Апсолвентите на протест за ваучерите!

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Токму така.
Ајде да бараме сите секој според можностите, а секому според потребите!

Но, до тоа мора да се оди првин преку секој според можностите, а секому според заслугите, нели!

Е не биѓаа тој систем пријатели!

Ај ја да се бунам што навремето немаше ваучери за мене кога бев апсолвент и морав сам да купувам све!

Така бе братче, само шо јас кажав банален пример на 13-ти век иако твојот е многу подобар, во смисол на сфаќање на логиката...

Зборот ми е, да океј е да почувствуваш обесправеност поради тоа што не си третиран како тие пред тебе, ама мора да се погледне подлабоко и да се сфати дека никој никому ништо не должи, освен ние кон државата, чунким сакаме да ја градиме како шо е ред.

А секој револт може да биде искажан на наредни избори. Само да не испадне тогаш дека се заборавила оваа “неправда“ за сметка на некоја друга „правдина“ која повторно де јуре ќе оди на сметка на сите нас кои плаќаме данок, кој некогаш буџетски ќе биде искористен за нечија благодет.

На апсолвентите, на студентите и на себе би им/си рекол: учете, имајте знаење, и ваучерите нема да бидат потребни....верувајте ми.
 
порано немаше ваучери па купувавте сами.Дали сите ваши врсници купија сами?Дали сите имаа пари за да купат сами?Нема логика во тоа што го зборувате.Сепак,сега е друго време и има и друг начин,а тие кои студираат во овај момент нема лесно да се откажат.
 
у ред е муабетот и на серпико и на гарфилд ...
само каде е проблемот ..

како шо пишав и наназад ..
причината поради која не ги даваат не им држи вода .. :toe:
затоа шо за други непрофитабилни проекти имаат ... за ова немаат ... епа не бива така :toe:
 
Јас не гледав на моите врсници.
Сам со две раце се сум сторил.
И станот и куќата и колите и моторите и компјутерите и се останато!

Не се обѕирав кон современиците мои бидејќи "волкот е дебел во вратот оти сам си ги коле овците"!
не се споредував, од никого не чекав, не се бунев кога тоа што сметав дека ми следува не доаѓаше до мене.

Мојот пат е тој, прав, кон целта, полн е свиоци, ама за мене е прав бидејќи свиокот кој пред мене е испречен само ја засилува вербата во правичноста на мојот пат. секоја препрека само ја зацврстува мојата определба.
Не чекам од никого, а мнозина чекаат од мене!

Во овој живот има ЛУЃЕ кои самите ораат, копаат, садат и жнеат и одвишок другему даваат и ЛУЃЕ кои чекаат да добијат од вишокот!

Бирајте самите за себе во која категорија ќе се клајте!
Млади сте, учете, па узнаени ќе бидете, чекајте друг да ви налие знаење со црпка и цел живот ќе чекате од добрата воља на жнеачите!

Повелеле!

Сакавме суров капитализам, добивме!

Но, не е се црно. Туку поправично.

Некому јадец, некому кладец. Животот е суров, немилосен, на нас е да бидеме милостиви и да ргаме и тргаме нанапред.

Ова мало парче црница е нашата мајка, за неа солзи и крв лееме за да потера страк пшеница, за да повлече ако треба и плевел, барем нешто да порасне, та после ќе доредуваме!
За неа живееме, а не таа за нас!

П.С. Еклемекс, apples & oranges!

Едно е ваучерите, а друго е чекорењето и проектите, во темава барем!

Да се бунат студентите против грдотијата која ќе се стори на плоштад, пеки!
Ама се бунат затоа што лани некој офајдил, а сега не!
 
Па ако им се даде на едните нека им се даде на сите..или само се дава пред избори.......не е фер спрема апсолвентиве сега.

И ако е криза нека штедат на нивна плата и нека возат службена DACIA од 5000 евра , а не да се возат со BMW од 90 000 :helou:
 
Пиповски, последна опомена - читај ги сите псотови пред да треснеш!

НЕ МОЖЕ!

ЈЕБЕНО НЕ МОЖЕ ДА ИМ СЕ ДАДЕ КАКО НА ЕДНИ ТАКА НА ДРУГИ БИДЕЈЌИ ЕДНОСТАВНО НЕ Е ОВА КОМУНИЗАМ! ЈАСНО!

Ако е така, да ги вратиме црвените партизани на власт!

Не може и точка.

Не е ветено дека секоја јебена година ќе даваат ваучери.

Туку ги платија гласовите лани и крај! Толку беше.

Како што никој мене и на Сероико не ни е крив што сме постари па у наше време не делеа ваучери, така ни на овие што се една година помали или квадрирале па нема ваучери.
 
у ред е муабетот и на серпико и на гарфилд ...
само каде е проблемот ..

како шо пишав и наназад ..
причината поради која не ги даваат не им држи вода .. :toe:
затоа шо за други непрофитабилни проекти имаат ... за ова немаат ... епа не бива така :toe:

точно
кој сака што сака нека рече!Едно е јасно!Недоградениот споменик во Битола на Филип 2 е типичен пример за фрлање пари,за "јакнење на свеста кај народот".Ако на негово место се финансираше профитабилен проект кој допира еден значаен дел од работоспособната популација,значи е општо корисен тогаш немаше да се препукуваме овде на темава.Јасно е како ден!
 
Но барате леб беспари.

Никаде не пишуваше дека е дан дил давањето ваучери на апсолвенти, туку дека е уан тајм дил

Шо да праат оние од државната администрација на кои им скинаа ветени (клучен збор ВЕТЕНИ И СО ЗАКОН ПОТВРДЕНИ) десет посто покачување??

И тие да протестираАТ?

Па тие имаат појќе право од студентите. Нив им е со закон потврдено покачувањето, а на студентите ни со збор!
 
точно
кој сака што сака нека рече!Едно е јасно!Недоградениот споменик во Битола на Филип 2 е типичен пример за фрлање пари,за "јакнење на свеста кај народот".Ако на негово место се финансираше профитабилен проект кој допира еден значаен дел од работоспособната популација,значи е општо корисен тогаш немаше да се препукуваме овде на темава.Јасно е како ден!

Да де, и ако не се градеше Филип 2 во Битола, немаше џандарите да се на норма за пишење казни.

Паметете и кога ќе дојде ден, рачунајте.
 
Шо да праат оние од државната администрација на кои им скинаа ветени (клучен збор ВЕТЕНИ И СО ЗАКОН ПОТВРДЕНИ) десет посто покачување??

Па фала Богу дека нема да штрајкуваат кога до сеа бар два пати им се качи платата.И мене да ми дадеа до сега по 5-6000 денари на два пати, немаше да се бунам што ми го укинале ваучерот.Студентите ја чекаа четврта година само за тие ваучери.Може ја сум гласала за нив само зошто многу ми треба тој ваучер.Точно, може со тоа ги купиле гласовите на многу студенти, ама затоа нека си платат.Вака испаѓаме дебилни.

И на крај краева, зошто да не штрајкува и администрацијата, кога им биле веќе ветени.Јас нема да ги осудам нив за штрајкот, затоа не треба и нас да ни се суди за тоа:smir:
 
Е ај да видам каде ви е ветено дека секоја јебена година од мои шпари ќе си купувате компљукторчиња??

Сакам извадок од Службен весник, со владина одлука, помината на Собрание, или закон!

А администрацијата, хе! Конечно од 12000 добиваат 18000 денари.
Браос, ај да им ги земеме.

Така ли во ЕУ бре? На гагаџиштво?
Ојте подработете и купете си!
 
Па фала Богу дека нема да штрајкуваат кога до сеа бар два пати им се качи платата.И мене да ми дадеа до сега по 5-6000 денари на два пати, немаше да се бунам што ми го укинале ваучерот.Студентите ја чекаа четврта година само за тие ваучери.Може ја сум гласала за нив само зошто многу ми треба тој ваучер.Точно, може со тоа ги купиле гласовите на многу студенти, ама затоа нека си платат.Вака испаѓаме дебилни.

И на крај краева, зошто да не штрајкува и администрацијата, кога им биле веќе ветени.Јас нема да ги осудам нив за штрајкот, затоа не треба и нас да ни се суди за тоа:smir:

Така ли во ЕУ бре? На гагаџиштво?
Ојте подработете и купете си!

Комунизам и ренесанса :)

Некогаш се осеќам дека наместо мој збор ламарина тропат.. :) И аку, не е страшно то. Страшно е чувството дека на некоја единка и припаѓа дел ни од закон пропишан ни од Бога заветен...

..не сфаќајќи дека како единки со вакви муабети малтене сме сервилни прсти на раката која сакат да не соголит.

п.с. Не очеквам делот за раката и соголвењето да го сфатет сите... Ама тие шо ќе го, веќе добро знает...
 
А администрацијата, хе! Конечно од 12000 добиваат 18000 денари.
Браос, ај да им ги земеме.

Така ли во ЕУ бре? На гагаџиштво?
Ојте подработете и купете си!

Па кај реков да им се земат????????
Реков ако им се ветени уште десет посто, да си ги бараат.

И не се гагам него си го скинав газот учејки за да дојдам до четврта.Исто како и сите студенти што се труделе.И конечно сакам да видам некој аир од тој факултет зошто и те како сме заслужиле после сите партиципации и слични грабежи.

И како што exlexmk десет пати кажа, како може ради економската криза да нема ваучери?Како може за дебилни работи да има а за ова не.Со тоа што дале на претходните две години ваучери они ни покажале дека може да се двојат пари и за студентите.Зошто ги одземаат сега?Заради непромислено трошење или што?
 
Фреклс, јас учев за да научам, а не за да ми даде премиерот ваучер!

Тука се разијдуваме! Карактернно, суштински и човечки.

Затоа јас врвам по патот свој, не чекам автобус кој ќе ме носи некаде како дел од толпата, масата аморфна!
 
И не се гагам него си го скинав газот учејки за да дојдам до четврта.Исто како и сите студенти што се труделе.И конечно сакам да видам некој аир од тој факултет зошто и те како сме заслужиле после сите партиципации и слични грабежи.

Тоа што го искина газот за да дојдеш до 4та е за тебе и нема да му припаѓа на никој друг, впрочем и за тоа се факултетите со учење и знаење да се заврши, ама нас не научија со лесно, со триста заврзлами и наоѓање на канали за полесно да поминиме.

Назад на темата, и јас сум од тие што требаше да земат ваучер и сваќам дека животот не е фер(и да не е се така розово како што ни прикажуваат има и многу темни и црни страни), но нема на писмено дека ќе ни даваат ваучери и имаат потполно право да не ни дадат исто како што имаат право да ни дадат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom