- Член од
- 31 мај 2008
- Мислења
- 803
- Поени од реакции
- 33
Без намера да сум деструктивец, коментирам размислувајќи подлабоко за тие - апсолвентите кои се иднината на земјата, нараснувачкиот интелектуален капацитет, кои протестираат за нешто што, на некој начин и мене ме засега, знаеш на кој.
Нејсе, јас би сакал да им се дадат компјутери. Не само на апсолвентите, туку на сите на кои им требаат. Не само компјутери, може и куќи, викендички, Хонди Акорд, одлично платени работни места - ама (пази сеа) - не може така.
Не сакам да го релативизирам протестот на „цела генерација од која се правам попаметен“ бидејќи лани и јас бев апсолвент, ниту да ги изедначам ваучерите од 250 евра со куќа и автомобил, но едно сакам да сфатиш ти, како што сум сфатил јас - ваучерите не се обврска, туку привилегија. Лошо би се чувствувал и јас ако сум првиот нареден кој ќе го изгуби статусот на „привилегиран“, но тоа е реалноста.
Буни се, протестирај, барај си права. И ти и цела генерација. Ама размисли и за критиката која ја читаш овде, а ја игнорираш под еден смешен изговор: „цела генерација се гагаџии паметни, вие поим немате што зборувате и родителите ви се вработени во власта“.
Смешно е. Исто како и моето генерализирање. Фит-а-фит.
Сега, јас се правам паметен и сум виновен за состојбата во која е државата, што ти велам дека никој нема обрвска да ти даде гага од нашите заеднички пари, а ти си де-факто паметен што сакаш компјутер за ќелепур?
Да не беше страшно, ќе беше смешно.
Апсолвенти.... ма пола во основно треба да се вратат. И од ред, од интерпункција, преку лектири до државна матура да се тераат.
ти реков и тебе и на другиот,и пак ќе ви речам!Немате потреба да постирате на темава...читливи сте.