Цинкот - клучен при анорексија, булимија и здебеленост
Под анорексија подразбираме долготрајно одбивање храна. Причини за ова нарушување во исхраната може да бидат физички, ментални и емоционални фактори. Анорексијата се јавува главно кај жените, но најчесто кај тинејџерките, кои за да се ослободат од (по нивна процена) прекумерната телесна тежина, почнуваат на своја рака да применуваат некакви диети (најчесто гладување) и не знаат како да престанат.
За булимијата, т.н. "волчја глад", се карактеристични периоди на интензивно прејадување, проследено со повраќање.
Не подлегнуваjте на наметната "идеална убавина"
Наметнатиот модел за телесна тежина, кој нема никаква врска со човековата физиологија, средствата за јавно информирање, како и резултатите од изборот на убваица на земјата, придонесуваат младите девојки да создадат искривена слика за "идеалната" телесна убавина. Тоа доведува до една парадоксална ситуација кога младите девојки се срамат од природните секундарни особености на здравото женско тело. Повеќето девојки од тинејџерска возраст сметаат дека облините, кои се природна особеност на секое здраво женско тело, се непотребни бидејќи не соодветствуваат со модниот тренд на т.н. "идеална тежина" и манекенски изглед. Девојките треба да знаат дека "слабоста" на манекенките е нивна професионална обврска и нема врска со т.н. "идеална тежина", која впрочем и не постои. Ако девојките сакаат да бидат истовремено и убави и здрави, тие треба да имаат исклучиво "оптимална телесна тежина", односно тежина во рамките на тежината и обликот на коскениот систем. Се разбира дека освен природните облини, тие не треба да имаат дополнително мрсно ткиво. Тоа ќе го постигнат само ако правилно се хранат, а не да гладуваат, по што кожата ќе им стане како "футрола" за коските.
Нужност од предмет исхрана во училиштата
Поради неправилна исхрана и недоволната информираност за начинот на внесување храна, може да дојде и до трето нарушување - непотребно создавање токсичен отпад во организмот, односно дебелина. Информациите како треба да се хранат тинејџерките за да бидат убави, витки и истовремено здрави, би требало да ги добиваат во рамките на образовниот систем. За жал, поради непостоење предмет исхрана во училиштата, младите ги добиваат информациите буквално - на улица.
Научните истражувања покажале дека до анорексија, булимија па и до здебеленост доаѓа главно поради недостиг од минералот цинк во организмот. Тој недостиг е последица од неправилна исхрана, било да е таа еднолична или прекумерна. Научните студии укажуваат дека сите што страдаат од овие нарушувања со исхраната, а не се во состојба да го надоместат недостигот од цинк преку исхраната и додатоците, имаат малку шанси да ги надминат овие состојби.
Цинкот во телото на жената е "складиран" во мускулното ткиво. Затоа не е изненадување што како симптом на анорексијата се јавува оштетување на мускулното ткиво, бидејќи ако цинкот не го внесуваме преку храна, организмот ги троши залихите на цинкот од сопственото мускулно ткиво за да го дополни кусокот. Кога на пример ќе се потрошат залихите на цинкот во срцевиот мускул може да дојде до нарушувања како што се: брадикардија (забавен пулс), тахикардија (забрзан пулс) или аритмија (нерамномерен пулс). Ако тие
луѓе нагло ја зголемат телесната тежина, тоа може дополнително да го оптовари ослабеното срце. Недостигот од цинк предизвикува и губиток на чувството за вкус.
Како една од причините за анорексија е и продолжениот (хроничен) стрес, кој може да го забрза губитокот на цинк во организмот.
Поради недоволна и неправилна исхрана се појавува недостиг и од други минерали, како што се калиумот и јодот, кои се неопходни за оптимална функција на тироидната жлезда. Избегнувајќи ја редовноста во исхраната со "прескокнувања" на оброците и со драстично гладување не се намалува телесната тежина туку се нарушува здравјето. Како симптоми на анорексијата освен губитокот на мускулната маса кај девојките доаѓа и до губиток на менструацијата. Со булимија (принудно прекумерно јадење) се предизвикува повраќање на храната и дехидрирање на организмот, со што исто така слабее срцето и се нарушува здравствената состојба. Со континуирано прекумерно внесување енергетска храна во организмот доаѓа до дебелеење, а непотребното масно ткиво исто така го слабее срцето.
Внесување на цинкот преку храната може да биде недоволно во овие случаи така што е неопходно да се внесува цинкот и како додаток на исхраната во вид на таблети, капсули или во течна состојба. Земањето на цинкот треба секогаш да биде под контрола на лекарите или нутриционистите за да не се предозира. Додатоците со цинк се само дел од програмата за надминување на анорексијата и булимијата. Со цинкот, како и со другите неопходни минерали, организмот најдобро ќе се снабди со редовно консумирање морски плодови, морски риби (харинга), морски ракчиња, телешки џигер, мисиркино и пилешко месо и семки од тиква. Цинкот се наоѓа и во интегралните жита, кои се консумираат во вид снегулки или интегрален леб. Минералната нерамнотежа во организмот најдобро ќе се надмине со редовно земање синозелени слатководни микроалги (АФА, спирулина и хлорела).
Младите треба да се едуцираат дека со физички активности и разни вежби може ефектно да го обликуваат своето тело. Ако го сфатат тоа, храната внесена на правилен начин во текот на денот, а не ноќе ќе ја прифатат како единствено гориво што ги овозможува сите физички и интелектуални активности.
Треба да ги научиме младите да се хранат правилно, а не да консумираат исклучиво т.н. "брза храна", која може да доведе до зголемена телесна тежина и до други здравствени проблеми.
Основно што треба младите да знаат е дека свежата храна, во која се наоѓа "искрата на животот" - ензимите, е основа на здравото живеење. Свежиот зеленчук и свежото овошје, особено со зелена боја, кое содржи хлорофил, е најчистиот извор на енергија на светот. Хлорофилот претставува трансформирана сончева енергија во хемиска и се создава во процесот на фотосинтеза за мошне кусо време.
Редовно и правилно внесување разновидна храна (пет пати дневно) во мали количества, во согласност сокрвните групи, а по принципот "ад либитум" (според потребите), е еден од предусловите за оптимален и здрав психофизички развој на младата генерација.