Анксиозност

  • Креатор на темата Креатор на темата pisatelka
  • Време на започнување Време на започнување
И јас се заглавувам редовно сега во лифт, and I am alive.

Чувствата можат и да се мешаат, а можат и посебно да се појават.
Самата анксиозност може да биде разновидна, за сега се определени шест видови: генерална анксиозност, опсесивно-компулзивно нарушување, фобии, PTSD (посттрауматско стресно нарушување), социјална анкзиозност и панично нарушување (анксизони напади).

Сите имаат заеднички особини, но се и различни.
И дефинитивно ниту едно од нив не е ,,едноставно,, за надминување, посебно ако имаш големи физички симптоми.
Види, со оглед на тоа дека можеш возењето со лифт(кое според мене барем во нашава земја е доста ризично од причина што одржувањето е ужас) да го замениш со качување по скали што е многу здрава активност, не гледам зошто би продолжила да се возиш со лифт, без разлика дали ти е страв или не.
Не барав text-book одговор туку од лично искуство. Дали еве тебе ако си била анксиозна тие негативни емоции ти се мешале или лесно можеш да кажеш дека ете само една од нив си имала и лесни се за радвојување(знаеш кога и која емоција ја осеќаш)?
 
Одржувањето на лифтовите во објектот во кој работам е одлично, инаку, не би влегла во раскантан лифт (како што не би влегла ниту во кола со дупната гума).

Мене не ми се појавило до сега гадење или срам, туку чист страв и паника.
Страв од можната блиска иднина, паника од тоа што предвреме ја доживувам можната иднина (која инаку, до сега се нема случено - ниту еден од ,,стравовите,, поврзани со лифтот).
Можеби лифтот е само локација, зошто генерално сум клаустофобична (сеуште не се возам позади во кола ако нема врата, во дискотека никогаш не одам на подиум, не влегувам во пренатрупан автобус итн).

Од физички симптоми, како што веќе спомнав, се појавуваше гушење, ладна пот, вртоглавица и тахикардија. Сето ова е дел и од инфаркт, just saying. Не е пријатно да доживуваш симптоми на истото, иако е нереално - во моментот реакцијата на телото и те како е реална.
 
Значи кај тебе анксиозноста е доста специфична, немаш некоја општа анксиозност, непријатност која неможе да се долови и тешко е да се опише. Си знаеш дека стравот ти е од тесни места и ги избегнуваш и тоа е тоа. Кај тебе депресија не се јавува така?
 
Ауу, осеќам некој опасен третман ќе ми кажеш.
Не, не сум депресивна, како ни повеќето анксиозни луѓе :)
 
Заебана работа е маме и е*ам. Јас имам социјална анксиозност, испаднам ли од дома се обливам со ладна пот и брзо чукање на срцето и едноставно како да не сум иситиот, ми се менува понашањето, се плашам човек у очи да погледнам, ретко се смеам... Ова почна средно памтам 7 или 8 бев и како и обично одев со секакви мајци на школо и еден ден а појма неам како почнав да се потам и и се јавив на мајка ми да дојде да ми донесе нова блуза, дека носев розева и се познаваше ептен. Е од тогаш значи нема теоретски шанси да не се испотам кога излегувам, само со женска ми кога испаѓам не ми се дешава тоа. А за лифт.. имам и тоа премногу страв али у последно време се возам сакам неќам мака ми е. Се имам заглавено еднаш околу саат време у лифт со 7 души, замина лифтот подоле од приземје, најверојатно подруми доле имаше и почавме да се гушиме, башка лето беше па можеби и од тоа ми е стравот али знам дека и претходно ми беше страв али морав од 10ти кат не се иде пешки. Кога возам кола секогаш мислам дека некој (читај сите) гледаат у мене.
Почнувам да губам надеж дека некогаш би се излечил од анскиозноста, знам не е болест, јас треба размислувањето да го сменам до мене е, ама како????? Единствено кога одев на работа (тешка физичка) е тогаш немав потење, исто и после јако трчање ретко се јавуваше анксиозноста. Ми го заебува и факултетот, дома знам се, кога ќе ми го дадат тестот да решавам се губам и само 6ки и 7ци вадам(не дека сакам 10ки ама имам и паднато поради тоа), го предавам тестот и сите нерешени прашања ми текнуваат, значи буквално сите. И не, колеги мои анксиозни, не се клукајте со апчиња така нема да ни помине засекогаш само привремено, мора да го пронајдиме самите ние лекот.
 
Ако не можеш да го победиш стравот и ти смета во нормалниот живот - а мислам дека ти смета - би ти препорачала да побараш стручна помош.
Анксиозноста сама од себе нема да помине, но ќе се навикнеш на неа, само што не гледам зошто би се навикнувал кога барем во денешно време постојат терапии (со и без лекови) кои имаат огромен процент на успешност.
Земи си еден упат кај матичниот доктор и појди си на психолог/психијатар, или можеш и самиот ако сакаш на приватно да одиш.

Мој совет ти е да не се мачиш, еден живот имаме, треба да го живееме најсреќно што можеме!
 
Добар ден.

Како сте?

Овој зимски период само јас тешко го поднесувам или до анксиозноста е? Денеска сум малку во криза, дали оти вечер треба да излегувам, па чувствувам некој притисок или до времето е?
Ама реков повеќе апчиња не... 1 час пред да одам вечер 2-3 чаши алкохол за опуштање и нема проблем после тоа... Алкохолот барем за мене е многу добар лек, кога треба да се оде некаде, ама во умерени количини, колку за опуштање, 2-3 чашки и ништо повеќе.
Како мислиш повеќе апчиња не ? Лекарствата не смееш на своја рака да ги прекинуваш, постои опасност од рецидивизам (поврат на болеста) што е многу полошо од самата болест сега што ја имаш. Алкохол 1-2 чаши не е проблем, мегутоа не често, само на некои поводи или сл.
 
Последно уредено:

Апчињата ми се оставени неколку месеци, ама пиам понекогаш хелекс... За хелексот велев повеќе не :aplauz:
И после неколку месеци без пароксетин, анксиозноста и стравот уште си се тука, ама гледам да ги контролирам колку што можам повеќе
 
Колку што можев да забележам најчесто анксиозност или паничен напад се поврзува со здравјето-хипохондријата.Јас еве имам страв од мојата работа, постојано се преиспитујем дали нешто сум направил правилно, дали ќе имам последици јас, другите луѓе, моето достоинство, се осеќам многу одговорно и за се се грижам.пиев одредено време 2мг дијазепам кога ќе осетев паника, нервоза и последно се обратив на психијатар и добив Асентра, но скоро ја почнав.Што мислите искусни...?
Asentrata ќе ти помогне, но почитувај ги упатствата од лекарот , не ја прекинувај на своја рака.
 
Денес имав врв на паника.

Јас посекако ужасно се плашам од болка (каква и да е, ама ако е некаде во предел на главата посебно од кожа ме вади), и бев на забар.
Џабе од дома спремања психички, вака онака, уште неседната на столчето, почнав да се тресам.
Врвот беше кога ме боцнаа со анестезија, е тогаш мислам дека сериозно во шок паднав, премрзнав и се препотив.
Па уште кога почнаа да ме тегнат со клештата, а имам инфекција и анестезијата немаше фатено добро... готово, се изгубив :)

На крај, ем не завршив работа (морам пак антибиотици да пијам), ем уште ми клецкаат колена, ем одбивам било што за смирување да пијам, забавен ден ќе биде ова.

Ама, што е тука е, другана недела пак иста песна, со нови сили во нови походи!
 
А тетоважи, губење невиност... ? :)
 
епа ајде и јас да си го споделам проблемов.. веќе 3 години си имам проблем со говорот,чувствувам како грлото ми се стега,неможам да изговорам повеќе од неколку реченици.за усниве испити чаре нема,незнам што ќе се прави..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom