Конечен одговор можат. Исто и вистинит. Апсолутна вистина кажав каде постои како термин.
Науката не знае дали постои таква работа како апсолутна вистина, но доколку постои порано или подоцна истата ќе ја открие.И самиот напиша: непрекинатост(процесот на истражување е постојан), кумулативност(сето знаење се збира), автокорективност(точното останува, неточното се отфрла); овие три "атрибути", доколку постои апсолутна вистина, истата ќе ја обелоденат бидејќи на крајот ќе нема што да се истражува, се' што може да се знае ќе се знае, а неточното знаење ќе е отфрлено т.е. само она што е точно ќе остане. Повторно ќе кажам, ова само ако живееме во статичен свет. Ако не поимот апсолутна вистина е апсурд.