А Македонците се скапаа од трошење ко шеици

Заправо, добро глумат шеици
За тие ‘пензионери‘ и нивни фамилии се градат 2 згради некаде кон плажите,
(неколку од бранот од 80-те веќе живеат во Охрид и постојат дури и мешани бракови) не е се само во тие 10 дена.И сигурноста во резервациите е битна.Имаш договори за закуп на 5 години, баш летово го продолжија хотелите со агенциите.Која македонска агенција или турист/група би ти понудиле таква сигурност?
И побарај некој македонски пензионер со холандска пензија (ги имат доста во Охрид-ско) и прашај го колкави му се месечните износи (за делумен стаж), па размисли после колку би биле на некој со 30 и кусур години.
Не зборувам за македонски пензионери со холандски пензии туку за холандски пензионери со холандски пензии пошто холанѓанецот за разлика од македонецот има огромни давачки таму, додека македонскиот пензионер со холандска пензија си ужива овде, разликата е голема.
Холандските туристи со плиток џеб
Холанѓаните ниско платежни туристи. Иако годинава го преплавија брегот на Охридското езеро туристичките работници се жалат дека не трошеле ниту денар надвор од аранжманот.
Не купувале влезници за разглед на културно-историските споменици, не седнуваат во кафулиња и ресторани. Наместо да им биде евтино, гостите постојано се жалеле на високите цени во Охрид.
- Понудата што се даде во Холандија е со многу низок квалитет се понудија многу ниски цени а тоа повлече доаѓање на многу слабо платежно способни гости, вели Климент Наумов туристички водич.
- Ние можеме колку сакаме да ги дигнеме цените но, тоа би било самоубиствен акт за туризмот во Р.М , сепак мораме да видиме каква е конкуренцијата и каква ни е клиентелата, вели проф др Науме Мариноски професор на ФТУ Охрид.
Враќањето на Холанѓаните на брегот на Охридското езеро е голем успех, смета вицепремиерот Пешевски. Според него за привлекување на гости со подлабок џеб ќе треба да се поработи на подобрување на квалитетот на туристичките капацитети и услуги.
- Целта на Владата е да го промени менталитетот на сите луѓе кои се занимаваат со туризам. Треба да почнеме од некаде, не треба да се бара влакно во јајцето. За прв пат после долги години имаме голем број на туристи во државата а, тоа е директен резултат на владините напори, вели вицепремиерот Владимир Пешески.
По два чартер летови од Амстердам неделно слетуваат во Охрид. Евтините аранжмани што ги има и за само
80 евра неделно со вклучен превоз, ноќевање и појадок донесоа сиромашни туристи. За побогати гости Охрид ќе треба уште многу да работи.
Соња Рилковска
http://star.kanal5.com.mk/(S(aypw1155qzay5f45rtmu4455))/default.aspx?mId=37&eventId=80242&egId=13
Се отепаа од седење на сепаре за 10 евра
