Crazy in Love
Here's looking at you kid.
Ако ги земеме во предвид очекувањата од пред дебатата одличен беше Ромни, се согласувам. Тука кај вртењето во круг можеа да бидат поагресивни и да пробаат да поентираат и едниот и другиот. Обама можеше да го нападне за видеото што му протече, Ромни можеше цело време да ја потенцира ужасната економска политика што ја води Обама. Но и двајцата решија дебатата да ја водат без удари под појас..
На крај уствари модераторот го изеде, пошто овој сакаше да прејде на друго прашање, а и Ромни и Обама му се вртеа и му викаа: Чекај само уште ова...

Инаку, интересен ми беше ставот на Ромни дека ќе успеел и да намали даноци, и да зголеми воен буџет, и да го сопре странското задолжување и намали дефицитот. Сите овие работи заедно не одат. Сем ако не планира да отвори 20-тина војни.![]()
Планот му е утописки до даска. Мислам дека се расплинува толку со плановите затоа што нема конкретна таргет група, барем колку што јас имам забележано.
Следната дебата е за надворешната политика, па очекувам Обама да се пењави цело време за убивањето на Бин Ладен и промената на диктаторите низ Северна Африка.
Ауу, да, да... Бин Ладен има да му биде секоја втора реченица и Арапска пролет. Може и ние ко оние од линкот погоре што го ставив да направиме игра со пиење. На секое спомнување на Бин Ладен, Гадафи, Либија и Арапска пролет, по една ракија на екс... Никој нема да успее да ја догледа дебатата.

Општо многу пари се трошат, јас прочитав дека ова се најскапи изборни кампањи до сега, ама Обама као наводно има собрано повеќе донации од Ромни.Настрана од дебатата, во најважните држави, што Ромни мора да ги добие за да ги добие изборите, Охајо и Флорида, PAC-от на Обама има собрано и троши дупло повеќе пари на реклами и активности
Што се однесува до кампањата на Обама во Охајо, апсолутно си во право, и тоа најголемиот дел од негативната кампања е насочена таму. Иако Обама е во блага предност, не оставаат ништо на случајот, затоа што до сега во историјата не се случило Републиканец да победи без да го добие Охајо, а Охајо е една од државите плус кои речиси секогаш од 1964 мислам го погодуваат победникот. Во некоја од претходните страни го постирав ова, но еве уште еднаш, затоа што е интересно и битно воедно
Во градчето Вуд Каунти кое исто речиси секогаш погодувало кој ќе биде победникот, постојано се форсира оваа реклама, нон-стоп се врти:
Тоа е тоа, белите ракавици се фрлени, сега има само гола борба.

И уште еднаш само да потенцирам дека ме изненадува слабиот говор на тело на Обама кога тој практично го донесе говорот на телото кај политичарите на едно многу повисоко и ново ниво, буквално постави нови стандарди за тоа како треба да биде говорот на телото, а сега му е тотално конфузен, му замерија дури и демократите, некои од нив дури признаа дека Ромни овој дел го владеел. Постојано гледаше во белешките, као да не е сигурен во себе, лицето му беше некако згрчено, а и забележете, побарајте го повторно говорот, кога излагаат прв пат и се поздравуваат, Обама како да брза да застане на говорницата, додека Ромни останува уште една-две секунди да ја поздрави публиката, па и Обама се врати да мафта уште малце. Тоа е показател на нервоза, исто како и кога Џорџ Буш сениор за време на 1992 година кога гледа во саатот, за тоа многумина му замерија.