Апсолвентите на протест за ваучерите!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Интерес да ..
колку што се грижат за својот личен интерес (секој кој е на власт) толку да се грижеа за народот и државата друго ќе беше :toe:

Па секоја политичка партија, насекаде на светот, се формира пред се за остварување одреден вид на интерес. Дури и во книгите за Политички партии, тоа ти е дефиниција за партија. Но, во нормална држава, партиите гледаат некако да го поклопат интересот на државата, со своите интереси, па да нема загуби, а кај нас интересот на државата е некаде одамна заборавен и фрлен.

На темава...
Ја читам темава и се чудам. Наместо студентите да се здружат заедно и да протестираат за правата на студентите (ама вистинските права), наместо да се бунат за поквалитетно образование, поефтини книги, подобри услови за студирање и слично, они се бунат за ваучери. И јас сум апсолвент, но сметам дека студентите, меѓу кои спаѓам и јас, треба да мислат на поважни работи од едни ваучери. Имаме корумпирано високо образование, корумпиран студентски сојуз кој е партиски сојуз, имаме скапи книги кои на некои факултети мора да се купат, студентски прашања кои на речиси сите факултети се малтретажа и гњаважа. Според мене ова се многу пореални проблеми за кои треба студентите да се обединат. Ваучерите доаѓаат како нешто плус и се ок, не велам не, НО зошто да не се обидат студентите и младината да направат нешто повеќе? Зошто сите се бунат за ваучери, а никој не е спремен да се бори против корумпираноста и квалитетот кој се повеќе опаѓа? Бидејќи ваучерите се за сопствен задник, а ова другово ќе ме боли цеф, и онака завршувам што ми е гајле што е зезнато образованието. Така барем некако доаѓа.

Со ваква младина, политичарите имаат иднина.
 
Со задоволство би и дозволил да ме плесне :smir:

како и да е ...
погрешна насока терате и погрешно ја сваќате работава ...
а и никој не е будала да студира за ебан ваучер од 250евра ... затоа шо трошоците се мнооогууу повеќе :toe: незнам само како ви сече мозокот такви споредби да правите ... студирале ваучери да земат ... незнам ни од каде ви дојде таа идеа ...
се знае за шо се студира ...
а ваучерите ги повлекоа без никаква реална причина .. неосновано .. иако рекоа дека тоа ќе премине во традиција .. можеби нова традиција ќе биде градење на секои 50метра мост по Вардар од Тетово до Гевгелија .. :kesa:
 
чабе им објаснувас не свакаат прво незнам со толку ви пречи што сакаме ваучер освен партиски дека сте обоени и тоа јавно ви го пишува на профилите нејсе секој има право да биде сипатизер. Второ на некој да се исмејува со социјални случаеви и да прави иронија почнува да се плашам кај живеам. Трето не е само за ваучери ако читаш ние се буниме и за висока партиципација и лоши услови и тоа утре ке дознаат сите медиуми. Четрврто што ја споредувате америка 7000 долари просечна плата со 200 долари и кај нас има приватни кој 5000 долари е годишно студирање збориме за државни кај што е 1200 евра. Петто зашто на оваа тема дискутираат луге кој не се апсолвенти имате попаметни работи остајте не нас имате по 25 години гледајте постари сте оправете го општеството кога не плукате нас.Последно кординативното тело и господинот иво ивановски имале состанок министерот рекол дека е направена грешка ке земат кредит и секој апсолвент ке си земе по 18 000 денари ај поздрав:pipi:
 
Nikoj ne sporeduva vacueri so redovni trosoci za studiranje nitu deka studirate za vaucer.

Tuku polemizirame deka ne e na mesto protestot.

Buntuvahjte se za se ona sto rece Crazy, a ne za mocan vaucer za kompljuktorce koj i onaka ne vi sleduva po redovna linija.
 
ЕТЕ ПИШАВ СИТЕ СТУДЕНТИ НА ПРАВЕН УТРЕ ВО 11 ЧАСОТ КЕ ИМА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА ПРЕД ВЛЕЗОТ КАЈ ШТО МЕДИУМИТЕ КЕ ИМ ГИ ОБЈАСНЕМЕ НАШИТЕ БАРАЊА НА МИРЕН КУЛТУРЕН НАЧИН ЗА 1200 ЕВРА ПАРТИЦИПАЦИЈА ПОЗДРАВ
 
Bravo!
A stavi izvicnik na krajot?? Ili nekade zapirka??

Kolku da znaat sto sakas da kazes ili site kako tebe, nemaat pojma do gramatika?
 
КО ТЕБЕ И ЈАС, НИГДЕ НЕ ВИДОВ ОСВЕН ВО ПОСЛЕДНИОТ ПОСТ И ПИШИ КИРИЛИЦА МАКЕДОНЦИ СМЕ
 
На темава...
Ја читам темава и се чудам. Наместо студентите да се здружат заедно и да протестираат за правата на студентите (ама вистинските права), наместо да се бунат за поквалитетно образование, поефтини книги, подобри услови за студирање и слично, они се бунат за ваучери. И јас сум апсолвент, но сметам дека студентите, меѓу кои спаѓам и јас, треба да мислат на поважни работи од едни ваучери. Имаме корумпирано високо образование, корумпиран студентски сојуз кој е партиски сојуз, имаме скапи книги кои на некои факултети мора да се купат, студентски прашања кои на речиси сите факултети се малтретажа и гњаважа. Според мене ова се многу пореални проблеми за кои треба студентите да се обединат. Ваучерите доаѓаат како нешто плус и се ок, не велам не, НО зошто да не се обидат студентите и младината да направат нешто повеќе? Зошто сите се бунат за ваучери, а никој не е спремен да се бори против корумпираноста и квалитетот кој се повеќе опаѓа? Бидејќи ваучерите се за сопствен задник, а ова другово ќе ме боли цеф, и онака завршувам што ми е гајле што е зезнато образованието. Така барем некако доаѓа.

Со ваква младина, политичарите имаат иднина.


Една работа- Апсолвентите протестираат за ваучерите заради тоа што тоа е единствено нешто што остана за кое можат да се бунат без да имаат некакви негативни последици по нивните студии.
Не знам колку се секавате, но да ве потсетам дека ланската учебна година имаше еден безуспешен обид да се направи мирен протест под името ИНДЕКС. Значи стана збор за 50 тина студенти кои излегоа пред комплексот факултети за општествени науки и се обидоа да ги повикаат своите колеги и да ги искажат своите барања. Значи барањата беа:
1. Укинување на партиципацијата во државна квота;
2. Намалување на партиципацијата за квотата со кофинансирање;
3. Подобрување на животниот стандард на студентите.
Тоа беа трите главни барања кои ме убедија да излезам и јас на протестот( ако може да се нарече така). Но што се случуваше и зошто не излегоа мнозинството студенти кои во тој момент беа присутни на факултетите и зошто немо ги следеа 10тината кои јасно и гласно го искажаа својот револт?
Оние студенти кои се од Скопје (без навреда и секоја чест на исклучоци) не им беше гајле-нивни трошоци околу факултетите се само партиципацијата и книгите, што не е ни приближно колку што им се трошоците на студентите од страна, и плус не ни биле во некој од студентските домови да видат каков е тој всушност студентски стандард на живеење.
Мнозината студенти кои навистина се согласуваа со барањата не излегоа, затоа што: се плашат од реакциите од дома, многу од нив се вселени во студентските домови со помош на партиски книшки или било какви исполитизирани врски, па се обидуваат да си го зачуваат местото во студентските домови, се извикуваа пароли против Малчески-кој е партиска марионета- па можно е и малтретирање од одредени професори (колку што ме држи памтењето мислам дека Фрчковски баш како универзитетски проф. не ги подржа студентите-поправете ме ако грешам) итн.
Сето ова го слушав од мои колеги и колешки, и се револтирав заради тоа што како студенти сме угнетени и без право на глас. А овие протести за ваучерите сосема ги подржувам, затоа што кога ние имаме пари(ако немаме се снаоѓаме) да плаќаме по 750 ден за ИКСА на УКИМ,тогаш можат да се одделат пари и за ваучери што нема значајно да го олесни буџетот на Р. Македонија.
Студент сум и се борам за своите заслуги.:helou:
 
А овие протести за ваучерите сосема ги подржувам, затоа што кога ние имаме пари(ако немаме се снаоѓаме) да плаќаме по 750 ден за ИКСА на УКИМ,тогаш можат да се одделат пари и за ваучери што нема значајно да го олесни буџетот на Р. Македонија.
Преубаво кажано.Како што јас се снаоѓам за дебилни работи ко ИКСА на УКИМ и книжен фонд и солидарна одговорност и студентски сојуз(на кој не сфаќам која му е функцијата), така и владата ќе се снајде за ваучерите.
 
Лично, јас тотално се борам за мојот ваучер така скржаво бидејќи оваа држава не ми остави ништо друго за да се борам па ете затоа личните интереси си ги ставам на прво место. Извинете што сум таков, но сепак таков ме направило ова општество. Попрво 12000 студенти ќе излезат за она што им следува финансиски отколку за било што друго бидејќи сме голтарска држава.Сам знам како си го плаќам образованието и покрај мојата рата од 7.650 денари давам плус 1400 денари за административни трошоци кои се непотребни и не гледам никаква бенефиција од тоа како на пример што ги спомна Тања ИКСА Студентски Сојуз и Интернет и Спортски Активности!!! Ви се молам кој видел АИР од наброениве, за што давам пари? Ќе ми објасни некој од паметните? Значи како што давам пари така и немилосрдно ќе барам безразлика што и да мислите. Извинете што сум апсолвент оваа година и што мостовите, барокните огради и кич скулптурите го исцедија буџетот, стварно извинете!
 
Н И јас сум апсолвент, но сметам дека студентите, меѓу кои спаѓам и јас, треба да мислат на поважни работи од едни ваучери. Имаме корумпирано високо образование, корумпиран студентски сојуз кој е партиски сојуз, имаме скапи книги кои на некои факултети мора да се купат, студентски прашања кои на речиси сите факултети се малтретажа и гњаважа. Според мене ова се многу пореални проблеми за кои треба студентите да се обединат. Ваучерите доаѓаат како нешто плус и се ок, не велам не, НО зошто да не се обидат студентите и младината да направат нешто повеќе? Зошто сите се бунат за ваучери, а никој не е спремен да се бори против корумпираноста и квалитетот кој се повеќе опаѓа? Бидејќи ваучерите се за сопствен задник, а ова другово ќе ме боли цеф, и онака завршувам што ми е гајле што е зезнато образованието. Така барем некако доаѓа.

Кој ќе се буни против корумпираност, кога студентите најчесто нудат мито, како некој да се буни против опаѓање на квалитетот кога сите се радуваат кога некој ќе помине со 10 прашања што ги прочитал пред полагање!
И јас викав дека немаме право за ваучери, од една страна никој тоа не го ветил, од друга рецесија, ама кога видов за што се трошат пари,си реков зашто и јас да немам некаква корист, зашто парите да отидат по реклами и нови непотребни мостови!
 
кој кретен

КО ТЕБЕ И ЈАС, НИГДЕ НЕ ВИДОВ ОСВЕН ВО ПОСЛЕДНИОТ ПОСТ И ПИШИ КИРИЛИЦА МАКЕДОНЦИ СМЕ
Nemam kirilica na Blackberry-vo! Koga ke imam togas!

Кој ќе се буни против корумпираност, кога студентите најчесто нудат мито, како некој да се буни против опаѓање на квалитетот кога сите се радуваат кога некој ќе помине со 10 прашања што ги прочитал пред полагање!
И јас викав дека немаме право за ваучери, од една страна никој тоа не го ветил, од друга рецесија, ама кога видов за што се трошат пари,си реков зашто и јас да немам некаква корист, зашто парите да отидат по реклами и нови непотребни мостови!
Jebiga Stefan! Na vas e da se borite protiv vospostavenata tradicija na korupcija kaj daskalite! Ne da ja potpomagate!
A za vaucerite ako se bunite ke ve stavat vo kosot na alcni i ke vi barast i natamu!
Ribata smrdi od glavata! Otsecete ja!
 
Ако некој ја прелиста темава, мислам дека на првите страни поставив едно прашање: дали е вистина дека ќе се делат 65.000 компјутери по основните (значи, нови компјутери), а за студентите ќе нема ваучер.

И јас сум студент и ги бранам правата на студентот. А правата на студентот, во поголем дел, ги опфати Крејзи Ин Лав во постот. Ова не е право, ова е привилегија. Нејсе, како таква, ајде уште еднаш да ја анализираме - на крај ќе ви кажам и зошто:

Рецесија. Уау. Терор. Страв и ужас. Лук и вода. Македонија нема економија, за да влезе во рецесија. Просто ко грав. Ние сме во рецесија цела самостојност. И ќе бидеме, уште некое време. Де-факто рецесија (ако се прашуваат економските дефиниции) или подобро да ја наречеме Финансиска Криза.

Во ред е да се забележи дека штом има пари за скулптури, треба да има и за ваучери за апсолвентите. Се согласувам дека доделувањето на ваучерите е одличен гест, и би било феноменално да продолжи. Најдобро би било да е само првиот од многуте подобрувања кои во иднина ќе се случат, а ќе се во насока на одбрана на студентските интереси и подобрување на квалитетот на студентскиот живот, односно олеснување на процесот на студии во сферата на помагалата и финансиските обременувања (поефтина партиципација, попристапни материјали итн итн).

По една слична логика, во ред би било да се забележи дека и Охрискиот театар би можел да протестира пред Владата т.е. Министерството за култура затоа што не им доделило пари за ниту една од седумте премиери со кои аплицирале (ова е само пример, измислен). Во ред е да протестира, затоа што ако има пари за скулптури, треба да има и за претстави.

Понатаму (уште еден симулиран пример) професионалните војници би требало да протестираат бидејќи ќе ги пратат во пензија на 38 години без решен статус и половина живот ќе треба да го минат на улица. Кај има пари за скулптури, мора да се најдат и за војската.

Повторно симулација: млекарите од Нордмилк треба да протестираат затоа што владата не им помогнала да се справат со економската криза, неоткупувањето на млекото. Зошто? Затоа што има пари за скулптури, мора да има и за земјоделците!

Доволно е, мислам дека ме сфативте што сакам да кажам досега. Сите овие примери, измислени - бидејќи не располагам со точна фактографија, лесно би можеле да се аплицираат во нашево општество. И за сите, во случајот имаме едно врзно ткиво, еден НЗС - скулптурите, фамозни и оговарани со што (бар на добар дел од нив, по мое скромно мислење) им се подига рејтингот повеќе него што заслужуваат. Ама тоа е мое скромно лично мислење.

Факт е дека би било супер сите проблеми да ги решиме - ама толку пари се нема. Е кога ќе се нема, и секој ќе го гледа првично својот задник, први на удар ќе ги земеме скулптурите и спомениците. Зошто? Затоа што без нив се живее, ама без „нашиот проблем, дефицитет“ никако. Тоа го докажува нивото на општеството во кое живееме, не сфаќајќи дека иако не може сите проблеми да се решат со магично стапче, може да се почне колку се може, дел по дел; иако има милион места каде може да се потрошат неколку милиони евра, тоа не значи дека дел од тие пари не треба да завршат во културата (скулптури, театри, претстави, премиери, чуда). Не смее една гранка да заостанува премногу за сметка на друга. Особено културата, која ни фали.

Затоа го поставив почетното прашање за компјутерите за основците: ако е точно дека на 100.000 набавени компјутери во проект за кој се покажа дека е преизбрзан - и - неуспешен во посакуваните рамки - од неколку аспекти, се одвоиле пари за уште 65.000 - го имате сето право на светот да се буните, бидејќи станува збор за планирани средства од еден ист ресор. Кецот во ракавот ќе ви биде успешноста на првиот дел од проектот, како и потребата постарите (апсолвентски) генерации да употребуваат компјутери за лична и професионална надоградба и прилагодување кон новото време.

Ама ако тоа не е вистина и се направиле нови пресметки според кои во буџетот за оваа година не може да се одвојат пари за ваучери бидејќи во време на штедња има и други, да речеме еднакво важни работи и токму ваучерите биле закачени од ивицата на критериумот за подомаќински планирани пари, нема лутиш.

Не заборавајте и на другите фактори (математички) во смисол на држење на глобалното задоволство кај народот односно една не мала гласачка група. Јас се обложувам дека Владата би сакала на сите да ви подели ваучери. На сите пензионери 15-та пензија да им даде (и да не редам пак...). Ама некогаш, нема. И не треба за тоа да се чукаме со главата во ѕид.

Се впуштам во дискусија, не од инает и зајадливост, туку за да ви воочам дека некои работи во одреден момент се такви какви што се, а Вие (Ние) треба да ги осознаете правата, да ги препознаете потребите и да ги формулирате барањата, што пореално се може.

Не сакам мојата генерација да се истренира на начин кој ќе ја тера да исправува „социјални неправди“ кога ќе ги нема. За доброто на Македонија.

Со Господ напред,
и да ви успее иницијативата.

Ама после тоа, седнете и размислете - што јадел бурек Серпико, Гарфилд, Петко, Трајко... Не велам дека сум во право, туку само нудам еден поинаков аспект на гледање на работите од како шо би рекол другар ми со Идиот во никот, „целата апсолвентска фела“. Не од инает, туку од желба да се подобриме како личности и да имаме поздрав пристап утре, кога ќе ја земеме државата во наши раце.
 
Полека драги скокачи.
Дали ако кажеа дека истите пари (а не се малку) место да дадат ваучери, ќе ги инвестираат во средување на студентските домови или во инвестирање во книжниот фонд на библиотеките на факултетите (кој е срамно мизерен), вие немаше да се буните?
Тикви! Пак ќе барате ваучери и тогаш на скопјаните ич нема да им биде гајле за "колеги генијалци со 4 деца во фамилија што мора да одат во интернет кафе"! Не изигравајте хумантираци, доволни се а1 и сител!
Пак значи на крај не се работи за вашиот личен интерес, а не за општото добро како што некои пробувате да го претставите тоа.
И како успевате бе луѓе да се сплотите и да делувате како едно кога треба да добиете нешто материјално? Како ниеднаш не се собраа повеќе од 20тина луѓе кога треба да се протестира за нешто што би било за општото добро на сите студенти? За промени кои можеби вас ќе ве мавнат по нос, но од кои идните генерации ќе имаат бенефит? Каков ќар ќе имаат идните генерации од вашите компјутери? Ќе ви ги читаат вечните постови на форумов? Што не направите протест за да се открие каде одат тие пари што се уплаќаат за студентски сојуз? Што не се буните кога уплаќате за книжен фонд, ги земате книгите од библиотека, ги враќате партал направени, ама цела година сте ги користеле? Или тогаш ви чини?
Партиципацијата е за да учите на факултет, да добиете знаење од факултетот! Со кој дел од таа партиципација вие сте задолжиле било кого да ви даде компјутер?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom