Абе шо знам, највеќе око ми фатија, од друга страна и Хулио Џонс со Рајан се ѕверови. Мислев да идам со Трубински и Беарс пошо нели од Чикаго се ама некако многу ми се досадни. Имам уште некое правило да да поднаучам, сејфти, скримиџ лајн, фер пик после пант и нешто со ова дауновите, знам дека имаш 4 даунс за да освоиш 10 јарди ама кога ми излезе пример 2 % 17 лошо ми стане

не можам да разберам од кај курац го вадат. Ако има некој да ми направи туторијал за некој бавен како мене би било топ
А зошто мора па така „присилно“ да најдеш клуб за кој би навивал?
Јас три сезони активно пратам НФЛ па уште немам омилен клуб. Омилен играч, да, the Bad man и заради него сакам да победуваат Пакерс, ама немам клуб чиј фан сум. Плус уште некои играчи кои ми се интересни и ги пратам нивните тимови ради тоа.
Не мора да имаш омилен клуб за да глеаш НФЛ и да научиш све за спортот. Ќе си одбереш тимови кои ти се допаѓаат како играат и ќе си ги пратиш. Така јас лани ги пратев Рамс и Џегз цела сезона, Канзас и Пакерс веќе трета, и секако Петриотс пошто се ипак центар пажња и не моеш да ги одбегнеш а да не читаш инфо за нив. А не мора да значи ни дека мора да биде тим од најдобрите, јас и Кливленд ги пратам често.
А да, мислам дека полесно е да одбереш тим шо ќе го хејташ и не можеш да го поднесеш. Прв пик - Далас. Мислам дека на 90% од фановите на НФЛ им е најнеомилен тим. Плус и играчи кои не можеш да ги поднесеш (читај Илај Менинг и Филип Риверс кај мене). Исто и Сиетл не ги можам иако Расел Вилсон ми е топ5 квотер во лигата.
За запознавање со правилата на играта, најлесно ти е преку активно гледање со хрватските коментатори и играње Madden за ПЦ или Madden Mobile. Таму освен правила ќе запознаеш и нови играчи и све пропратно. А за овие работи кои поретко се дешаваат во меч ко safety, го имаш јутјуб.
Бај д веј, сејфти е кога тимот кој напаѓа ќе ја загуби топката во својата енд зона, при што на противникот автоматски му следуваат 2 поени. Ситуација 2&17 се дешава во случај на sack при 1&10, врз квотерот кој обично при shotgun формација е на неколку метри зад скримиџ лајнот (центарот). Може да биде и при претходно дадена казна за нападот ради која мора да стартуваат поназад на теренот.
Комплицирано е од старт но затоа е интересно кога ги дознаваш форите дел по дел.
