Американската претседателска кампања и избори (општа дискусија)

Кој ќе биде победник на претседателските избори?

  • Вкупно гласачи
    131
  • Гласањето е завршено на .
revgb.jpg
 
Вечер е втората дебата...:vozbud: Одвај чекам, ќе си ја ставам и оваа на снимање, пошто на првата заспав на последните 10 минути. Кога сме веќе кај дебатата, видете го прилогот подолу... Ни дебатите не се тоа што беа...:unsure: Вака уствари едни со други си го штитат грбот... Не ми се допаѓа ова...(n) Каде отиде жестината, возбудата, страста за време на дебатите? Со вакви договори, одговорот е - Во бестрага...

ТАЈНИТЕ ПРАВИЛА ЗА ОБАМА И РОМНИ

На страна тоа што го пишува во официјалните норми за секоја од претседателските дебати, двете кампањи потпишале таен меморандум со Комисијата за Претседателски дебати, во кои ги уредуваат правилата за дебатите. Од типот - Комисијата треба да се потруди никој од кандидатите да не се испоти.

Меѓу правилата:
Не смее директни прашања - Кандидатите не смеат да си поставуваат прашања еден на друг, како "А што направивте вие со... " или "Зошто гласавте за ..."
Обраќање - На Обама модераторот ќе му се обраќа со "Г-дин Претседател" или "Претседателот Обама," а на Ромни со "Гувернер" или "Гувернерот Ромни." Кандидатите не смеат да се обраќаат еден на друг.
Публика - единствено втората дебата (на 16-ти октомври) ќе има публика, која за време на целиот настан нема да смее да аплаудира, да зборува или на кој било начин да учествува во дебатата. Единствено одбрани членови на публиката ќе можат да постават прашање (коe пред почетокот треба во писмена форма да му бидат доставенo на модераторот), но потоа ќе мораат да се воздржат од какво било учествување во дебатата или поставување потпрашања.
Без додатоци - двајцата кандидати нема да смеат да користат никакви додатоци за време на дебатите (пауерпоинт, мапи, табели и слично). Единствено достапни ќе им бидат листови хартија и пенкало или молив ако сакаат да запишат нешто.
Без емоции на ТВ - на ТВ преносот не смее да има меѓукадар од реакциите на кандидатот кој не одговара на прашањето, додека другиот одговара или додека ја дава завршната изјава.
Во меморандумот се оди до детали и за тоа во какви столици ќе седат кандидатите (режисерски), која ќе биде нивната позиција во однос во модераторот, дека секој пред нив ќе има чаша вода и кој им е опсегот на движење (за дебатите во кои ќе стојат). Најмалку 10 дена пред дебатата, Комисијата треба до двете кампањи да го поднесе распоредот на камерите во салата за да добие одобрување.
Еве го наводно оригиналниот меморандум - The 2012 Debates - Memorandum of Understanding Between the Obama and Romney Campaigns
 
Ова е прекрасно би сакал и кај нас да е така. А не еден на друг да му вика „Колку Шишиња виски си испил?“ или „Колку грама Кока си шмркнал?“ Еееее далеку е Америка.
 
Колку што јас успеав да се информирам почнува од 9:00 и трае до 10:30 EST. Кај нас тоа би било околу 3 сабајле, а саат време претходно на CNN има обично исцрпни анализи, интервјуа, така што и тоа е добро да се погледне.

Инаку погледнете ја анкетата на темава, мислам дека до сега немало толку тесна анкета. И двајцата имаат 39 гласа, односно 50% имаат и двајцата.

Едит: Е сега веќе се смени. :)

Ова е прекрасно би сакал и кај нас да е така. А не еден на друг да му вика „Колку Шишиња виски си испил?“ или „Колку грама Кока си шмркнал?“ Еееее далеку е Америка.

А бе американските претседателски дебати од секогаш си имале тежина. Еве погледни само по првата дебата како почнаа да се менуваат работите, Ромни доби дури и блага предност, а претходно беше блед, не го рачунаа за сериозен кандидат.

Она што мене ми е занимливо е начинот на кој што се распоредени темите и фактот дека дискутираат сериозно и на сериозни теми, а не маваат со камења, не глумат глупи Август.
 
Ја гледав и јас првата дебата беше убава и културна со почит се однесуваа еден кон друг и двајцата беа на ниво со знаење и факти иако се согласувам со мислењето дека Ромни беше малку подобар некако беше поконцизен и поаргументирано ги изнесуваше своите замисли...Иако баш и не ми гајле кој ќе победи лично.
 
Ех, не ја гледав, заспав баш пред да почне. Не издржав овој пат, ама според ова што го гледам на CNN, Обама излегол како победник од втората дебата.
 
Ех, не ја гледав, заспав баш пред да почне. Не издржав овој пат, ама според ова што го гледам на CNN, Обама излегол како победник од втората дебата.
Со незначително мала разлика ... сепак третата и последна дебата на 22ри ќе решава.
 
Ех, не ја гледав, заспав баш пред да почне. Не издржав овој пат, ама според ова што го гледам на CNN, Обама излегол како победник од втората дебата.
Сега ја гледам и според мене Обама звучи поконцентриран и посилен но разликата не е многу голема. Иако баш и не се согласувам со тоа што го зборува ама малку подобро го презентира.
 
"I'm going to make sure you get a job. Thanks Jeremy. Yeah, you bet," - Mitt Romney, October 16.
"As president, I will create 12 million new jobs," - Mitt Romney, October 16.
"The government doesn't create jobs," - Mitt Romney, October 16.

Хммм, која конзистентност (y)
 
Мит Ромни: Русија непријател број еден

22 октомври 2012

Републиканскиот претседателски кандидат ветува дека доколку биде избран, ќе му се спротистави на рускиот претседател Владимир Путин

FB3F5290A6B96F4DB1FDB661AEA700DE.jpg
Русија игра клучна улога во спроведување на повлекувањето на американските војници од Авганистан. На Америка пак, и е потребна нејзината соработка во спречување на терористички и непријателски акции како и за спречување на блокадата во Советот за безбедност на ОН каде што двете земји имаат право на вето.

Ромни ја критикува политиката на подобрување на односите со Русија која ја спроведува актуелниот американски претседател Бакар Обама, но не кажува што конкретно би променил во таа политика туку само зазема построг пристап. Но, некои аналитичари сметаат дека Ромни би можел да ја ублажи реториката доколку влезе во Белата куќа, затоа што интерес на САД е да соработува со Русија.
- Тој би можел да ја открие вредноста на Русија како партнер по некои прашања, вели Ендрју Кучинс, директор на руската програма во Центарот за стратешки и меѓународни студии.
Односите меѓу САД и Русија, како ни меѓународните прашања не беа многу застапени теми во предизборната кампања во која доминира економијата но, тие претставуваат област за големи несогласувања меѓу кандидатите и би можеле да идат тема на претседателската дебата која ќе биде одржана денеска и ќе биде посветена на на надворешната политика наведува АП.
Официјалната администрација на Обама пак, подобрувањето на односите со Русија го смета за нивен надворешно политички успех кој дојде после повеќегодишни тензии за време на претседателствувањето на Џорџ Буш помладиот. Тие како свој успех го наведуваат и отворањето на коридорот за снабдување на војници во Авганистан, потпишување на важната спогодба за контрола на наоружувањето "нов старт" и напредокот постигнат од областа на трговијата вклучувајќи го и влезот на Русија во Светската трговска организација.
Иако Русија често ги блокира западните иницијативи во Советот за безбедност во ОН таа се приклучува на САД во клучните моменти. Така, Москва минатата година гласаше за воена интервенција во Либија и покрај тоа што официјална Русија подоцна ја обвини САД и нивните сојузници за злоупотреба на мандатот во СБ на ОН.
Русија во 2010 година исто така ги поддржа новите санкции кон Иран по постигнувањето на компромисот но беше против нови санкции. Неодамнешните спорови околу Сирија и Иран и антиракетната одбрана покажува дека и натаму постои несогласувања меѓу двете земји и дека односите би можеле да станат понапнати.
Советниците на Ромни велат дека Обама направил премногу отстапувања на Русија но, дека многу малку добил за возврат. Тие го обвинуваат Обама дека е многу попустлив кон Русија за која сметаат дека е земја што ги гази демократските принципи дома и надвор и дека нанесува штета на американските интереси секаде каде што може.
- Секогаш кога се работи за некое важно прашање од Русија добивавме само тврдоглавост, опструкции, контрапродуктивно однесување, вели надворешно политичкиот советник на Ромни, Алекс Вонг.
Но и покрај острите зборови не е јасно што Ромни би променил особено кога се земаат во предвид потенцијалните последици додека поддржувачите на Обама велат дека изјавите на Ромни се претерани и одраз на неговото недоволно искуство во надворешната политика.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=4FD0D63EC980594F9B2E88C464666310

Mitt Romney Rips Russia On Campaign Trail

http://www.huffingtonpost.com/2012/10/20/mitt-romney-russia_n_1992568.html

Овој и пред неколку месеци исто велеше
‘Russia is Public Enemy No. 1’ – Mitt Romney

http://rt.com/news/romney-russia-enemy-obama-532/
 
Тешки глупости но очигледно нивните тимови процениле дека дел од Американците сеуште се палат на анти-руски говори.

Очекував многу повеќе од Ромни, сега почнува да наликува на местена работа, со кловновско-саботирање повторно да му се овозможи пат на Обама.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom