Американски фудбал - NFL лига

  • Креатор на темата Креатор на темата Neno-WH
  • Време на започнување Време на започнување
Ауууу.... каква тишина у Канзас :)
Баш ми е мило за Синсинати.
Се одбранија пред крај на прво полувреме и успеаја да примат само еден филд гол во цело второ полувреме.
Сосема заслужена победа во продолженија :)
 
Мене уопште не ми се антипатични Чифс, напротив, не можеш да не ја сакаш нивната игра, они се Голден Стејт у НФЛ, сите се прилагодуваат на нив, ама ПРЕМНОГУ ми е мило што отпаднаа сега, само и само заради РЕТАРДИРАНАТА одлука да го трошиш саатот до крај уверен дека ќе имаш шанси за ТД, место одма да идеш на ТД.

Скроз ме неривра овој нов “аналитички“ тренд дека не треба да постигнеш ТД за водство веднаш откако можеш, туку дека треба да го трошиш саатот па да чекаш задњи 30 секунди па тогаш да поентираш, како тоа да е најлесно нешто, ко да не постои противничката одбрана јебемте.

Дај си тачдаун, кикоф, и нека проба противникот да пројде 75 јарди, олдскул, не овие глупости.

Енди Рид па цела кариера тера олдскул у вакви ситуации, сеа се реши обратно лол.

Нека им кисне, Џо Бароу е играчиште.
 
Не го сакам многу Махоумс пошто е циркузант, ама овака не се игра клучно полувреме, нека учи од Брејди и Роџерс додека може.
 
Џими Џи, ај сиктер. Чоукна коа највеќе требаше да поведе напред.
И нападот на Рамс не беше нешто најсјајно, ама одбраната беше на ниво кога највеќе требаше.



А бре Џими бре... тужна ја остви другарка ми Вики :(
 
Сигурно не најталентираниот, веројатно не и најдобриот (зависи по кои параметри гледаме), но дефинитивно најголемиот на сите времиња. 10 Супербол настапи во 22 години, во salary cap ера, од кои 7 прстени!

Бројките сите ги знаеме, ќе помине време пред да бидат достигнати, дотолку повеќе што човекот играше до 44 години, колку ли е лудо тоа? Е сега да, можеби тоа е новата реалност на играчкиот век на НФЛ квотербековите, ама ќе видиме со играчи како Мет Рајан, Роџерс, па и Стефорд.

Милион моменти има од неговата кариера, веројатно еден најголем колективен момент ќе остане камбекот во Супербол 51. Лудница кариера, свака част, GOAT!
 
Ја уште зборам дека Брејди живее нереален живот.

Професионална атлета, го игра најпопуларниот спорт во државата во која што живее, најдобар е во него, богат е поради тоа, за жена ја има Жизел и како да се претходно наведено е малце па и си ја наоѓа будалата Гронк да му е најдобро другарче. [emoji16]

Ма и годинава да не поебеше работа АБ ќе играше супербол (или пак да реагираше одма да го донесат Еделман [emoji16]) али шта је ту је и заслужен е цел респект што го добива.

Едино што ме изненади е што вака ја заврши кариерата со соопштена одлука после последната утакмица, а многу пофилмски ќе беше да имаше цела сезона опростувања. Ако ништо друго барем да ги хајпне колегите од Тампа и да најавеше пред плеј оф.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Имаше тука некој за Фили што навива?

Гледам сме го собрале Даг Педерсон за тренер па ме интересираше што мислите дали може да изнесе младо кју би на прав пат.

Од мое сеќавање релативно ок го изменаџира Венц првите две сезони со тоа што дечкото имаше големи пехови со повреди ( а и Фили општо после супербол ).

Тревор Лоренс ептен беше хајпан пред да дојде во Џегс и некако имам мислење дека не покажа нешто премногу во прва сезона што и не е така страшно зошто нели првата сезона за ново кју би е за да ги направи сите можни грешки. Мене повеќе ме плаши влагањето на Бароу во супербол по втора сезона од кариерата ако се знае дека они двајца имаа развиено некое ривалство на колеџ. Реално кај Џегс не може тоа да се случи, па да не влијае тоа како разочарување затоа што моментално се нема играчки капитал што би нападнал место во плеј оф а и ако се земе во преевид дека Колтс со кап спејсот и Тајтнс ни се во дивизија уште потешка е работата.


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Очекувани награди:
1. МВП се знаеше дека ќе иде кај Роџерс, иако по мене ТБ12 повеќе ја заслужи, а и можеа да го испоштуваат за крај.
2. OPOY - Cooper Kupp, очекувано, многу малку фалеше да го престигне Мегатрон.
3. DPOY - TJ Watt, кој да беше целосно здрав ќе имаше барем 25 секови сезонава и дебело ќе го надминеше рекордот на Michael Strahan, едноставно, една од главните причини што Питсбург фатија плејоф.
4. ROPY - Jamar Chase - нема потреба ништо да се збори.
5. RDPY - Micah Parsons, исто како погоре, едноставно уште во првата година покажа дека е доминантен, и тоа не само на една позиција, и ако вака продолжи којзнае каде ќе му биде крајот.
6. Coach - Mike Vrabel, прво место во конференцијата иако најдобриот играч во тимот не играше повеќе од пола сезона, со повреди се мачеа и фаќачите...извади максимум од екипата и заслужено ја освојува наградата.
7. Comeback POY - Joe Burrow, а многу блиску бил и Дак Прескот. И двајцата лани имаа страшни повреди, поготово е лошо кога тоа ти се случува во прва сезона во НФЛ. Но, во втората не само што се врати, туку во недела ќе игра за прстен. Тоа е се' што треба да знаеме за Burrow, со дополнителна квалификација дека пред себе има потпросечна офанзивна линија.

Ако некој сака да ги види гласовите тука.
 
Не ми се свиѓаат овие Супербоул на западна обала, не е тоа тоа кога се игра во сред бел ден (15часот) наспроти 18 часот кога е локално време на истокот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom