Е одлично, еве добар пример со Z5 Compact, одличен андроид и од одлична фирма. Иако и тој е кастриран со 1ГБ рам помалце од нормалниот Z5. Зошто? Зошто тој што не трпи големи телефони да биде осуден да користи слаби перформанси?
Сепак и Z5 Compact има 4.6" eкран, што е пандан на пример на iPhone 6S со 4.7". Како што и сам гледаш нема многу други модели со премиум перформанси во 4" димензија.
Досега сите што не можеа да поднесат големи екрани, беа осудени да купуваат телефони со многу послаби перформанси - пример С4 мини и С4 немаат благе везе еден со друг, или С5 мини со С5, или HTC М8 мини и HTC M8, сите се кастрирани во перформанси.
iPhone SE е прв телефон кој ја има буквално ИСТАТА внатрешната моќност на iPhone 6S (со ист процесор, иста графичка, исто рам), во помало куќиште.
iPhone SE = iPhone 6S - 0.7"
Никој не рече дека ова е телефон за секој. Но дефинитивно е најдобриот мал телефон, а има ОГРОМЕН број на луѓе што бараат токму вакво телефонче.