Американски фудбал - NFL лига

  • Креатор на темата Креатор на темата Neno-WH
  • Време на започнување Време на започнување
Ептен добар натпревар. Одбраната на Ремс најдобра кога е најпотребно, со три сакови во четврта четвртина. Добри се Минесота ама напаѓачкиот потенцијал на ЛА е ненормален. Грли, Кукс, Кап и Вудс... се додека Гоф е здрав нема зима за нив. МекВеј е гениј!
 
Очосинко, Мегатрон и ТО да се вратат сега да имаат по 26-7 године и да се на врв на кариера, Беличик нема да даде 72мил за ни еден од нив :)

А не за Брандин Кукс
Знам, затоа поише беше гласно размислување. :D
 
Ремс ебаваат мајки.

Свака им част, ептен се добри за гледање. Симпатична екипа. Супер напад - супер одбрана. Нема што да не се сака. Плус се екипа што сега е во подем и не е некоја досадна доминантна екипа така да...свака им част.

Немаат позиција кај што се слаби.

Од друга страна ја мора да јадам гомна за Казнс.

Ова од Вајкингс е еден од најглупите потези што можеа да ги направат.

Јас како гласен хејтер на вакви потези нормално се ситам што имаат 1 победа после 4 меча откако фрлија толку пари за Казнс.

Значи подобро ќе фрлам пари на 4 играи у дефанзивна линија него ли на еден КБ.

НФЛ еволуира ептен, и гледаме екипи како со втора опција КБ освојуваат СБ, и овие се фатија за еден од најпреценетите и недокажани КБиња да фрлат толку пари..

Такви договори се даваат само на играчи што можат сами да ти сменат тим.

Нешто ко Роналдо/Меси/Хазард у фудбал, ЛеБрон/Антетокумпо (па има и уште некои можда тука) у кошарка, Брејди/Роџерс у НФЛ и слично.

Едноставно Казнс не е таков тип на КБ и не вреди за парите.

Не знам, јас лично ептен хејтам кога се фрлаат ептен пари за еден играч што не е гејмчејнџер. Со секоја логика ми се коси кога ќе видам екипа како ќе фрли ненормална сума на пари.
Особено па во спорт кај што има селари кеп, допрва за пар години ќе си ги видат проблемите Вајкингс.

Не верувам со Казнс да помирисаат конференциско финале.

Ама ајде, ќе видиме за пар години дали сум бил во право или не.
 
Ми претставува мистерија зашто беше дропнат Џо Миксон 2 година по ред во лигава и како втора година по ред Марли го зима пред мене :D
Da Bears го дропа Миксон, кој се враќа за недела/две, а го чува Џонатан Стујарт што е ставен на IR и нема да игра сезонава :D

Златна шанса испуштија тимовите од првите со 0-3/1-2 скор да земат топ тркач.

Марли ако решиш да го трејдаш пушти понуда накај мене, го имам во друга лига со Мекафри сакам да ги спојам и овде :D

Исто ако пред да дропнете играч, пуштете понуди за трејд, не знаете кој ќе биде заинтересиран, во секој случај подобри играчи може да се земат него ова што е останато од слободни играчи.
 
Еве нешто за поинтересно да биде колово... лани ептен повеќе коцкарски постови имаше :D

upload_2018-9-29_18-42-17.png
 
Ми претставува мистерија зашто беше дропнат Џо Миксон 2 година по ред во лигава и како втора година по ред Марли го зима пред мене :D
Da Bears го дропа Миксон, кој се враќа за недела/две, а го чува Џонатан Стујарт што е ставен на IR и нема да игра сезонава :D

Златна шанса испуштија тимовите од првите со 0-3/1-2 скор да земат топ тркач.

Марли ако решиш да го трејдаш пушти понуда накај мене, го имам во друга лига со Мекафри сакам да ги спојам и овде :D

Исто ако пред да дропнете играч, пуштете понуди за трејд, не знаете кој ќе биде заинтересиран, во секој случај подобри играчи може да се земат него ова што е останато од слободни играчи.

Па ја глуп, го видов дека е дропнат, и после заборавив да влезам да го земам на вејвер, а бекови немам ни за просек. :tapp:
 
Еве нешто за поинтересно да биде колово... лани ептен повеќе коцкарски постови имаше :D

Прегледај го приврзокот 197400

Денес само на сигурно играм , многу јаки и неизвесни утакмици има , па кога ќе дојдам дома една пица фамилијарна и пиво ќе си земам и ќе си пуштам RedZone :oleee:

Очекувам победи на Falcons , Eagles , Bears . Jaguars , Patriots , Cardinals , Saints, Chargers
 
Crazy Mitch со 4 TDs а уште 10минути до крај на прво полувреме има :zver:

Let's go Bears :ojeaa:
 
5 TDs Mitchel Trubiski , FRANCHISE RECORD :ајнапиво::ајнапиво::ајнапиво:

Највеќе pass TDs во историја на Bears а уште 5минути до крај на прво има :cuc::cuc::cuc:
 
@ElNinho
Имаш -0.04 поени од Танехил после 3 четвртини :ROFLMAO:

Свака част за партијава на Чикаго, не верувам да издржат долго у лигава, ама супер старт за нив, Калил ги препороди некако.

Знаев дека Мич џабе е хејтан кога го драфтаа, не знам дали сум пишал на форумов ама тотално верував во Трубиски дека ќе стане солиден КБ и дека плафонот му е негде Казнс тип на играч, ама тоа би било само ако му дадат шанса неколку сезони да прерасне во нешто такво.

Мора 5-6 сезони да останат со Трубиски иако верувам ќе продолжи со топло-ладно партии и сигурно годинава ќе има партија кај што ќе има 3-4 интерсепшни.

Ама дефинитивно проект КБ треба да им биде, за пар години ќе добијат сосема солиден КБ, што уствари како што тргнало ќе има можеби и бољи кариера од Винстон и Мариота :ROFLMAO:
 
@Марли heartbreaking loss.

Штета не ја гледав цела утакмица на Петс, али од тоа што видов, конечно асална игра и во одбрана. @Nikac_Aerodrom Мич(ш)ел со преку 100 јарди и TD. Гронк се повредил, се надевам дека не е сериозно. Гордон две фаќања за 32 јарди. Солидно за старт.
 
Последно уредено:
Ајде Бенгалс, давајте тачдаун :D
А Иглс што пак се вадат? И сега имаат напад за победа во ОТ.

Доста OT има сезонава, не знам дали приметивте.
Колтс израмнија!!!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom