Антинаучна литеарура

  • Креатор на темата Креатор на темата J. T.
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што отпаднато битие, со оштетена примордијална природа, не може само од себе, со свои сили, да постигне совршеност, без помошта/милоста Божја...

А кој вели, и кој утврдил дека сме отпаднати битија?

Та нели сме налик образот божји створени, и согласно тоа би требало да достигнеме совршенство еден ден како и творецот?
 
Остај ти особините на наведениот Бог.:P

Сите знаеме што е добро, а што е зло;)

Дали ти се допадна објаснувањето за духовен опит на MIKI1?
Мислам дека овој пост е одговор на твоето прашање:
Првин велиш догмата не се преиспитува, потоа велиш потребен е духовен опит?! Ако несмееш да преиспитуваш дека напишаното е од Бог, каков ќе биде тој опит?!
P.S. Добро и зло се човечки субјективни перцепции. Не постои добро и зло, постои само причина и последица.
 
Не е погрешна премиса, ако тоа совршено битие има потреба да интервенира, поправа, казнува, забранува....и слично, значи дека креацијата не е како што сакал да биде.

Она кое Творецот го промислил е „едно„ а она кое творението, по своја волја„ ја „оплескало„ работата Божја, е „друго„.
 
Она кое Творецот го промислил е „едно„ а она кое творението, по своја волја„ ја „оплескало„ работата Божја, е „друго„.
Творението неможе да оплеска ништо ако неговиот творец е сезнаен и семоќен. Со сезнајноста Творецот ќе ги знае сите можни исходи, а со семоќноста ќе може да ги смени. Што значи чинот на интервенирање, казнување и судење е тотално човечки, несовршен и апсолутно непотребен за едно такво битие.
 
А кој вели, и кој утврдил дека сме отпаднати битија?

Тоа го велат:
1. Записите од Светото Писмо (Битие)
2. Состојбата во Светов, која ја потврдува точноста од запишаното.
3. Подвизите од врвните поединци во Црквата, кои се удостоени да Го видат Бога.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 18:01 ---
Та нели сме налик образот божји створени, и согласно тоа би требало да достигнеме совршенство еден ден како и творецот?

Никој не ја постигнал совршеноста Божја...Ако знаеш таков пример, слободно напиши на форумов.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 18:03 ---
Творението неможе да оплеска ништо ако неговиот творец е сезнаен и семоќен. Со сезнајноста Творецот ќе ги знае сите можни исходи, а со семоќноста ќе може да ги смени. Што значи чинот на интервенирање, казнување и судење е тотално човечки, несовршен и апсолутно непотребен за едно такво битие.

Поштуем туѓи ставови, ама неам обавеза да се согласам со нив...како што и рекол философот-незнајко.
 
Тоа го велат:
1. Записите од Светото Писмо (Битие)
2. Состојбата во Светов, која ја потврдува точноста од запишаното.
3. Подвизите од врвните поединци во Црквата, кои се удостоени до Го видат Бога.
--- надополнето: 2 септември 2012 во 18:01 ---

Никој не ја постигнал совршеноста Божја...Ако знаеш таков пример, слободно напиши на форумов.

Нели е тоа целта?

Кога ти создаваш чеда, посакуваш едне ден да ј анадминат твојата "совршеност".
 
Еве јас ќе се напишам :вонзем:
 
Начело, се согласувам. Повеќе пати имам напишано дека науките имаат неколку основни атрибути: континуалност, кумулативност и автокоректовност. Но токму тие, не можат да дадат никаков конечен одговор или конечна вистина...
Конечен одговор можат. Исто и вистинит. Апсолутна вистина кажав каде постои како термин.
Науката не знае дали постои таква работа како апсолутна вистина, но доколку постои порано или подоцна истата ќе ја открие.И самиот напиша: непрекинатост(процесот на истражување е постојан), кумулативност(сето знаење се збира), автокорективност(точното останува, неточното се отфрла); овие три "атрибути", доколку постои апсолутна вистина, истата ќе ја обелоденат бидејќи на крајот ќе нема што да се истражува, се' што може да се знае ќе се знае, а неточното знаење ќе е отфрлено т.е. само она што е точно ќе остане. Повторно ќе кажам, ова само ако живееме во статичен свет. Ако не поимот апсолутна вистина е апсурд.
 
Кога ти создаваш чеда, посакуваш едне ден да ј анадминат твојата "совршеност".

Погоре напишаново е само човечко есапење, во стилот „Добар учител е оној кој од ученикот ќе создаде поголем од себе си„...
Христос не допушта таква можност, види во Матеј,10.24.
 
Што има повеќе од тоа биисување покрај Бог - Христос?

Тоа „повеќе„ е бесконечното уподобување кон Христа Бога, преку примање на Неговите вистини и станување сличен со Христа, но не и идентичен со Христа...
 
Погоре напишаново е само човечко есапење, во стилот „Добар учител е оној кој од ученикот ќе создаде поголем од себе си„...
Христос не допушта таква можност, види во Матеј,10.24.

А што би било тогаш божјо есапење?:P

Немам што да кажам понатаму, оти појма немам какво друго есапење има:)
--- надополнето: 2 септември 2012 во 18:15 ---
Тоа „повеќе„ е бесконечното уподобување кон Христа Бога, преку примање на Неговите вистини и станување сличен со Христа, но не и идентичен со Христа...

Е да де. НА то аи мислев.

Дали е тоа совршеноста што треба да ја достигне секоја единка?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom