Баш вчера, за промена, решив да пробам да направам Американски палачинки и супер испаднаа. Разликата од нашиве Европски палачинки е во тоа што се подебели, помеснати

(како и се друго Американско

) но затоа пак не можеш да издеш повеќе од една, две... а и полесно се прават.
Ова е рецептот што јас го користев :
2 јајца
400 мл млеко
400 гр брашно
1 прашок за пециво
2 ќесички ванилин шеќер
3 лаж шеќер
1 лаж масло за во смесата и плус за тавчето
Се делат белките од жолчките. Белките се матат заедно со 1 ќесичка ванилин шеќер додека да се добие смеса како шлаг. Во друг сад се матат жолчките, млекото, шеќерот,ванилиниот шеќер и маслото па се додава брашното + прашокот за пециво. Треба да се добие изедначена смеса (без грутки). На крај се спојуваат двете смеси.
Јас ги печев на тефлонско тавче со мноогу малку зејтин колку да се подмачка тавчето.
Tip: Палачинката е готова да се превртe кога ќе почнат да се појавуваат меурчиња од горната страна.
Јас половина од смесата ја помешав со јаготки и испаднаа уште повкусни ^_^ . Инаку поубави ми се овие нашиве, обичните само се многу помизерни за печење, треба 2 саати да стоиш пред шпорет и да превртуваш палачинки :S