Сталкерот
Резидентен космонаут
- Член од
- 5 јуни 2012
- Мислења
- 5.761
- Поени од реакции
- 7.593
Не само човекот, секое живо суштество е љубопитно. Оваа карактеристика засега изгледа дека е универзална.Дури и наједноставните бактерии ја истражуваат околината во која се наоѓаат со цел, па веројатно да најдат најпригодно место за опстанок.На човековото битие, „фабрички„ му е вградено љубопитството, кое бара смисла и цел на сите нешта во Вселената.
Искуствено, знаеме дека се‘ што е во Светов, е створено во даден момент, има свој „рок„ на траење и свој завршеток...
Ако е така, тогаш, која е крајната состојба од „напредокот„, ако тој „напредок„ има свој почеток, ако тој „напредок„ тековно, значи „елиминација на недостатоците„? И, конечно, кога сите тие недостатоци, сите по ред, ќе бидат елиминирани и поправени од „напредокот„, што ќе остане, за да биде „напреднато„? Дали таа крајна состојба е некој вид на апсттактно-идеално-идеализирана состојба?
.
Искуствено многу малку знаеме. Да знаеме за нештата кои постојат во тек на човечкиот век.Знаеме и за оние нешта кои се забележани низ историјата, ама целата човечка историја е една незначајна точка во однос на староста на вселената, ова од должината на временскиот аспект. Не е точно дека знаеме дека се има свое траење и завршеток.Набљудувањата ни се далеку од совршени, а крајот на нештата е само начин на нивно дефинирање. Многу, многу нешта за кои велиме дека го достигнале својот крај, едноставно само ја менуваат својата состојба и изглед. Не можеме да донесеме заклучок дека крајот како таков постои.
И ова ме носи на третиот дел, крајната, ултимативна состојба на напредокот и самите својства и можни последици од истата. Единствено такво нешто, крај на напредокот може да се јави во статички универзум, место каде ништо никаде и никогаш не се менува, место кое доколку постојат технички можности се' може да се забележи; или во свет каде што љубопитноста и размислувањето се истребени,закопани и забранети засекогаш и секаде. Само тогаш напредокот би стигнал до точката која би била наречена крај.
За наша среќа ние не живееме на ниедно од овие две места, бар засега, бар така викаат досегашните набљудувања.