Декстер, не е баш се јасно, јас од пропагандата на демократите разбрав дека Ромни не е баш толку успешен бизнисмен, и дека не му одело баш.
Ги гледам анкетите, значи Ромни убедливо води кај белите мажи амери. Обама го сакаат малцинстват (црнци, латино) и особено жени. Политичката поделба меѓу мажите и жените во САД ептен ме изненади.
Некако типувам повеќе на Обама, Ромни сеуште нема доволно силна база создадено, а и како што спомна некој погоре, баш е типичен реднек клон на Буш кој бара непријатели во светот. Обама не е поразличен ама барем е пософистициран во споревудавњето на нивната политика- глобална доминација со светот- која баш не им оди во последно време.
Едно е тоа што го вели пропагандата на оваа или на онаа партија, а друго е тоа што го вели статистиката, а статистиката вели дека Ромни како гувернер на Масачусетс од 2003 до 2007, успешно ги намалил националниот долг и невработеноста, без притоа да зголемува даноци и да намалува плати и пензии.
Демократите плукаат по Ромни исклучиво бидејќи е успешен бизнисмен, зошто поинаку би барале од него јавно да обелодени колку пари од данок државата му вратила ?
Пари од данок им се враќаат исклучиво на тие кои платиле повеќе данок отколку што требало, е сега, факт е тоа дека Ромни можел да ги остави парите во државниот буџет, но исто така, негово право е да си ги земе тие пари назад бидејќи се негови и бидејќи законот тоа му го дозволува.
Демократите по Ромни плукаат во главно со неговото партнерство со Вилијам Беин, со кого ги имаат основано Беин Капитал (Bain Capital) инвестициската компанија и Беин и Компанија (Bain & Company) консултантската компанија.
Имено, Ромни, како и секој друг бизнисмен, купува евтино и продава скапо, па така, неодамна Демократите објавија партиска политичка реклама во која некој човек кој работел во некоја фабрика за металургија, нешто слично како што е Макстил кај нас, останал без работа откако фирмата банкротирала, а нејзиниот имот го купиле Беин и Ромни.
Откако ја обновиле и модернизирале фабриката, Беин и Ромни ја продале и оствариле рекордна заработувачка, додека овој човеков кој останал без работа, во меѓувреме станал вдовец, откако жена му починала од рак, бидејќи не можел да плати за нејзиното лекување, бидејќи останал без работа, иако факт е тоа дека останал без работа откако фабриката банкротирала, односно пред да биде купена од страна на Беин и Ромни.
Инаку, Ромни повеќе не соработува со Вилијам Беин, откако во 1999 година го продал својот удел во компаниите кои заедно ги поседувале со Беин, а со парите ги спонзорирал и буквално ги спасил од откажување Зимските Олимписки Игри 2002 во Солт Лејк Сити.
И додека Ромни ветува намалување на националниот долг и на невработеноста, Обама и Демократите ветуваат задолжително здравствено осигурување за сите, дури и за невработените, така што здравственото осигурување за невработените ќе биде плаќано од државниот буџет, односно со народни пари, ветуваат американски државјанства за нелегалните имигранти во САД, кои се претпоставува дека ги има помеѓу 20 и 30 милиони, ветуваат државни субвенции за абортуси и за операции за менување на полот, односно со други зборови кажано, ветуваат работи кои се од интерес на индивидуи, а не од интерес на целата држава и од интерес на целата нација.
А да не заборавиме и дека Обама во последно време се занимава со сталинизам, односно еднаш неделно се состанува со советници од ЦИА и од НСА, за да потпише листа на луѓе осомничени за тероризам, кои треба да бидат погубени, надвор од САД се разбира, со дронови, ваквите напади вообичаено се случуваат во Авганистан, Пакистан и Јемен, особено во Јемен. Ова е малку посовремен сталинизам, бидејќи Обама еднаш неделно ги потпишува ваквите листи на лица кои треба да бидат погубени, додека советскиот диктатор Јосиф Висарионович Сталин секоја вечер потпишувал вакви листи.
Како што вели Чак Норис, на претседателските избори 2008 во САД не гласале 30 милиони евангелистички христијани, поради што Обама победи со гласовите на само 10 милиони евангелистички христијани, на Ромни останува да ги разбуди конзервативците и да ги освои гласовите на неутралните за да извојува победа против Обама на 6 ноември 2012.
Чак Норис му беше од голема помош на Арнолд Шварценегер кога тој беше гувернер на Калифорнија, особено во битката против браковите помеѓу партнери од ист пол, но не им беше од огромна помош на Полјаците на Европското Првенство во Фудбал 2012 иако навиваше за нив, сега останува да видиме од колкава помош ќе му биде на Ромни на претседателските избори 2012 во САД.
