Апсолвентите на протест за ваучерите!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Само едно ме интересира. Вие што плачите ко мали деца за ваучери, од кај пишувате на форумов ме интересира? Во интернет кафе седите?
Или финтава е, како можи на Јанко да му дадат, мене не:toe:
Еве и јас че кажам пример, да не останам покусо :)
Ова исто е,пример, професорката закаснила за првио час, и имале слободен, и ајде сеа тие втор час што имаат од истата професорка, ќе штрајкуваат, оти за нив на време се вратила:tapp:

А ако веќе зборуваме за ваучери, што има бе на апсолвентите да му даваат, зошто му се нив??Нека му даваат на бруцошите, нив не им се попотребни??
Бруцошите ќе станат апсолвенти еден ден. Ако им даваат на бруцошите секој ќе се запиши на факултет за ваучер, а вака сепак треба да се потруди да завврши :)

Ќе градиме споменици, ќе ставаме компјутери за децата во забавиште а за оние на кои им се најпотребни нема... Тоа е проблемот. Има пари за многу други работи, упорно премиерот демантира дека сме во финансиска криза а сепак се преземаат вакви мерки.
 
целта на се беше дека убав беше проектов додека имаше избори и сега кога нема студентите немаат потреба од ништо ало сватете се збори за една чест на академски граганин државата до вчера го финансираше 4 годишното студирање од сега вика само 3 годи ја 4 и 5 треба по 1200 евра да ја плакам, имам компјутер али е канта ми кочи неможам да работам плус сетрами е инжињер црта на autocatи треба од 2009 а неможе да го инсталира на овоја на факлутет и бараат од 2009 да го има подготвено проектот и да повторам нема логика веке да се дискутира на темава
 
Фреклс, јас учев за да научам, а не за да ми даде премиерот ваучер!

Тука се разијдуваме! Карактернно, суштински и човечки.

Затоа јас врвам по патот свој, не чекам автобус кој ќе ме носи некаде како дел од толпата, масата аморфна!

Значи не се работи кој за што учел или учи, мислам дека се подразбира дека сите учат за една цел-да научат. а ваквиве проекти, алудирам на делењето на ваучерите на апсолвентите е еден вид мотив за многумина побрзо да стасаат до 4 та година...иако малку,сепак сосем доволно. Разгледајте во какво општество живеат денешниве студенти, има такви кои уживаат во луксузот на наместени станови со компјутери и пристап на интернет кога сакаат, а има и такви (како мене) кои седат по студентски домови, за цимери имаат лебарки и бубашваби и ДОКОЛКУ сакаат да поседат малку на интернет, како на пр. на форумов мора да појдат во најблиското интернет кафе каде секогаш е полно и нема место, а ако биде срекникда најде место за саат време на интернет треба да потроши 40-50 денари. Да не зборувам кога треба да се спрема семинарска или да се врши истражување за одреден предмет.
Поентата ми е, не дека на сите им требаат овие компјутери, но добри 60-70% од студентите имаат огромна потреба од компјутери. Ова со продавањето, ваучер ке купи пак некој друг студент на пример од 2ра,3та година за да може да купи компјутер затоа што условите дотогаш не му го овозможиле тоа.
Може да се направи преформулирање...да им се дели ваучери на студенти на кои семејно-материјалната состојба не им дозволува...
А за се што ние студентите плаќаме, со сите тие уплатници за секакви администартивно-манипулативни и информатички, културни и спортски активности (ИКСА на УКИМ-ви текнува?) можат да одделат пари и ова да се спроведе. Сепак ние сме идните академски граѓани на Републикава.
:helou:
 
Само едно ме интересира. Вие што плачите ко мали деца за ваучери, од кај пишувате на форумов ме интересира? Во интернет кафе седите?

Како не можете да сфатите дека не се работи за алчност по тие ваучери.Има одреден процент на кои навистина им треба тој ваучер.За другите, дури и да не им треба, фрлаат ненормални пари по ова факултетиве па и те како ќе си плачат за ваучерите.Тој ваучер не ми е гага, напротив, пет пати сум го платила.
Јас лани и преклани сфатив дека со убаво распоредување на парите, може и за студентите да има некој денар, па да не се осеќаме како да не одрал факултетот за џабе.Прашањето не е зошто лани се дало, него зошто сега не се дава?

И немојте повеќе да викате дека треба да се помириме со ова, добра волја било и што те знам.Баш и не сакам да се помирам со тоа да ме прави будала некој:toe:
:smir:
 
Јас ли да ти берам гајле?

Работата со ваучерот е дека: Можеш да добиеш, а и баш не мораш, а ти за тоа немаш што да се буниш затоа што е знак на добра волја на некој - а не обврска која пробува да ја избегнува.

Разбираш, или да го повторам примерот со Жито Лукс и лебот?
Абе ти излеа си многу глуп чоек
 
Петре, со таков речник, неславно ќе завршиш.

Не можеш ти, од аспект на магарчина, да пресудуваш кој има големи уши.
 
абе мислите глупи сме неможеме да сватиме дека е добра волја на владата ало читајте убаво ние сме студенти двигатели на општеството проектов со ваучерите беше топ проект кој требаше да продолжи да треа дека помисли некој и на нас дека со виските партиципации неможеме еден компјутер да купиме кој ни е потребен ама им дава само пред избори сега нема и не заборавија тоа е жално никој не помислува на нас плакаме огромни пратиципации, корупирано образование со катастрофални услови имаме сојузи кој цело време се мењат партиски еднаш студентите да бидеме сложни и да се избориме за некои права:pipi:
 
ок точно сме двигатели на бутур али пошто викаш ти во твое време сте биле паметни чекам вие да го подобрете општеството ние сме промашена генерација ја чекам твојата да веке почне да прави ова општество да личи на нешто почнувајки од тебе :kesa:
 
И сега демек ако нема ваучери, ќе застане движењето на општеството : )))

Демек сега без ваучер веќе немале мотив за да стигнат до 4-та година : )))

Океј, имало можност да дадат ваучери и да ги помогнат и стимулираат студентите - давале. Сега нема можност - нема ваучери. Не е законска обврска да даваат секоја година, ниту ви скратиле некое право.

Ама ретардиран е моментот. Ако идни двигатели на општество не можат да сфатат 2+2, иднината не ни е весела.
 
Океј, имало можност да дадат ваучери и да ги помогнат и стимулираат студентите - давале. Сега нема можност - нема ваучери. Не е законска обврска да даваат секоја година, ниту ви скратиле некое право.

Ќе може да ми објасниш зошто нема можност????
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom