Сезонава можда е лоша ама не знам колку се само ценовниците во прашање. Повеќето македонци кои одат во грчка, најчесто во најмала рака гледам носат млечни производи често и месо од дома, обично шетаат низ шеталиште, земаат по едно гиро и повторно шетаат.
Класична порција само за еден е 8-15 евра. Значи покрај сместувањето кое се наоѓа и поефтино во местата каде е обично полно македонци, храната и другите задоволства не се баш ефтини за македонецот. Само тоа што го напраја Охрид со лежалките и наплатата на лежалки и паркинзи, ја уништија скоро секоја плажа. Негде се споменува елитен туризам. Не знам што е тоа ама ако е туризам за богати или вип клиенти и ако го усмерат Охрид во тој правец, многу ќе грешат.
И прашање до охриѓани охриѓани зашто потегот десно од Охрид кон Андон Дуков не се расчисти и не се направат туристички места, плажи и туристички населби. Таква беше ситуацијата до пред 7-8 години кога сум бил последен пат.
Контра антикампањите, цените во Градиште велат се пристојни
ФОТО: Какви се цените на плажата Градиште во Охрид?
Наспроти сите информации дека Охрид е прескап за летување, овие ценовници од една од најпознатите охридски плажи Градиште го покажуваат спротивното. Пиво 80 денари, Нескафе 80 денари, Макијато 50 денари... се само дел од пристојната понуда на Градиште.