Стравот не мора да биде од Бог има пострашни работи.Ова е исто како да кажеш дека морал од луѓе кои не веруваат во Бог не можеш да очекуваш и бараш,но сепак праксата покажува дека не е така,се согласуваш ли?
За момент да си претпоставиме дека е така како што си пишал,се поставува прашањето-зошто во секоја држава во светот постои криминал?Стравот од авторитет,во овој случај државата,постои,но очигледно е дека нешто не штима,не е до стравот,туку во нешто друго е проблемот.Некој ако решил да убие,ќе го направи тоа по секоја цена и ќе се надева дека нема да биде откриен од страна на институциите.Зошто има поединци кои се впуштаат во активности со кои им штетат на другите околу себе,нема чувство на емпатија,каков страв од авторитет-искрено не ти држи вода тезата.
Дали е до тоа како се воспитуваат децата,дали околината влијае(влијае секако,не негирам),дали луѓето се раѓаат такви(ова не верувам),дали ако едно дете се роди во средина каде нема насилство,поделби по вера и нација и ред други контролни механизми,дали тоа дете некогаш би посегнало по туѓ живот или би украло нешто или што и да е?
Во контекст на темава, има во секое општество криминал затоа што секогаш ќе се најде некој што е против системот таканаречен "индивидуалец", "the chosen one" кој мисли дека е најпаметен и заслужува повеќе. Конфликтот настанува тогаш кога ќе сфати дека другите не го делат неговото мислење не сметаат дека тој вреди повеќе и не му го даваат тоа што тој го бара. Природна последица е да оди против системот. Па нели "his the one" а системот не чини..
Зошто некој би крадел или не би крадел?
Мора-немора
Сака-несака
Може-неможе