Аплауз за кого?

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Често слушам муабети од типот: "Браво за него, пиеше толку години, а сега ете го не ни помислува на алкохол", "Алал да му е на дечкото што после долго време земање тешка дрога сега е чист" или "Колку беше расипана и нема маж кој не го помина, ама браво за неа дека сега е средена и има одличен брак со прекрасни дечиња". Или па врвниот муабет на кој скоро имав чест да му се згадам... девојка која љубомори на друга, затоа што таа другата била од друга земја каде што искусила и дроги и проституција и мафии и што ти знам друго, па ете ја сега цела невина, во потрага по добар дечко кој ќе ја цени и на кого во никој случај нема да му легне пред да и предложи брак. Ова е тешка глупост или јас забегав?
Па, прашањето ми е (не мора да се задржиме на примерот), зошто повеќе се аплаудира на луѓе кои поминале низ некои лоши пороци и патишта и се вратиле во нормала, отколку на тие кои цело време живеат некој просечен и добар живот? Зарем големо постигнување во животот е само кога човекот може да се извлече од некое зло? Само тие луѓе се вредни за почит?
Повеќе тежи карактерот кој успева да одолее на се` лошо што нуди улицата и животот или па тој кој од сите прифатени понуди ќе се среди еден ден?
Ако е така зошто, ако е обратно пак зошто мислите така?:)
 
Ај знам дека не сакате многу Библиски работи али прво ми текна на овој пример. Исус кога беше распнат лево и десно од него беа арамии. Тие се покајаа, побараа прошка и први беа примени во Рајот. Ок што учиме од тоа. Иако биле грешници и правеле здодела сепак побарале прошка за направеното. Некогаш е најтешко да признаеш дека си грешел. Самиот прелаз од зло во добро е голема работа, поголема од цел живот живеење во добро бидејќи се видело што е зло и сите привелегии и задоволства како такво ги заборавиш за да се откажеш.

П.С. Ај утре ке се додефинирам наспан. Пишав само да не ја изгубам мислата.
 
Често слушам муабети од типот: "Браво за него, пиеше толку години, а сега ете го не ни помислува на алкохол", "Алал да му е на дечкото што после долго време земање тешка дрога сега е чист" или "Колку беше расипана и нема маж кој не го помина, ама браво за неа дека сега е средена и има одличен брак со прекрасни дечиња". Или па врвниот муабет на кој скоро имав чест да му се згадам... девојка која љубомори на друга, затоа што таа другата била од друга земја каде што искусила и дроги и проституција и мафии и што ти знам друго, па ете ја сега цела невина, во потрага по добар дечко кој ќе ја цени и на кого во никој случај нема да му легне пред да и предложи брак.1. Ова е тешка глупост или јас забегав?
Па, прашањето ми е (не мора да се задржиме на примерот),2, зошто повеќе се аплаудира на луѓе кои поминале низ некои лоши пороци и патишта и се вратиле во нормала, отколку на тие кои цело време живеат некој просечен и добар живот? 3,Зарем големо постигнување во животот е само кога човекот може да се извлече од некое зло? 4,Само тие луѓе се вредни за почит?
Повеќе тежи карактерот кој успева да одолее на се` лошо што нуди улицата и животот или па тој кој од сите прифатени понуди ќе се среди еден ден?
Ако е така зошто, ако е обратно пак зошто мислите така?:)
1. Второто
2, Не мора да биде повеќе, доволно е и исто да биде.
3, И тоа е, но не мора да значи дека не постојат и други.
4, Секој човек е вреден за почит..

И авторот на темата ми делува како малку љубоморен кон тие луѓе... најверојатно поради почитта која тие ја добиваат...
 
И авторот на темата ми делува како малку љубоморен кон тие луѓе... најверојатно поради почитта која тие ја добиваат...

:pos2:
Туку озбилно, не може да ти делувам така, затоа што не знаеш дали јас некогаш сум била алкохоличар, наркоман, проститутка или нешто осмо. Ако си насетил мое мислење на темава, не значи дека јас сум светица која пати за почит.:pipi:
 
зошто повеќе се аплаудира на луѓе кои поминале низ некои лоши пороци и патишта и се вратиле во нормала, отколку на тие кои цело време живеат некој просечен и добар живот?
Најверојатно зато шо таквите луѓе се поинтересна тема за муабет, пошто се истакнуваат со нешто, да , негативно нешто ама сепак паѓаат в очи а додека останатите се само another face in the crowd.

Зарем големо постигнување во животот е
само
кога човекот може да се извлече од некое зло?
Само
тие луѓе се вредни за почит?
Мислев со то шо ќе тргнам по едно зборче од прашањата ќе ги сменам да не бидат реторички, ама пак такви останаа само им се мена смислата.
Повеќе тежи карактерот кој успева да одолее на се` лошо што нуди улицата и животот или па тој кој од сите прифатени понуди ќе се среди еден ден?
Едноставно прашање на кое, барем јас, немам едноставен одговор.
 
Затоа што го има преживеано тоа, нема многу такви примери :).
 
Често слушам муабети од типот: "Браво за него, пиеше толку години, а сега ете го не ни помислува на алкохол", "Алал да му е на дечкото што после долго време земање тешка дрога сега е чист" или "Колку беше расипана и нема маж кој не го помина, ама браво за неа дека сега е средена и има одличен брак со прекрасни дечиња". Или па врвниот муабет на кој скоро имав чест да му се згадам... девојка која љубомори на друга, затоа што таа другата била од друга земја каде што искусила и дроги и проституција и мафии и што ти знам друго, па ете ја сега цела невина, во потрага по добар дечко кој ќе ја цени и на кого во никој случај нема да му легне пред да и предложи брак. Ова е тешка глупост или јас забегав?
Па, прашањето ми е (не мора да се задржиме на примерот), зошто повеќе се аплаудира на луѓе кои поминале низ некои лоши пороци и патишта и се вратиле во нормала, отколку на тие кои цело време живеат некој просечен и добар живот? Зарем големо постигнување во животот е само кога човекот може да се извлече од некое зло? Само тие луѓе се вредни за почит?
Повеќе тежи карактерот кој успева да одолее на се` лошо што нуди улицата и животот или па тој кој од сите прифатени понуди ќе се среди еден ден?
Ако е така зошто, ако е обратно пак зошто мислите така?:)
Е алал да ти е, кај ти текнуваат вакви работи, вредни за дискусија? Истото го имам забележано! Луѓето кои имаат нормално-стабилен, послушен, успешен, психички здрав и неразнишуван живот, се сметани за ,,стереотипни" ,,светци" ,,монахињи"... Поинтересни се деградираните, разнишаните, порочните, пропаднатите, затоа што признале или не, ни служат за да се чувствуваме подобри од нив, поуспешни и посреќни. Иако во суштина сме, референтното тело ни е лошо. Позади овој наш прикриен мотив, на околината и се претставуваме со мотивот-загриженост за одредената личност, што најчесто е прифатен како таков.Односно-замижувано е пред вистинскиот мотив.
Државна тајна: Дивајн се пука у вена. :)
 
:pos2:
Туку озбилно, не може да ти делувам така, затоа што не знаеш дали јас некогаш сум била алкохоличар, наркоман, проститутка или нешто осмо. Ако си насетил мое мислење на темава, не значи дека јас сум светица која пати за почит.:pipi:
Нереков дека не си, туку само дека делуваш така.
Така да, можеш.
 
Па затоа што е многу потешко да се искачиш до врвот ако си на дното. Има една изрека која вели дека големината на човекот се мери по тоа колку ке отскокне кога ке трене на земја.
 
Зошто повеќе се аплаудира на луѓе кои поминале низ некои лоши пороци и патишта и се вратиле во нормала, отколку на тие кои цело време живеат некој просечен и добар живот? Зарем големо постигнување во животот е само кога човекот може да се извлече од некое зло? Само тие луѓе се вредни за почит?
Повеќе тежи карактерот кој успева да одолее на се` лошо што нуди улицата и животот или па тој кој од сите прифатени понуди ќе се среди еден ден?
Ако е така зошто, ако е обратно пак зошто мислите така?:)

Во еден свет во кој преовладуваат повеќе лошите работи и разните пороци, работи или пороци кои честопати човековата радозналост ја ставаат во искушение и ретко кој одолева на тие искушенија и огромниот број на луѓето кои што не одолеваат на искушенијата и се предаваат на нив и потпаѓаат под нивна контрола, придонесува тие своите аплаузи да ги наменат за нивните другари по пороци како еден вид сопствена амнестија за сопствената неможност да се избават од сопствените пороци. Така тие аплаудирајќи на веќе избавените, самите себеси се оправдуваат за продолжувањето во порокувањето неможејќи и понатаму да им одолеат на пороците. Така аплаузите што ги упатуваат кон избавените се еден вид цинички награди, кои во себе содржат повеќе себесамосожалување отколку вистинска пофалба кон избавените. Во целата таа ситуација оние пак кои што секогаш се обидуваат да живеат просечен и добар живот немаат потреба да аплаудираат, затоа што едноставно не разбираат за што да аплаудираат кога самата причина и повод за нив се непознати.
 
Зошто се аплаудира?
Затоа што сите луѓе знаат дека не е тешко да се дојде до дното, тешкото е да се искачиш повторно, и покрај толкавите падови.
Иако сами си се криви за падовите, затоа што нели, станува збор за дрогирање, проституција и слично, за почит е кога сами ќе си најдат излез од проблемите.
 
Се работи за маркетинг и, повторно, интерес.

Ако некој прави зло, се наркоманизира, се проституира, убива, краде... Тој бара многу внимание. Неговите апетити се големи. Ако веќе сега е смирен, значи неговите апетити се задоволени и тој успеал да преживее и да не загине од преголемо задоволување на своите апетити. По пат влијаел на многу луѓе и многу животи променил со самото свое постоење и дејствување, некои многу драстично (на пример ги одзел).

А секој има почит кон некој кој има големо влијание, нели... Ако некој бил опасносто почовештвото и веќе не е, кон него гледаме како на наш сопствен триумф, што нам самите тој не ни е опасност и што ние него сме го преживеале, макар и да не сме имале контакт со него.

Браво за нас. Со други зборови, аплауз за нас самите.
 
Ретко кој од луѓето најчесто има силен и јак карактер. Ретки се наркоманите кои навистина се излечиле потполно, ретки се пијаниците кои после долго пиење можат да се вратат потполно на нормален живот.
Но не се ретки промискуитетните личности, кои еден ден се вдомуваат и смируваат. Причината е што веќе се изживеале или пак пателе поради нешто, па сега како единствен начин да се оттргнат од сето тоа е птополно да се изолираат.
Сепак, лично јас не се восхитувам повеќе на оние луѓе кои поминале тешко пијанство, па се закачиле на дроги, а по таа anti-drugs рехабилитација, се фрлиле на проституција, за на крај да завршат како добро градени личности. Не ми треба мене градење на идол за човек кој успеал во животот пробувајќи се’ што е лошо и се’ што остава трајни последици. Џабе ми се речениците:
„Алал да му е, го остави пиењето“... Ако е човек кој навистина сакал да има солидно среден живот, не би го ни почнал хорничното труење. Не почитувам луѓе кои кога знаат дека млекото е жешко, упорно го пијат, а потоа изгорени, дуваат и на кисело млеко.
Но му симнувам капа на секој кој пропатил тешки маки кои од никаде го снашле и прегазиле. Онакви луѓе на кои иако животот им врти грб, не по нивен избор, туку според сплет на околности, а на крајот сепак успеваат да се издигнат и да се вратат на она што го имале, или пак посакувале да го имаат, се луѓето кои го добиваат мојот аплауз. Да се справиш со немаштија, тешка болест и понижувањето од другите, за потоа да се издигнеш над сите е далеку повредно и многу потешко, од откажувањето на грдите пороци.
Пороците преминуваат во навики, додека пак животните маки во надеж дека можеби ќе има подобро утре. А тоа утре го дочекуваат сите оние кои се истрајни и кои својот живот го граделе врз маките кои тој им ги нанел на нив. Остануваат достојни на она што се, она што биле и она што сакаат да бидат.

Зошто се аплаудира?
Затоа што сите луѓе знаат дека не е тешко да се дојде до дното, тешкото е да се искачиш повторно, и покрај толкавите падови.
Иако сами си се криви за падовите, затоа што нели, станува збор за дрогирање, проституција и слично, за почит е кога сами ќе си најдат излез од проблемите.
Залудно е да веруваме и да ги истоштуваме дланките на такви личности. Никогаш не го наоѓаат излезот од проблемите сами. За нив секогаш има некој кој ги турка и присилува да го живеат убавиот живот. Тоа е вредно за јас да ракоплескам на нив? Не би рекол.
 
Често слушам муабети од типот: "Браво за него, пиеше толку години, а сега ете го не ни помислува на алкохол", "Алал да му е на дечкото што после долго време земање тешка дрога сега е чист" или "Колку беше расипана и нема маж кој не го помина, ама браво за неа дека сега е средена и има одличен брак со прекрасни дечиња". Или па врвниот муабет на кој скоро имав чест да му се згадам... девојка која љубомори на друга, затоа што таа другата била од друга земја каде што искусила и дроги и проституција и мафии и што ти знам друго, па ете ја сега цела невина, во потрага по добар дечко кој ќе ја цени и на кого во никој случај нема да му легне пред да и предложи брак. Ова е тешка глупост или јас забегав?
Па, прашањето ми е (не мора да се задржиме на примерот), зошто повеќе се аплаудира на луѓе кои поминале низ некои лоши пороци и патишта и се вратиле во нормала, отколку на тие кои цело време живеат некој просечен и добар живот? Зарем големо постигнување во животот е само кога човекот може да се извлече од некое зло? Само тие луѓе се вредни за почит?
Повеќе тежи карактерот кој успева да одолее на се` лошо што нуди улицата и животот или па тој кој од сите прифатени понуди ќе се среди еден ден?
Ако е така зошто, ако е обратно пак зошто мислите така?:)
Мислам деа пофални зборови и аплауз не треба да се штедат, кога е за убава работа.

Те гледам по слики и гледам дека пушиш (и убавка си ми, морам сега да кажам чим коментирам слики). Ние кои сме зависни од една толку глупава а опасна работа најмалку имаме право да кажеме дека луѓе кои ја излечиле својата зависност од комар, алкохолизам, дрога... не заслужуваат аплауз. Па јас се дивам кога ќе ми кажат дека веќе не пушат. А можеш да замислиш па колку тешко им било на овие луѓе да ја остават својата зависност.

Аплауз заслужува секој оној кој ги остварил своите птредизвици, а па кога е за волку тешка работа не треба ни да се прави муабет дали е заслужен.
 
Zatoa sto takvite lugje se vo pomal broj, isklucoci, vo sporedba so onie normalnite bajati i monotoni luge...:)
A vo covekovata priroda i svest e vbrizgana idejata deka isklucocite treba poveke da se cenat i uvelicuvaat. :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom