Crazy in Love
Па како очекуваш од човек што незнае да го води бракот да ти води држава? Голем уддел у претходната победа имаше прикажувањето на Обама како фамилијарен човек... нели освен она ако не победам расисти сте
Не се согласувам. Тоа што човек прави во неговата спална соба и какви се неговите односи со жена му или какви и се односите со маж и, немаат никаква врска со способноста на кандидатот да ја води државата и да носи одлуки. Од каде знаеш која би била причината за распадот на бракот? Можеби еве сопругот/сопругата на кандидатот/ката не може да го издржи притисокот, сака да живее анонимен живот и не сака да биде во центар на внимание и реши да се разведе. Дали тоа значи дека кандидатот не го бива за функцијата за која се кандидира? На крај краева, после X години брак, можеби одлучуваат дека имаат различни приоритети и насоки за животот, тоа не значи дека човекот не знае да донесе вистинска одлука и рационална одлука. Демек ако некој е верен и има брак од 20 години е поспособен од некој што е разведен? Не е точно. Политичарите обично се оженети со својата работа и освен ако сопругот/сопругата немаат железни нерви, голема љубов или интерес да останат во бракот - не можат да го издржат тоа.
Други работи го прават кандидатот подобен да биде функционер. Неговата харизма, говор на тело, искуство, претходни проекти или работни места, тимот со кој работи, идеите за кои се залага, идеологијата на која припаѓа, прагматичноста, начинот на кој ги донесува одлуките, квалитетот на одлуките, дали е флексибилен, дали се прилагодува на околностите и условите, итн.... А дали има секс со жена му или со швалерката, дали е разведен или во стабилен брак, дали решил дека едноставно личноста со која е во брак не го исполнува и прави среќен за мене е последно на листата на работи кои придонесуваат за јас да гласам. Емоционалниот живот на кандидатот за мене лично не е битен. Држава и брак се различни концепти.
На крај краева, за мене е многу поискрено кога ќе признае политичарот, дека на крајот од денот е сепак само човек и дека и тој пука понекогаш и дека ете бракот не му успеал, за разлика од некои кои остануваат во брак, а живеат во соби кои се на две различни краеви од куќата и кои не се гледаат, туку се само за јавноста заедно. Еве, може Обама и Мишел сакале да се разведат, не им било совршено во бракот, ама кој брак е совршен? Дали само затоа што е политичар значи дека не смее да има кризи во бракот? Друго, ако си посветен политичар, повеќе ќе те гледа тимот околу тебе отколку жена ти и децата, се разбира дека тоа ќе влијае на бракот, пошто и двајцата се само луѓе и се случува да се дистанцираат едни од други. Луѓе се, не се надлуѓе. Не се херои.
Не зборувам сега за Обама и Мишел. Они се пример во муабетов. И за Ромни да стануваше збор и за Ромни истото ќе го искоментирав. Заборавате дека и политичарите некогаш биле тинејџери, биле нормални луѓе кои решиле да имаат јавна работа, да бидат јавни личности и да имаат фукција, тоа не значи дека немаат право како и другите луѓе да се справуваат со свои
лични проблеми (со акцент на ЛИЧНИ кои немаат врска со функцијата).
Кај мене барем, не проаѓаат муабетите фамилијарен човек, разведен човек. Ако јас, според моите лични убедувања и идеологија, сметам дека одреден човек е погоден за функцијата за која се кандидира, ќе го гласам без разлика на тоа дали е женет, разведен, со 20 деца, без деца, со швалерка, без швалерка, од Марс, од Јупитер. А ако мислам дека некој не е погоден да ги брани моите интереси како граѓанин, ондак може да има и 100 деца и 20 внуци, па пак нема да гласам за него.
Сите сме луѓе. Бираме личности кои мислиме дека ќе бидат со нас до крајот на животот. Некогаш, правиме погрешни процени и излага дека тоа не е така. Не значи дека ако се разведеме треба да бидеме жигосани и осудени од општеството.