Булдог имаш на секој чекор топ си е тревата, мене амнезија хејз ми е најубава, а и кафичите им се супер опремени за одмор од шетање. Ако сакаш печурки имаш кај пазарот на лалињата во една продавница ко во подрум, по неколку скалички надоле се симињаш. Не знам дали е легално, ама апла ги продаваат на излог им стојат. Дискотеките ти се така скапички, ако планираш да пиеш начукај се во хотел пошто не е легално на улица/клупи алкохол да се пие.
За шетање мене ептен ми е интересен амстердам само така да си бладам по улиците, насекаде точаци летаат, скоро никаде нема коли да те замараат. Купи си мапа и шибај пешки, сегде се стига за пола сааат одење.
Мене ми е најубав град во Европа, летово сто посто пак ќе одам.
Ако имаш време еден ден пушти се со воз и до Ротердам интересен град е.