Апел до оние со политичка моќ! Да се чествува името на Тоше Проески ! (Успеавме)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bertone
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Возраст
39
22534.374760.jpg


Пишувам до оние, читатели на Кајгана форумот, кои имаат политичка моќ, да издесјтвуваат кај поедини политички функионери, смртта на Тоше Проески да биде чествувана како секој херој на нашата земја.

Имено, според мене, најубаво е да се даде неговото име да го носи името на битолското средно музичко училиште (кое нема име), во негова чест. Со тоа, барем малку, во најмала рака, градот Битола, ќе се оддолжи на великанот на македонската музика, Тоше Проески. Освен во Битола, истото може да се направи и во неговото родно Крушево, како и во било кој друг град во нашата земја.

Претпочитам и секоја година, на оваа дата, да се одржуваат хуманитарни концерти за сите оние на кои им е потребна помош, да биде ден на солидарноста и тој фестивал на хуманитарноста која ќе не обединува сите да го носи тоа име. Да има претставници од сите музички жанрови и сите да придонесиме да го продолжиме делото на Тоше.

Голема штета е што несреќите на поединци не' прават останатите толку свесни за нашите кревки животи и колку е краток нашиот живот така попусто да го потрошиме.

Нека му е слава...


Овде е петицијата, која се надевам ќе допре до сите македонски политичари. Ставете го вашиот потпис!


http://www.petitiononline.com/Toshe/petition.html
 
Ех, да имав политичка моќ ...

Имено, според мене, најубаво е да се даде неговото име да го носи името на битолското средно музичко училиште (кое нема име), во негова чест. Со тоа, барем малку, во најмала рака, градот Битола, ќе се оддолжи на великанот на македонската музика, Тоше Проески.

Добра ти е идејава друже, се надевам дека ќе се оствари, ако не се најде подобар предлог :)

Сеуште не можам да поверувам дека Тоше замина, нека му е слава ...
 
И јас се надевам дека овој апел ќе допре до некого...
 
Ми се свиѓа идејата за средното музичко училиште во Битола да добие име „Тоше Проески“.

Само оваа идеја да допре до некој од владава.
 
Се согласувам и го поддржувам таквиот предлог. Потпишувам такво барање во вид на петиција до Владата на РМ и Општина Битола!

Јас сум аполитичен, не се дружам со лица на функции во партии и државни органи. Од таа страна сум немоќен.
 
BTW...ако можете некаде да го Copy-Paste-ирате ова горе...пратете го ...можеби ќе налета на некој политичар...

Јас го пратив до градоначалникот Владимир Талевски во Битола. Мислам тој е еден од најкомпетентните.
 
Мислам дека до овој момент политичарите (на локално и на централно ниво) постапија коректно, се надевам дека нивната свест ќе остане и понатаму.
Се надевам дека актуелната власт нема да дозволи да се заборавите името на овој голем пејач и според она што го видовме досега, мислам дека ќе биде вистински третиран како заслужен граѓанин на Република Македонија.
 
Идејава ти е феноменална,исто така може и детската клиника за онкологија да го добие името(секако да се направи избор помеѓу овие две)затоа што повеќето финансии и хуманитарни концерти беа правени за тие дечиња болни од рак и леукемија
 
Само да ги замолам админстраторите или модераторите на Општи Муабети да го сменат насловот на темата, за да се зголеми интересот за пролистување на форумџиите...

„Апел до оние со политичка моќ! Да се чествува името на Тоше Проески !“


 
Идејава ти е феноменална,исто така може и детската клиника за онкологија да го добие името(секако да се направи избор помеѓу овие две)затоа што повеќето финансии и хуманитарни концерти беа правени за тие дечиња болни од рак и леукемија

А може и двете? Има случаеви каде имаме полно институции со името на Гоце Делчев и други херои. Најчесто институциите го носат името на некој заслужен во таа област, но мислам дека може да се направи исклучок. Истото чествување мислам дека треба да му се даде и на Борис Трајковски како и останатите бранители. Сепак друга тема е тоа.
 
Се согласувам и го поддржувам таквиот предлог. Потпишувам такво барање во вид на петиција до Владата на РМ и Општина Битола!

Јас сум аполитичен, не се дружам со лица на функции во партии и државни органи. Од таа страна сум немоќен.

Се согласува со тебе да потпишеме барање т.е. петеција и се надевам дека (гледајки според масовноста на форумот) ќе можеме да бидеме горди на направена промена и преземена иницијатива во овој правец.
 
Ставен е линк горе, до петицијата. Напишан е текстот на латиница, оди Petiton Online во делот за текст не прифаќаше македонска подршка, а и можеби подобро за оние корисници кои немаат МК подршка.
 
требаше да ја спомнеш болницата во петицијата,инаку потпишано браво!
само уште да успее!
 
Добро, да се почне со ова, па ако успее онака...домино ефект...ќе видиме.
 
За половина час се собраа 50-тина потписи...

Продолжете само така...

:olee:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom