Фала му на господ не прашувам за мене , за близок е.

Личноста помина во бурен и тежок период од животот во последните 2 години , изгуби доста блиска личност која беше болна подолго време и цела таа напнатост и нервоза буквално излезе како торнадо. Кожата е црвена на моменти како жар , и има многу густ првут низ цело тело. Болки нема , али се осеќа ептен напнато и кожата ја стега многу. Примаше хемотерапија незнам точно каква , косата и опадна , но за чудо не беше дијагностициран никаков вид на рак , а вршеше испитувања и во Бугарија и во Скопје и исти дијагнози и дадоа. Е сега со последните испитувања се покажа дека леукоцитите се качени многу над нормалното. Незнам што да мислам , во план е и болница во Лондон па ќе видиме како ќе испаднат работите. Моментално е во Скопје и прима некоја нова поткожна вакцина секој ден.