Кој што има ваков проблем нека оди на психијатар. Зошто овие болести се многу тешки, мора да се лекуваат од психијатар, па дури и се умира од нив. Во Европа постои само една специализирана клиника за болести со јадењето, во Швајцарија, и само тие можат да се пофалат со резултати.
Како и да е, упат од матичен, и на консултација во клинички центар кај спец. психијатар (не кај психолози). После ако има потреба тој ќе ве прати на психолог (евентуално за психотерапија или психоанализа).
Има неколку различни болести поврзани со јадењето:
- Анорексија нервоза - Нарушување што се карактеризира со нагло, брзо губење на телесната тежина, предизвикано и поддржувано од пациентот. Најчесто се случува кај адолесцентните девојки (12-18 г), и младите жени, но во мал процент може да се случи и кај младите мажи.
- Булимија нервоза - Болест карактеризирана со повторни епизоди на прејадување и претерана загриженост со контролата на телесната тежина, што води до прејадување и после прејадувањето повраќање или употреба на лекарства лаксативи (за протерување по нужда :jaj

Овие болни најчесто се дебели.
- Прејадување поврзано со други психолошки проблеми - Прејадување поради стрес, навика, и др.
- Атипична булимија нервоза
-
Атипична анорексија нервоза
-
Повраќање поврзано со други психолошки проблеми
Овие горе сите се посебни болести. И постојат како такви!
Проблемите што можат да настанат се:
недохранетост, дисбаланс на минералите и витамините во организмот, одкажување на бубрезите, и смрт.
Проблемот овде што е?!
Пациентот се доведе во таква ситуација, заболи од анорексија или булимија. Но сега веќе тој се наоѓа во еден порочен круг, каде што тој САКА НО НЕ МОЖЕ да го прекине. Значи тој кога ќе јаде МОРА да поврати, ако не поврати го фаќа анксиозност, конвулзии, неврози, па дури може да се стигне до делириј.
Значи сами не можете да си помогнете. Тоа не е сега ослабеав слаба сум, од утре ќе јадам. Е да, ама не!
Затоа сватете го проблемот, силна волја за успех, лекарства, и ако имате среќа ќе се излечите.