Android корисници (проблеми, прашања, совети)

  • Креатор на темата Креатор на темата Џои
  • Време на започнување Време на започнување
@wiksa утре ќе пробам да се лоцирам самиот преку сим, чисто да видам што ќе даде. Сите wifi околу мене ги лоцира, а не ми дава само преку сим да биде. Знам само дека јас на Југодрво, а Maps ме покажува кај Соборен Храм. Затоа и ти кажувам 2км. Горе долу толку е. Ама ќе пробам и ќе ставам слика.

Дополнето:

Затоа што немам нерви да чекам до утре, решив малку да го променам "лоцирањето" и да го избегнам gps и wifi на телефон.
Сликава лево е направена на лаптоп (како што можеш да видиш) на кој е исклучено wifi како device, не само disconnect. Гугл на телефон постојано се обидуваше да ме лоцира преку gps, wifi и sim одеднаш, па на "педерски" начин ја даваше точната локација. Истото го прави и на лаптоп, ама поврзан преку wifi (го лоцира самиот рутер). Во моментов, лаптопот "зема интернет" од самиот телефон, преку 3G и нема шанса да се лоцира на друг начин. Гледај на мапа каде ме покажува, а ќе ти обележам со круг каде сум (сакаш верувај, сакаш не). Значи, само преку sim и никако поинаку! За ова зборувам цело време. Sim лоцирање е промашено од старт. Најточно е wifi, после gps, па на крај sim, ама само како ориентир каде би можел да биде. Нека проба секој лоцирање преку wifi, па лоцирање преку sim од телефон.
Нема да ги избришам бројките, чисто да се види. Јас сум на малку попрецизни :)

Прегледај го приврзокот 141564

Баш интересен случај, чим се ослободиме малку со колегиве ќе пробаме да направиме тест како ќе покаже локација како што претстави ти преку 3Г интернет преку телефон, а ако се добри од сервис да ни дадат и можност со реалната опрема што ја имаат операториве ќе пробаме и со неа.

Во теорија ГПС и сим лоцирање работат на ист принцип и треба да дадат ист резултат со мали отстапки поради различниот протокол. Ама еве ти покажуваш дека теорија и пракса не е исто. Битно ил не работа не ми е да тестирам лоцирање со опремата со која располагам, ама може да го ставиме како предизвик во слободно време интересен предизвик е :)
 
@wiksa може и јас да дојдам да си "поиграм" со вас? Онака, наивно прашувам :)
 
@wiksa може и јас да дојдам да си "поиграм" со вас? Онака, наивно прашувам :)
Што се тиче мени може, само шѕо и на практикантите не им се дава пристап до реалната опрема само до симулаторите тоа е друго. Али баш им спомнав и сите не заинтригира зашто толкава разлика дава па сакаат да пробаме со опрема што нема да се синхронизира со профилните плочи на операторите.

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk
 
Правете што ќе правите, после пиши, ако откриете зошто е така. Ако смееш да кажеш, нормално :) Ако не, секогаш контра ќе ти одам :D
 
Момци - ај итно кој знае .... Имам С6 и телефонов одеднаш почна на моменти да кочи ....ама она апла закочување ...... и после 30тина секунди го пушта ...... нит ми има паднато нешто, нит нешто сум му направил - једино што апдејтувам апликацииве дефалтни што се ..... реално поише го чувам него сам што се чувам ....

Има некој идеа што може да е ?

Не е ни полн па да поткочува ради тоа што нема простор ..... 19гб имам слободни ...
 
Избриши кеш. Прво среди слики и слично на друго место, па исклучи тел. Power, Home и Volume Up во исто време и пушти ги кога ќе видиш Самсунг знак, мислам син екран ќе биде Во менито преку копчињата за звук дојди до wipe cache и одбери со power копче. После одбери reboot now и почекај да се вклучи.
 
Луѓе некоја апликација за тоа колку имам потрошено интернет на мобилниот ?

Да видам дали и овие ти мобајл ќе пробаат да си крадат нет ? :D
 
Луѓе некоја апликација за тоа колку имам потрошено интернет на мобилниот ?

Да видам дали и овие ти мобајл ќе пробаат да си крадат нет ? :D
Не ти покажвит на телефонот колку имаш потрошено?
А за апликација Onavo Count
 
Имам таблет со 5.0.1 и два огромни проблеми откако го ставив тој проклет 5.0.1 е сеа, да пробам да му ставам 6.0.1 "со сила" или? Гледав туторијали на јутјуб, го симнав мачмалото (217мб мислам е) и сеа имаше една програма flash 2.8.6.2 така нешто ама никако да ја најдам .... Некој совет од некој по знаен? Инаку галакси таб с 10.5 а проблемот е што со лолипоп не ми чита сим не ми чита микросд а бара рестарт кога му ставам сим...

Sent from my D2005 using Tapatalk
 
Имам samsung s6 edge, пред некој ден ми се појави да направам update на софтверот и од тогаш навака имам проблеми со конекцијата на интернет без разлика на wifi или 4G. Сите апликации што користат нет ми прават проблем. Некој да не знае што е?
 
Пробај со враќање на фабрички поставки да видиш дали ќе се оправи. Следно, наново флешување на софтверот ако пак имаш проблем, на сервис или сам ако знаеш.

Прочитај по нетов дали има многу такви пријави за да знаеш дали си изолиран случај или има повеќе со истиот проблем на иста верзија и телефон.
 
Дечки едно прашање S6 или S7? Вреди да се дадат плус 200 евра или не? Сигурно дека Седмицата е подобра меѓутоа дали има преголема разлика? Некој поупатен ако може да пише
 
Дечки нешто ми се деси со апликацијата фб. Во еден момент можев да си save photo а после следен момент error saving the photo.
Рестартирав телефон ама џабе.
Чаре?
 
Дечки едно прашање S6 или S7? Вреди да се дадат плус 200 евра или не? Сигурно дека Седмицата е подобра меѓутоа дали има преголема разлика? Некој поупатен ако може да пише
С7

Sent from my Nexus 6P using Tapatalk
 
Дечки нешто ми се деси со апликацијата фб. Во еден момент можев да си save photo а после следен момент error saving the photo.
Рестартирав телефон ама џабе.
Чаре?
Види која верзија на апликацијата ја имаш. Инаку, отвори ФБ преку browser и таму задржи врз сликата, ќе ти даде да ја симнеш како фајл и ќе ја имаш :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom