Ananas.mk (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.542
Поени од реакции
8.699
Возраст
35
Српската онлајн шопинг услуга Ananas.
одсегa (од 13 јуни 2023) и со своја онлајн шопинг услуга и во Македонија.
Screenshot_20230613-171111_Facebook.jpg

Во понудата има бела техника, мобилни телефони, it опрема, гејминг опрема, мали куќни апарати, обувки, облека, храна и пијалоци и многу друго.

Маркетплејс платформата за онлајн продажба, Ananas.rs, со седиште во Србија, од Payten го откупи 100% од сопствеништвото на компанијата ВЕБСПОТ со што стана сопственик на македонските брендови за онлајн купување Grouper.mk и PaoPao.mk.

На македонскиот пазар Grouper.mk е познат по бизнисот за продажба на купони за услуги, додека неодамна лансираниот сајт PaoPao.mk претставува marketplace платформа за онлајн купување на производи. Аквизицијата на Grouper.mk како водечки сајт за е-трговија на македонскиот пазар со скоро 300.000 корисници и 3.000 трговци, претставува прв чекор на Ananas кон регионално ширење. Оваа аквизиција ќе му овозможи на Ananas брз влез на македонскиот пазар како и воведување на нивните иновации и нови концепти.

Marketplace платфомрата Ananas е дел од корпорацијата Делта Холдинг со седиште во Белград. Првите продажби на платформата беа извршени летото 2021, а денес Ананас на своите купувачи им нуди повеќе од 150.000 различни производи, по пат на разгранета мрежа со преку 200 партнери. За помалку од една година Ananas.rs го имаат посетено повеќе од милион купувачи. Со лансирањето на Ананас, компанијата Делта Холдинг ја најави својата амбиција да создаде регионален гигант во онлајн трговијата и подготвеност во овој проект да вложи околу 100 милиони евра во првите 5 години.

„Пазарот во Македонија, купувачите, но и онлајн продавачите, со оваа аквизиција добиваат сигурен, лојален и долгорочен партнер, подготвен да инвестира во развојот на овој бизнис, но и во развојот на целиот македонски екосистем на е-трговија. Имаме план да го понудиме најголемиот marketplace во оваа земја со широк асортиман на производи, сигурна и брза испорака, безбедно плаќање и многу иновативни решенија кои до сега ги има само на развиените пазари“, изјави Марко Царевиќ, главниот извршен директор (CEO) на Ananas.
На почетокот на нивниот бизнис, од Ананас најавија дека српскиот пазар е само почетна точка и дека амбицијата на акционерите и самата компанија е овој marketplace да се појави и на останатите пазари во регионот на Западен Балкан.

„Со репутацијата и силата на Делта Холдинг зад нас, но и со иновативниот бизнис модел што го донесе не само Ananas туку и неговите глобални партнери како што се Boston Consulting Group, HTEC и други, уверени сме дека ќе овозможиме ново шопинг искуство за купувачите од целиот регион, а на продавачите доверлив партнер и место каде што ќе можат да ги спроведат и најамбициозните бизнис планови“, вели Марко Царевиќ.

Оваа тема нека служи за да ги пренесувате сите искуства околу купување и општо соработка со Ananas како купувачи или како продавачи доколку имате ваша фирма која ги нуди производите на Ananas.mk

Во Србија имаат и апликација за телефони а се надевам и во Македонија ќе понудат апликација.
 
Гледајќи кој е на чело, ме интересира дали и тука вработените враќаат пари на рака како што правеа во старата фирма на газдарицата?
 
Српската онлајн шопинг услуга Ananas.
одсегa (од 13 јуни 2023) и со своја онлајн шопинг услуга и во Македонија.
Прегледај го приврзокот 381501

Во понудата има бела техника, мобилни телефони, it опрема, гејминг опрема, мали куќни апарати, обувки, облека, храна и пијалоци и многу друго.



Оваа тема нека служи за да ги пренесувате сите искуства околу купување и општо соработка со Ananas како купувачи или како продавачи доколку имате ваша фирма која ги нуди производите на Ananas.mk

Во Србија имаат и апликација за телефони а се надевам и во Македонија ќе понудат апликација.
ne gledam ponuda, samo najava
 
ne gledam ponuda, samo najava
ananas.mk е сајтот и провери си ама колку што прелистав на сајтот дел телефоните компјутери, лаптопи, таблети им се од Riversoft понуда. Видов имаше Тиквеш вина и ракии, козметика,телевизори, патики од D Sport, велосипеди и не знам друго што се не имаше. Скоро исто како Кајгана шоп во понуда.

Дел од понудата има и попусти а некој дел од производите се продаваат директно од магацинот на Ananas. За тие производи што се од нивни магацин си пишува Aнанас Шоп и ā Direkt.

Е сега врска немам дали Ananas се и како курирска служба или соработуваат со друга фирма курирска служба.
 
Последно уредено:
Овие од ананас или се будали или перат пари, па кој ќе им купува со вакви цени. Можда некој паднати од Марс. :ROFLMAO:
 
Достава брза ама корисничка подршка 0, ми пратија некомплетен продукт ни одговор ни ништо
 
Ако имаш среќа да ти стигне производот ок се ако не тоа корисничката подршка за кур не им ја бива, ми идеше да им влезам на кеј у тоа ретардираните канцеларии да ги размавам. нарачав продукт не ми стигна рефунд после 2 месеци а у меѓувреме никој не ти кажува што до каде е.
 
За колку време ти испорачаа?

Одамна беше не памтам, а не можам мејлот да го најдам на нарачка (веројатно сум го избришал). Битно ми донесоа некомплетен скршен продукт, ни враќаат на мејл ни ништо сета среќа се работеше за не толку скап продукт
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom