Американската претседателска кампања и избори (општа дискусија)

Кој ќе биде победник на претседателските избори?

  • Вкупно гласачи
    131
  • Гласањето е завршено на .
Партиските ставови околу дипломатијата - се менува кога ќе дојдеш на местото претседател. Државната политика околу тоа не се менува, независно кој претседател е, така да, за нас, скоро сеедно е кој би бил претседател.

Очекувам на овие избори да победи Обама повторно, поради истата причина како и минатиот пат - отвореноста, приземноста и позицијата на рок-ѕвезда. Ромни ти е типичен старомоден политичар па и да се вклучи фактот дека е аристократ и закоравен републиканец - губи гласови од помладите и ќе го гласаат само постарите и поконзервативните американци.
 
Декстер, не е баш се јасно, јас од пропагандата на демократите разбрав дека Ромни не е баш толку успешен бизнисмен, и дека не му одело баш.

Ги гледам анкетите, значи Ромни убедливо води кај белите мажи амери. Обама го сакаат малцинстват (црнци, латино) и особено жени. Политичката поделба меѓу мажите и жените во САД ептен ме изненади.

Некако типувам повеќе на Обама, Ромни сеуште нема доволно силна база создадено, а и како што спомна некој погоре, баш е типичен реднек клон на Буш кој бара непријатели во светот. Обама не е поразличен ама барем е пософистициран во споревудавњето на нивната политика- глобална доминација со светот- која баш не им оди во последно време.
 
И јас го делам твојот став, но исти беа очекувањата и на претседателските избори во Франција кои се одржаа во мај 2012, сите очекуваа да победи Никола Саркози, но сепак се случи неочекуван пресврт во француската политика - Французите го избраа вториот претседател на САД од редовите на Социјалистичката Партија на Франција, прв после покојниот Франсоа Митеран.

И додека американската младина сака рок ѕвезди, постарите и конзервативците сакаат луѓе кои знаат да водат бизнис, а не да одржуваат рок концерти, да бидат лидери на САД, бидејќи со рок ѕвезда на власт од 2009 до 2013, невработеноста и националниот долг на САД се зголемуваат, а тоа не е добро ниту за економијата, ниту за нацијата.

Но Ајова, Охајо, Јута, Северна Каролина, Јужна Каролина и Флорида, се клучни држави на овие претседателски избори 2012 во САД, Ромни е свесен дека никој нема да гласа за него во Орегон, Калифорнија и Њујорк, а тоа се речиси 100 делегатски гласа од вкупно 270 делегатски гласа колку што се потребни за победа.
 
А инаку, не знам дали е до мене или нешто така ми се чини, ама приметив дека Обама во реториките доста време посветува на жените, како ќе се борел повеќе за жените да им се зголемат платите, гледам и Ромни во последно време му се приклучува на забавата. Мислам дека една од борбите за гласови ќе биде за феминистиките, чие лоби расте и расте и расте... Кој ќе ги фати нив, ќе има огромна предност.
 
Декстер, не е баш се јасно, јас од пропагандата на демократите разбрав дека Ромни не е баш толку успешен бизнисмен, и дека не му одело баш.

Ги гледам анкетите, значи Ромни убедливо води кај белите мажи амери. Обама го сакаат малцинстват (црнци, латино) и особено жени. Политичката поделба меѓу мажите и жените во САД ептен ме изненади.

Некако типувам повеќе на Обама, Ромни сеуште нема доволно силна база создадено, а и како што спомна некој погоре, баш е типичен реднек клон на Буш кој бара непријатели во светот. Обама не е поразличен ама барем е пософистициран во споревудавњето на нивната политика- глобална доминација со светот- која баш не им оди во последно време.

Едно е тоа што го вели пропагандата на оваа или на онаа партија, а друго е тоа што го вели статистиката, а статистиката вели дека Ромни како гувернер на Масачусетс од 2003 до 2007, успешно ги намалил националниот долг и невработеноста, без притоа да зголемува даноци и да намалува плати и пензии.

Демократите плукаат по Ромни исклучиво бидејќи е успешен бизнисмен, зошто поинаку би барале од него јавно да обелодени колку пари од данок државата му вратила ?

Пари од данок им се враќаат исклучиво на тие кои платиле повеќе данок отколку што требало, е сега, факт е тоа дека Ромни можел да ги остави парите во државниот буџет, но исто така, негово право е да си ги земе тие пари назад бидејќи се негови и бидејќи законот тоа му го дозволува.

Демократите по Ромни плукаат во главно со неговото партнерство со Вилијам Беин, со кого ги имаат основано Беин Капитал (Bain Capital) инвестициската компанија и Беин и Компанија (Bain & Company) консултантската компанија.

Имено, Ромни, како и секој друг бизнисмен, купува евтино и продава скапо, па така, неодамна Демократите објавија партиска политичка реклама во која некој човек кој работел во некоја фабрика за металургија, нешто слично како што е Макстил кај нас, останал без работа откако фирмата банкротирала, а нејзиниот имот го купиле Беин и Ромни.

Откако ја обновиле и модернизирале фабриката, Беин и Ромни ја продале и оствариле рекордна заработувачка, додека овој човеков кој останал без работа, во меѓувреме станал вдовец, откако жена му починала од рак, бидејќи не можел да плати за нејзиното лекување, бидејќи останал без работа, иако факт е тоа дека останал без работа откако фабриката банкротирала, односно пред да биде купена од страна на Беин и Ромни.

Инаку, Ромни повеќе не соработува со Вилијам Беин, откако во 1999 година го продал својот удел во компаниите кои заедно ги поседувале со Беин, а со парите ги спонзорирал и буквално ги спасил од откажување Зимските Олимписки Игри 2002 во Солт Лејк Сити.

И додека Ромни ветува намалување на националниот долг и на невработеноста, Обама и Демократите ветуваат задолжително здравствено осигурување за сите, дури и за невработените, така што здравственото осигурување за невработените ќе биде плаќано од државниот буџет, односно со народни пари, ветуваат американски државјанства за нелегалните имигранти во САД, кои се претпоставува дека ги има помеѓу 20 и 30 милиони, ветуваат државни субвенции за абортуси и за операции за менување на полот, односно со други зборови кажано, ветуваат работи кои се од интерес на индивидуи, а не од интерес на целата држава и од интерес на целата нација.

А да не заборавиме и дека Обама во последно време се занимава со сталинизам, односно еднаш неделно се состанува со советници од ЦИА и од НСА, за да потпише листа на луѓе осомничени за тероризам, кои треба да бидат погубени, надвор од САД се разбира, со дронови, ваквите напади вообичаено се случуваат во Авганистан, Пакистан и Јемен, особено во Јемен. Ова е малку посовремен сталинизам, бидејќи Обама еднаш неделно ги потпишува ваквите листи на лица кои треба да бидат погубени, додека советскиот диктатор Јосиф Висарионович Сталин секоја вечер потпишувал вакви листи.

Како што вели Чак Норис, на претседателските избори 2008 во САД не гласале 30 милиони евангелистички христијани, поради што Обама победи со гласовите на само 10 милиони евангелистички христијани, на Ромни останува да ги разбуди конзервативците и да ги освои гласовите на неутралните за да извојува победа против Обама на 6 ноември 2012.

Чак Норис му беше од голема помош на Арнолд Шварценегер кога тој беше гувернер на Калифорнија, особено во битката против браковите помеѓу партнери од ист пол, но не им беше од огромна помош на Полјаците на Европското Првенство во Фудбал 2012 иако навиваше за нив, сега останува да видиме од колкава помош ќе му биде на Ромни на претседателските избори 2012 во САД. :D
 
Разлика некоја посебна нема,но за нас има една битна нијанса.....а тоа е што јужногејското лоби е најголем финансиер на демократите.
 
Обама ми делува за похаризматичен, подобар оратор. Умее да го привлече вниманието на аудиториумот, добар хумор... кул претседателче. Ромни е конзервативец и тоа не ми се допаѓа. Дополнително, Ромни е мормонец, против абортус, се залага за некои зголемувања на даноците, ограничувања во здравствениот систем, против лгбт популацијата,... премногу религиозна основа што не ми се допаѓа.

395997_10151047334966275_838486599_n.jpg
 
Секако дека Обама е кул претседателче, но кул претседателчето не носи со себеси нови вработувања и намалувања на националниот долг.

Ромни од друга страна, е либерален конзервативец, така да, неговата религија не игра никаква улога во неговите политички убедувања.

Тој е еден од ретките гувернери кои вовеле бракови помеѓу истополови партнери без за тоа да ги праша граѓаните на својата сојузна американска држава на референдум дали воопшто ги прифаќаат таквите бракови или не.

Имено, во ниту една сојузна американска држава не се воведени бракови помеѓу истополови партнери, а претходно истите да биле прифатени на референдум во секоја сојузна американска држава во која се воведени таквите бракови, владата на конкретната сојузна американска држава ги има воведено без воопшто да ги праша граѓаните на референдум дали ги прифаќаат таквите бракови или не.

Од друга страна, во секоја сојузна американска држава во која браковите помеѓу истополови партнери биле ставени на референдум, на сите референдуми, од прв до последен, таквите бракови биле одбиени од мнозинството граѓани.

Последниот референдум од ваков тип беше одржан во мај 2012 во сојузната американска држава Северна Каролина, на кој над 60% од гласачите ги прифатија уставните измени на Уставот на Северна Каролина, со кои бракот се прогласува за заедница помеѓу еден маж и една жена, а со тоа и самиот Устав на Северна Каролина забранува воведување на бракови помеѓу истополови партнери.

Ромни, како поранешен гувернер на Масачусетс, кој ги има воведено браковите помеѓу истополови партнери без да ги праша граѓаните на сојузната американска држава Масачусетс на референдум дали ги прифаќаат таквите бракови или не, сепак ја поздрави одлуката на мнозинството граѓани на Северна Каролина на референдумот во мај 2012, додека Обама ја осуди истата одлука.

Така да, Ромни не е религиски фанатик, за разлика од Обама, кој ги има поминато 20 години во црквата на Џеремаја Рајт, која шири расистички, антисемитистички и про-социјалистички идеи, а Обама со давањето државјанства на нелегални имигранти, со повикувањето на Израел да се врати во своите стари граници од пред 1967 година и со купувањето со народни пари на приватни фирми кои биле на работ на банкрот како што се Џенерал Моторс, Крајслер и ред други фирми, а и сега се повторно на работ на банкрот, дефинитивно се докажува себеси како религиски фанатик на црквата на Џеремаја Рајт.
 
До неодамна беше муслиман, а сега е радикален христијнин... Јасна ми е мене пропагандата и сето тоа. Едноставно, јас лично не сум за конзервативната политика на Ромни.
Ромни ги има воведено геј браковите со сила. Не по своја желба. Во повеќе наврати се има обидувано да ги отсргне таквите одлуки. На прашање дали би подржал геј бракови и цивилни унии вика: „Ако ми се понудени двете, тогаш ниту едно од нив. Доколку можам да бирам, тогаш подобро да одберам цивилни унии. Но, сепак не би одбрал ниту едно“. Сега може да го искористи тоа што бил гувернер на Масачусетс во период кога е донесена измента за бракови, но тоа не е негова лична заслуга. Како и да е, ова не е тема на која би требало нјмногу да се фокусираат Амриканците.
 
Ако не сакал, не морал да ги воведе, никој со сила не го терал.

Актуелниот гувернер на сојузната американска држава Њу Џерси од редовите на Републиканската Партија на САД, Крис Кристи, стави вето на одлуката на Собранието и на Сенатот на Њу Џерси со која се воведоа бракови помеѓу истополови партнери, бидејќи Кристи се држи до своите политички и несомнено, религиски убедувања.

Ако Кристи го може тоа, тогаш и Ромни го можел тоа додека бил гувернер на сојузната американска држава Масачусетс, можел најкомотно да стави вето, бидејќи и онака воопшто не ни планирал да се кандидира за втор мандат на гувернерските избори во 2006 година.

Така функционираат политичарите, политичар и лицемер е едно исто, но додека Обама е младиот харизматичен, рок и кул претседател, а истовремено и религиски радикал, Ромни е типичен американски бизнисмен и политичар, гледа да протифира што е можно повеќе на деловен и на политички план, но сепак не е религиски радикал.

Додека Обама наводно е христијанин, едно е општо познато - дека неговиот татко бил муслиман и тотално невозможно да се верува дека не е запознаен со муслиманските обичаи.

Ај што се поклони, туку и го бакна прстенот на кралот на Саудиска Арабија како вазал, нешто што беше тотално непотребно и незадолжително, туку и ја поддржува изградбата на џамија во близина на локацијата на која се наоѓаа кулите близначки во Њујорк, а истовремено молчи и не превзема ништо околу палењата на коптски христијански цркви и убивањето на коптски христијани во "тазе демократизираниот" Египет после таканаречената Арапска пролет, која во реалност е Арапска зима, бидејќи секаде каде што поминала, со себеси има донесено се и сешто, само не слобода и демократија.

Од друга страна, за Ромни барем знаеме дека е мормонец, потекнува од мормонско семејство, има големо семејство, има и деца и внуци, но пред се, не е религиски радикал како Обама.
 
Па како Републиканец, би требало да биде повеќе наклонет кон Македонија.

Токму така, републиканците исто така и се поактивни во надворешната политика додека демокративе на некој начин саботираат долгорочни и витални стратегиски планови.

Јас сум 99.9% сигурен дека ромни ќе победи, уште тоа е неопходно за да се решат одредени проблеми...на глобално и регионално ниво.

А статистиката кажува-секој претседател кој не донел раст на економијата не победил, слично ќе биде и со Обама, а и така не го бива премногу е мек, за држава како САД трба некој како способен, активен и човек кој успева да го придобие светот и меѓународна поддршка како на пример Џорџ Буш.
 
Јас мислам дека единствениот лек за адвокатот Барак Обама е ловецот на адвокати Дик Чејни.

Ви текнува дека Дик Чејни еднаш на лов несакајќи застрела адвокат ?

Адвокатот преживеа, ама Чејни стана познат како ловец на адвокати.

Единствениот лек за адвокатот Барак Обама е ловецот на адвокати Дик Чејни.

:pos: :pos: :pos: :pos: :pos:
 
Обама ти е најголеиот лицемер има полубрат ви Конго сиромаштија тешка го јаде место да му помогне некако он мува не го лази
 
да сакаше Буш за 15 мин. ќе не примаше у нато,каква грчка какво вето какви бакрачи :tapp:
Па сакаше Буш тој кажа дека Македонија,Албанија и Хрватска ќе влезат во НАТО 2008 година ама Грците го сјебаа.(Факт е ова имаш видео докази со негови изјави)
 
За мене кој ќе биде избран за нас нема никакво значење. Тоа треба да си одлучат граѓаните на САД. Затоа не се ни трудам да погодувам кој ќе победи
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom