Апсолвентите на протест за ваучерите!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
^...сосема небитно, не ни треба да се замараш, иди фати книга побрзо да завршиш факс....
 
^...сосема небитно, не ни треба да се замараш, иди фати книга побрзо да завршиш факс....

Ќе завршам јас брзо, не се секирај.
А овој став дека е небитно зошто, како и што ни кажуваат политичарите, им дава право да не третираат како овци.
Ако сакаш ти не се замарај.Јас се замарам и кога ќе укинат ваучери, и кога ќе намалат некаде плата, и кога нема некаде да дадат плата, и кога ќе стават споменици зошто не сакам да бидам пасивна и сакам ако нешто мислам дека не треба така да биде, да се побунам за тоа.Што знаеш, може и нешто ќе променам.
Ти ако работиш и утре не ти дадат плата, немој да се замараш зошто не ти дале.Седи си и терај си ја работата.

п.с.А не дека беше твојов одговор соодветен, него сите знаете дека владиното објаснување во врска со укинувањето на ваучерите не држи вода!
 
Ќе завршам јас брзо, не се секирај.
Ако сакаш ти не се замарај.Јас се замарам и кога ќе укинат ваучери, и кога ќе намалат некаде плата, и кога нема некаде да дадат плата
Споредуваш сосема различни работи. Плата е обврска регулирана со закон за работни односи и со договор помеѓу работодавец и вработен. Ваучер не е. Ваучер е само подарок кој владата некогаш одлучила да го даде и нема никаква обврска да го дава постојано. Ако некогаш дала не значи дека мора до крај на постоење на светот да го дава.

Ај дипломирај, па може ќе ти се разјасни. А може и никогаш нема. Затоа што факултетот не го прави човек попаметен, може да му даде само знаење од одредена област и диплома како верификација на стекнатото знаење.
 
Ќе може да ми објасниш зошто нема можност????

Во кој свет живеете бе луѓе?
Сте слушнале за рецесија? Затоа нема можност! Се труби како нема пари за ништо, вие сте запнале со компјутери. Требаше и јас да добијам, јеби га, не добив. Ај сега да седнам да плачам.
Во секој случај и на тие што веќе им дадоа, не мислам дека требаше сите да ги добијат. Пологично би било да има некој критериум за тоа, освен да станеш апсолвент. Што ако си апсолвент, малтене секој може да стигне до таму. Требаше да има некој услов, како просек, финансиска состојба, не баш секој да добие ваучер, без разлика на просек, без разлика на имал/немал компјутер и во каква финансиска состојба се наоѓа. Тоа што сте станале апсолвенти, браво за вас, но не ви гарантира компјутер. Да, беше добра воља на владата. Не, сега нема пари за тоа. Или нема воља. Get over it, ако закочите сообраќај баш ќе добиете ваучери... :lud: И патем, ви текнало дека за таа партиципација што ја плаќате сте добиле предавања и вежби? Некој седел и ви ги читал испитите, се позамарал со вашите мисли, ви држел вежби, некој ги чистел ходниците кај што сте угасиле цигара и сте плукнале после тоа. Не, за 100-200/400-500 евра семестар не станувате богови. И немате право на се' што ќе замислите дека имате.
 
Во кој свет живеете бе луѓе?
Сте слушнале за рецесија? Затоа нема можност
Ај да се кладиме дека сега ќе ти даде некоја ултраинтелигентна реплика од типот на "е како за ваучери нема пари а за друго има" : )))
 
Во кој свет живеете бе луѓе?
Сте слушнале за рецесија? Затоа нема можност! Се труби како нема пари за ништо, вие сте запнале со компјутери. Требаше и јас да добијам, јеби га, не добив.

Знам јас што е рецесија него колкав е буџетот на владата на РМ годинава? Колку пари планираат да потрошат? За нив нема криза и рецесија. Ти нема да плачеш затоа што можеш да си дозволиш да си купиш компјутер, ама има луѓе вистина што ќе плачат.
 
Во кој свет живеете бе луѓе?
Сте слушнале за рецесија? Затоа нема можност! Се труби како нема пари за ништо, вие сте запнале со компјутери.

Тоа чекам цело време, да речете рецесија или економска криза.Е ај сеа убаво објасни како може да има за куп небитни работи пари, значи да се фрлаат пари по споменици, мостови и слични работи, а за ова рецесија било.Многу интересно.И кажи ми за што друго се трубело дека нема пари?
И не плачеме за ваучери, него само си отидовме да си ги бараме и крај.На кој не му се свиѓа, нека не иде на протест.

Ај дипломирај, па може ќе ти се разјасни. А може и никогаш нема. Затоа што факултетот не го прави човек попаметен, може да му даде само знаење од одредена област и диплома како верификација на стекнатото знаење.

Прво, пази си го муабетот малку, не дозволувам секој џек да ми се прави.
А второ, не ги споредував платите и ваучерите него поентата беше дека секој кога мисли нешто дека не е како што треба, се буни.Имаш право, не е секој со диплома паметен.
 
Знам јас што е рецесија него колкав е буџетот на владата на РМ годинава? Колку пари планираат да потрошат? За нив нема криза и рецесија. Ти нема да плачеш затоа што можеш да си дозволиш да си купиш компјутер, ама има луѓе вистина што ќе плачат.

Независно од мојата финансиска состојба мислам дека проектот беше од старт погрешен од аспект на тоа што добија СИТЕ ваучери, немаше никаков критериум. Веројатно имаа одреден буџет за тие компјутери, многу поефикасно ќе беше искористен ако се дадеа компјутери на апсолвентите со висок просек. Која е целта да се награди некој што три пати квадрирал или ќе стигне до апсолвент со просек 6? А убедена сум дека тие што се најгласни, имаат дома компјутери три пати подобри од мојот и или ќе ги продадеа ваучерите или ќе си купеа усб фрижидерче за компјутерот :smir:
Едит: Ќе ти кажам за што нема пари од она што мене ме засега или некогаш ме засегало. Нема пари за подобри услови на факултетите, средните и основните школи. Барате компјутери, а во основните школи уште има тоалети чучавци. Нема пари за подобри услови во болниците (тек таму да видите на што личат условите). Нема пари за изградба на асални патишта. Нема пари за финансирање на научни проекти (со кои верувам повеќе ќе напредува науката отколку со компјутери за апсолвентите). За многу работи нема пари. Спомениците се маргинални во однос на сите оние работи кои фалат. Иако е смешно нивното поставување сега, тоа е друга тема и нема апсолутно никаква врска со ваучерите. И не знам што толку ве тера да мислите дека биле загарантирани? Ова е исто како со полагањето на матурата/приемните. Претходната генерација не полагала, па ај сега протести зашто оваа да полага, со судни маки воведоа испит кој требаше да се воведе.
 
Прво, пази си го муабетот малку, не дозволувам секој џек да ми се прави.
Или ќе ме исплескаш по гзето :)
А второ, не ги споредував платите и ваучерите него поентата беше дека секој кога мисли нешто дека не е како што треба, се буни.Имаш право, не е секој со диплома паметен.
Ги спореди, во реплика, во контекст на кажаното. Буни се за тоа што треба, пеки, ама кога се буниш за работи кои немаат врска со реалноста, некој треба да ти каже дека грешиш и да ти даде до знаење дека испаѓаш смешна со муабетот.

Ако ти е поентата само да се буниш,неаргументирано и по секоја цена, продолжи. Еве, ти ја оставам темата.:smir:
 
@AlternativeF
студентите со висок просек зимаат кредит или стипендија....
правилата си ги постави владата и воопшто не е битно како стигнал до последен семестар, битно да е да му биде запишан прв пат ....
правилата беа тие....
 
Затоа и кажав дека од старт беше погрешно поставен проектот, не мислам дека секој треба да биде награден само за тоа што стигнал до апсолвент.
 
Затоа и кажав дека од старт беше погрешно поставен проектот, не мислам дека секој треба да биде награден само за тоа што стигнал до апсолвент.

Епа како требаше да направат, на СИТЕ да има поделат подароци?
Баш ме интересира?
 
Буни се за тоа што треба, пеки, ама кога се буниш за работи кои немаат врска со реалноста, некој треба да ти каже дека грешиш и да ти даде до знаење дека испаѓаш смешна со муабетот.

Или ти испаѓаш смешен со тоа што тврдиш дека не треба да се буниме зошто се нема пари и логично е да ни ги укинат:smir:
Ко што реков, уживај, се согласувам дека треба да веруваме на владата кога ќе рече нема пари:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom