економска криза не треба да трошат пари и за други безвредни цели. Но, тоа не е сега тема на муабет.
Муабетот ми беше за тоа дека ние студентите треба малку повеќе да се бориме за она што го сакаме. Или треба да се најди некој подобар начин за постигнување на целите, незнам.
Инаку за добивање на ваучери мислам дека треба да добијат сите што ќе исполнат услов и се запишат во 4 година..демократско општество сме нели?
 
Кој им дозволува студентските избори да бидат наместени? Зошто сите претседатели на студентски сојузи се партиски определени?
па нели дојде на денот на избори овој во заминување да се тепа?
или се лажам, таму на КГФ?:tapp:
демократско општество сме нели?
општество?:vozbud:
демократско?:toe:
 
па нели дојде на денот на избори овој во заминување да се тепа?
или се лажам, таму на КГФ?:tapp:

општество?:vozbud:
демократско?:toe:

Па се тепаше затоа што имаше некоја корист, бенефиции и кога веќе ги изгуби неможеше да си ги прикрие емоциите. Познавам многу вакви што на ваков начин ги решаваат проблемите. И потоа ние сме биле цивилизирани. Сме, но само мал дел. :toe:

Иако во многу сфери не сме, сепак ние треба да бидеме демократско општество и ако фалат некои елементи од него треба да се потрудиме да ги надополниме. Затоа велам сите треба да добијат ваучери.
 
Се додека не се собереме сите студенти пред влада тешко дека ќе има поинаква одлука од оваа. Но , гледам атмосфера за тоа нема. А и да излезиме пак ќе не излажат и ќе ни речат ако има пари во буџетот до јуни обавезно ќе ви дадеме. Абе до кога вака? До кога ќе бидеме ние студентите најневажен дел од општеството?
Јас колку шо знам ова беше 4 годишен проект на оваа влада. Тоа што не се исполнува тоа што се ветува ни стана навика на сите. Изгледа научивме да живееме со тоа.Иако не треба да биди така :(
зашто пред Влада,кога главните протести,изјави и пароли ги правиме на ФБ:toe:
:tapp:
прв што треба да поведе на протест е претседателот на ССУКИМ,а додека тие членуваат во некои партии не очекувајте ништо:nenene:
п.с.аманет на македонските студенти е да се буни само кога ќе се соберат на кафе-па сега видете колку души се бунат
 
Сакав да кажам јавно да ги искажиме нашите барања. Се подржува и тоа што се прави на ФБ но без конкретни чекори и барања тешко се постигнува било што. Не зборувам само за ваучери, тука има многу работи за кои треба да се разговара.

Навистина каде се претседателите на студентските сојузи и не само на скопскиот, туку на битолскиот, тетовскиот и сите други универзитети во Македонија!? Па студентите не знаат ни како изгледаат,глас не им се слуша, а кога има избори сите молат за гласови. :tapp:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom